1. Вовед
Како што е објаснето во нашиот напис ‘Што е сатсанг‘, сатсанг значи да се биде (престојува) во друштво на Вистината. Во друштво на Вистината можеме да бидеме преку различни медиуми. Во продолжение се наведени различни видови на сатсанг.
2. Сатсанг со Бога
Едно лице кое не обавува духовна пркса се сеќава на Бога и разговара со Него, само кога се наоѓа во тешка ситуација. Додека пак едно лице кое е на духовниот пат, не разговара со Бога само кога се наоѓа во тешка ситуација, туку со Него го споделува и секој детал од својот живот. Тој со Бога ги споделува сите свои грешки и најтајни мисли. По некое време, трагачот сфаќа дека тој почнува да добива одговори од внатре. Како што трагачот напредува во духовна пракса, тој сето време се обидува да ја задржи оваа комуникација со Бога и на тој начин, тој се обидува да остане во заедница со Бога.
3. Сатсанг со Светци, Гуруа и напредни трагачи
За брз духовен напредок, треба редовно да имаме сатсанг со напреден трагач или духовен водач. Покрај тоа што се здобиваме со придобивките на сатсангот, добиваме и прилика да ги поправиме нашите постапки (акции), да ја подобриме нашата духовна пракса, како и да добиеме совет за тоа како да ги надминеме препреките со кои се соочуваме.
Сатсангот треба однапред да го планираме, за да правилно го искористиме времето кое го поминуваме со напреднатиот трагач, за да се постигнат одредените цели. На пример, пред да го повикаме или да го посетиме напреднатиот трагач, треба да направиме план за денот и времето на повикување или посетета. Исто така треба да ги запишеме духовните искуства, препреките со кои се соочуваме, прашањата доколку ги имаме, подобрувања, за да можеме за сето тоа да разговараме со него.
Важно е да ги забележиме учењата и основните принципи кои што сме ги научиле од разговорот или од набљудувањето на напреднатиот трагач, а потоа да ги примениме во пракса. Разговорите или примерите за конкретните настани помогаат подобро да објасниме некој принцип, но акцентот треба да биде на тоа, навистина да го разбереме тој основен принцип. На пример, ако напреднатиот трагач наведе пример дека телефонот треба да биде чист, и дека треба да го држиме во правилна позиција, тогаш треба да се практикува основниот принцип на чистота и совршенство, како дел од нечија духовна пракса. Исто така, треба да се разбере дека истиот принцип треба да се примени на се, а не само на телефонот. А потоа треба да направиме план како добиените совети да ги примениме во пракса, бидејќи знаењето без пракса е безкорисно.
Секогаш кога имаме сатсанг со напреднатите трагачи, треба да ги запишеме искуствата. На пример, дали пеењето се подобри квантитивно или квалитативно, дали се реши некое сомневање кое го имавме, без всушност да биде дискутирано за тоа, дали некоја физичка болка, како болка во грбот, се намали или исчезна без третман, дали после разговорот со напреднатите трагачи се осеќаме добро, лошо или ништо не осетивме? Бидејќи целта на духовна пракса е достигнување Блаженство (Ананд), ова искуство треба постепено да се зголемува на сатсангот. Ако тоа не се случува, тогаш треба да анализираме што правиме погрешно и соодветно на тоа да преземеме мерки и да се потрудиме тоа веќе да не се повторува. Исто така, некој се чувствува добро, тогаш треба да анализираме што лицето правилно направило, и во идинина на тоа да се фокусираме.
4. Сатсанг со други трагачи
Сатснаг со други трагачи може да се спроведе физички (во живо), преку интернет или преку телефон. SSRF одржува редовни сатсанзи на англиски и многу други европски јазици за трагачи ширум светот. Бидејќи трагачите може да се наоѓаат на различни делови во светот, овие сатсанзи се водат преку ‘Skype’ (Скајп). На овие сатсанзи се разговара за духовни теми и се разјаснуваат сомнежи за духовната пракса.
Дискутирање за Духовноста, со блиски или други трагачи, преку телефон или лично е исто така еден вид на сатсанг.
Овие сатсанзи понатаму можат да бидат класифицирани во зависност од темите –
- Информативни сатсанзи – се даваат информации за Духовноста и се дискутира за нив
- Советодавни сатсанзи – на овие сатсанзи се даваат совети за индивидуална духовна пракса и совети за ширење на Духовноста
- Духовна емоција (Бав) сатсанзи – за зголемување на духовната емоција на присутните (учесниците)
5. Читање свети текстови напишани од Светци
Ова е вид на сатсанг каде читателот добива Божествена свесност (Чаитанија), од зборовите напишани во книгата. Ова се случува затоа што автор на книгата е Светец или духовно возвишена душа, чија решителност се манифестира преку Неговите напишани зборови. Некои SSRF трагачи опишаа духовни искуства, дека само заради тоа што во нивна близина имале книга напишана од Светец, на нив се случувало духовно исцелување.
6. Други видови на Сатсанг
- Присустување на духовни предавања
- Посетување верски места како што се Цркви, Храмови, гробници на Светци, итн.
- Престој на Свето (поклоничко) место
- Слушање или пење Богољубиви песни, свети химни
7. Заклучок
Сега кога ги знаеме разните извори, преку кои можеме да останеме во друштвото на Вистината и неговата важност за нашиот духовен раст, можеме да се стремиме кон тоа, постојано во текот на денот да бидеме во сатсанг, и да се здобиваме со неговите придобивки.