Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) советува континуиран и вообичаен медицински третман заедно со методите за духовното исцелување во рамката на физичките и психијатриските болести.
На читателите им се советува да започнат било кој третман за духовно исцелување според сопствената желба.
1. Запознавање со SSRF стапчињата како метода за духовното исцелување
Во написот за духовното исцелување , објаснивме дека тоа може да се спроведе со помош на посебни мириси. Таквите мириси привлекуваат специфични аспекти на Бога (Божества) и на тој начин ја шират Божествената свесност (Чаитанија). Божествената свесност (Чаитанија) ја зголемува духовната чистота и така се бори против негативните енергии.
Преку духовното истражување, Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) ги создаде SSRF стапчињата со специфични мириси. Поради тоа SSRF стапчињата се одлично средство во духовното исцелување кое ја зголемува духовната чистота на просторот или на лицето и помага во духовната пракса како што е медитацијата и пеењето на Божјото Име, како и во борбата против негативните енергии.
Наведовме некои мириси кои се со најголеми придобивки за повеќето луѓе во општеството и кои се рачно изработени од страна на SSRF за да помогнат во духовното исцелување. Секој од овие мириси привлекува специфичен аспект на Бога или Божество. Тоа се:
- Јасмин
- Кевда
- Сандаловина
- Могра
- Кус
Зависно од моментот, некое Божество или аспект на Бога кој е привлечен од мирисот на стапчето ќе се покаже во форма на спасител или во форма на уништувач. На пример, ако лицето врши духовна пракса пеење или медитација и никаква негативна енергија не го вознемирува или негативната енергија која го вознемирува е мала, тогаш ќе ја привлече спасителската форма на Бога. Ако постои било каква негативна енергија на која и е целта да го попречува лицето, воглавно ќе биде привлечена уништувачката форма на Бога за да се избори со таа негативна енергија.
На крајот она најважното, стапчињата се изработени според не-манифестирана одлука на основачот на Фондацијата за истражување на духовната наука, Светецот на високо духовно ниво, Неговата светост Др. Атавле. Тоа е најмоќната особина на стапчињата која им овозможува духовно исцелување.
2. Како SSRF ја проверува способноста на стапчињата за духовно исцелување?
Имињата на специфичните мириси со нивните оптимални способности за духовно исцелување се добиени со помош на развиено шесто сетило на трагачите. Потоа се тестирани разни мириси и разни видови на секој мирис. Трагачите по Бога во SSRF со развиено шесто сетило (ESP) суптилно ги проверуваат сите мириси. Делотворноста на секој од овие мириси во духовното исцелување е тестирана по пат на развиено шесто сетило на трагачите.
Нивните суптилни искуства се запишани посебно и потоа се соберени. Во сите случаи индивидуалните читања се поклопуваат и единствена разлика е длабочината на искуството. Суптилните искуства повторно се проверени од страна на Неговата Светост Др. Атавле. Таквите проверени читања се искористени да се направи конечна верзија на мирисиот во SSRF стапчињата како и разните нијанси на одредениот мирис.
Подоцна ги тестиравме на луѓето кои се опседнати од духови. Кога духовите во лицата кои се опседнати се манифестираат, ги изложивме на стимулансот од стапчињата. Тогаш ја видовме ефективноста на разните стапчиња со разни мириси како и разните нијанси на истиот мирис. Во овие случаи самиот мирис и разните видови на мириси коишто се избрани за суптилно читање, се покажаа како најефикасни во борбата против духовите кои се манифестираат во лицата.
3. Механизам на делување на стапчињата
Видете го написот за духовно исцелување.
SSRF стапчињата се дизајнирани како лична алатка во духовното исцелување. Како што спомнавме порано, специфичниот мирис во секој вид на SSRF стапчињата привлекува одреден аспект на Бога или Божество. Аспектот на Бога (Божеството) што е привлечен било од кој мирис е придружен со Божествена свесност (Чаитанија) која одговара на тоа Божество. Со тоа се зголемува основната суптилна сатва компонента а се намалува тама компонентата.
Следува суптилна слика на SSRF стапчињата која е добиена по пат на шестото сетило.
3.1 Придобивки од палењето SSRF стапчињата во споредба со придобивките од молитвите и пеењето
На претходниот дијаграм е прикажана придобивката од палењето стапчиња во споредба со молитвата и пеењето. Бидејќи повеќето од нас нема можност да врши молитви и пеење на начин кој највеќе ќе го привлече Божествениот Принцип, стапчето како помошна мерка тоа го олеснува.
