Каков е ефектот од бакнувањето во чело или рака на мртво тело
Губење на некој близок е трауматично искуство за било кој. Понекогаш луѓето кои се емоционално вознемирени, го прегрнуваат и бакнуваат телото на покојникот. Меѓутоа, ова може да биде штетно и за лицето и за суптилното тело на покојникот.
Количината на гасовите што се ослободуваат од мртвото тело е висока. Според тоа, областа околу мртвото тело е исполнета со вознемирувачки фреквенции. Оваа негативно исполнета област е погодна за делување на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) и ја зголемува нивната активност.
Со бакнувањето во челото или рака на мртвото тело, вознемирувачките фреквенции од кожата на мрвтото тело, можат да влезат во тоа лице. Бидејќи непосредната област е исполнета со негативни фреквенции, лицето кое приоѓа да го бакне мртвото тело исто така, се исполнува со негативни фреквенции и ризикува да биде под сериозно влијание на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.).
Доколку лицето кое го бакнува мртвото тело е под влијание или опседнато од духови, тогаш преку медумиот на неговиот допир духовите во него можат да влезат во мртвото тело и да преземат контрола над телото. Тие потоа го изамчуваат суптилното тело на покојникот, создавајќи му пречки во неговото понатамашно патување после смртта.
Луѓето кои учествуваат во погребот по должност, мораат да го допрат телото на покојникот за да го подготват за погребните обичаи. Ова е професионален ризик. На пример, вработените во одделението за радиологија (X-зраци), врз основа на нивната професија се изложени на ризик од изложеност на штетни X-зраци. Па затоа тие носат оловен штит за да се заштитат од радијацијата. Слично на тоа, како што луѓето во погребните активности, исто така, ризикуваат да бидат погодени на духовно ниво, се препорачува да ја повторуваат заштитната духовна пеаница Шри Гурудев Дата, при извршувањето на нивните должности. Исто така, строго се препорачува да се истрае во духовната пракса на дневна основа. Духовната пракса треба да биде во согласност со шесте основни принцпи на духовна пракса, инаку вредноста од добиената заштита е мала.