1. Вовед
Од време на време, светот е шокиран од брутални убиства. Некогаш се работи за сериски, а некогаш за масовни убијци.
Има разлика помеѓу масовните и сериските убијци:
- Масовните убијци одеднаш убиваат одреден број на луѓе на едно место. Масовните убијци обично напаѓаат училишта, факултети и ресторани, сметајќи ги овие локации за места на кои убиствата ќе имаат најголем ефект. Тие често умираат на местото на масовниот злочин, или со самоубиство, или како последица на полициска интервенција. Сами ретко се предаваат после убиството.
- Сериските убијци, од друга страна, убиваат поединечно и се обидуваат на сите начини да ја избегнат истрагата и апсењето.
Се верува дека во САД има најголем број на сериски убијци.
2. Поради што луѓето стануваат сериски или масовни убијци?
Секој проблем може да ги има причините во една, или повеќе од трите можни димензии, физичката, психолошката и диховната. Духовното истражување покажа дека, вистинската причина поради која лицето стори сериско или масовно убиство лежи во духовната димензија. Следниот графикон го покажува процентот на причините поради кои лицето ќе стори сериско или масовно убиство.
- Психолошките фактори се детално опишани во разни публикации кои се достапни на Интернет.
- Што се однесува до духовните фактори, тука се работи пред се за опседнатост од духовите со средна моќ од вториот регион на Пеколот. Погледнете го написот кој ги опишува видовите на духови. Во некои случаи овие луѓе во текот на повеќе повторни раѓања се опседнати со ист моќен дух.
Тоа е причината поради која е многу тешко да се предвиди кога масовниот убиец би можел да тргне во убиствена акција, затоа што духот што го опседнал може тоа да го стори во било кое време без никакви сигнали и предупредувања.
Дали тоа значи дека сериските и масовните убијци не се одговорни за своите дела ако гледаме од кармички агол?
По Законот на Кармата треба да доживееме среќа или да страдаме поради последиците од нашите дела и мисли. На пример, за екстремен случај на убиство на друго лице, сторителот силно ќе страда на духовно ниво, во овој или во наредниот живот. Но што се случува кога ентитетот, или духот, го извршил тоа дело преку даденото лице. Опседнувајќи го лицето, духот го наведува да стори страшни злочини како сериски, или масовни убиства. Дали по Законот на Кармата, опседнатото лице и понатаму е одговорно?
Одговорот е да. Причината за тоа што духот стекнува пристап до нашата свест и не опседнува се нашите слабости. Под овие слабости се подразбира голема количина на гревови кои потекнуваат од претходните животи, лошите постапки, мааните (недостатоците) на личноста како што се стравот и бесот, кои водат кон анксиозност и стрес, недостаток на духовна пракса, итн. Дури и масовните, односно сериските убијци кои се психички оштетени, стекнуваат гревови поради злосторствата што ги прават. Објаснувањето е во фактот дека овие лица се психички оштетени, поради некои крупни лоши постапки кои ги сториле во овој, или во некој од претходните животи. Затоа сепак се одговорни за своите дела, иако можеби не се во потполност свесни за своите постапки кога го прават злосторството.
Големината на гревот што лицето го стекнало е сепак помал отколку во случај во моментот кога го сторило злосторството да не било опседнато, или психички оштетено, во споредба со просечно лице кое при полна свест и разум би сторило ист злочин.
Следниот дијаграм ги покажува релативните разлики.
Масовните убијци, како што бил Хитлер, би стекнале многу повеќе гревови од износот 100 прикажан на дијаграмот.
3. Заклучок
Духовните корени на причините за проблемите можат да бидат потполно отстранети единствено со духовни средства. Редовната духовна пракса во согласност со шесте основни принципи на духовноста е единствениот сигурен начин за спречување на духовите да не опседнат. Духовната пракса е исто така единствена сигурна заштита од влијанието на масовните и сериските убијци.