Забелешка:
- Кога ќе кажеме молитва, мислиме на молитва без световни очекувања.
- Поврзано со написот: Световна молитва (со очекување) и духовна молитва (без очекување).
- Кога ќе кажеме пеење се мисли на пеење на Божјото Име со концентрација и духовна емоција.
- Поврзано со написот: Кое Божјо Име траба да повторуваме?
3.2 Делување на индивидуално ниво
Во денешните времиња доаѓа до зголемување на негативните енергии кои ги попречуваат луѓето и на индивидуално и на ниво на целокупното човештво. Ова подетално го објаснивме во написот ’Добро и зло – вечна борба‘ и ‘Армагедон’.
Духовите и преминатите предци не попречуваат така што прават црна обвивка околу нас.
Поврзано со написот – Зошто моите преминати сакани и другите мои предци сакаат да ме повредат?
Во сегашната ера, поради недостаток на духовна пракса во согласност со шесте основни принципи на духовноста, просечниот човек има обвивка од црна енергија со дебелина од најмалку 4 сантиметри. Просечните луѓе воглавно се опседнати со суптилните тела на преминатите предци или духовите од суптилниот регион Бувалока (Чистилиштето) и првиот регион на Пеколот.
Сликата подолу покажува, суптилно гледано, како изгледа човек покриен со (невидлива) црна обвивка. Со таквата црна обвивка, духовите и преминатите предци можат да ни направат многу проблеми во животот. Проблемите се движат помеѓу физички и психички болести до брачни и финансиски проблеми.
Преку црната обвивка со дебелина од 4 см, Божествената свесност (Чаитанија) од било кое духовно исцелување не може да навлезе. SSRF стапчињата се совршено оружје за отстранување на црната обвивка. Црната обвивка се состои од црна енергија и таа по природа е раѓа-тама.
Со палењето на SSRF стапче раѓа-тама во околината и во лицето се намалува за 0.001% до 0.5%. Следниот дијаграм покажува како со намалувањето на раѓа-тама се совпаѓа со намалувањето на црната обвивка.
Следната суптилна слика покажува што навистина се случува кога духот е изложен на стапчињата и Божествената свесност (Чаитанија) која извира од нив.
Редовната употреба на SSRF стапчињата создава постојана иритација на духовите се додека конечно не одлучат да заминат на некое друго место.
Следното видео го покажува делувањето на стапчињата врз духот. Лицето на видеото е запоседнато од дух. Духовниот исцелител од SSRF влијае на духот да се манифестира. На видеото забележуваме како позитивноста на SSRF стапчето создава непријатност на духот.
Забелешка: Видеото моментално е на англиски јазик, во подготовка е верзија на македонски јазик.
3.3 Чистење на просторот
Негативните енергии кои се наоѓаат во некој простор ги попречуваат лицата што живеат во тој простор. Тоа може да доведе до претерани расправии, намалување на способноста да се донесуваат одлуки, па и до болести. Луѓето кои имаат развиено, активно шесто сетило можат суптилно да го почувствуваат негативниот притисок кој се создава во таквите простори. Тој негативен притисок е зголемен со делувањето на духовите или преминатите предци или негативните вибрации во просторот, и може да има значително негативно влијание на станарите во тој простор. Мирисите што ги шират SSRF стапчињата се многу корисни во борбата против негативниот притисок и зголемување на позитивните вибрации во просторот.
Запаленото SSRF стапче ја шири Божествената свесност (Чаитанија) во форма на Апсолутниот елемент на Огнот. Тоа се активира со помош на Апсолутниот елемент на Воздухот во чадот од запаленото стапче. Активираната Божествена свесност се подигнува нагоре како фонтана. Потоа бргу се спушта надолу и ги уништува суптилните раѓа-тама честички на земјата и во атмосферата и ги уништува негативните енергии. Ова помага во духовното прочистување на просторот.
3.4 Практични совети за употребата на SSRF стапчињата
Ве молиме видете го написот – Практични совети како да ги користиме стапчињата за духовно исцелување.
4. Заклучок
- Духовната пракса е најдобар вид на духовно исцелување.
- Палењето на стапчиња е одличен вид за духовно исцелување со длабока молитва и пеење. Исто така може да биде помошно средство во потполната молитва, пеењето и други видови на духовно исцелување.
- Употребата на SSRF стапчињата помага во дневното прочистување на просторот.