Дефиниција за книгите поврзани со Маја и духовноста
- Книгите поврзани со Маја (Големата илузија) се книги за создадениот универзум. Сите книги за науката, филозофијата, фикцијата, итн. спаѓаат во оваа категорија. Ве молиме прочитајте го написот кој објаснува повеќе за Маја. Овие книги целосно се доживуваат преку петте сетила, умот и интелектот.
- Книгите поврзани со Духовноста се книги кои што информираат за различни аспекти на духовноста. Тие содржат теоретско знаење и знаење за практичните аспекти на духовноста. За да еден духовен текст има барем и малку Чаитанија (Божествена свесност) во него, авторот треба да биде на духовно ниво од најмалку 50%. Ако еден духовен текст упатува за духовен раст со духовна пракса, треба да биде во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса. Духовниот раст е за надминување на петте сетила, умот и интелектот и доживување на Душата или Божјиот Принцип во секој од нас. Ве молиме прочитајте го написот – Од што се состојат човечките суштества?
Содржина
1. Вовед во дискусијата за книгите поврзани со Маја и духовноста
Целиот овој напис е напишан од перспектива на остварување на основната духовната цел на животот,која што е Богоспознание.
- Во написот ‘Проучување на духовноста’ нагласивме дека, ако некој сака да се движи кон основната цел на животот, тогаш по можност, некој треба да проучува книги за духовноста кои што се напишани од Светци или Гуруа.
- Во написот ‘Влијание на авторите на книгите за Духовноста’ ја споредивме придобивката од книгите напишани од автори на различни духовни нивоа.
Во овој напис, ќе разговараме за разликите помеѓу книгите за Духовноста и Маја, како и нивната вредност за читателот, авторот на книгата, и животната средина.
2. Во однос на основната цел на животот
Духовните книги ги насочуваат луѓето кон оснвната цел на животот.Тие ни помагаат да ги надминеме нашите пет сетила, умот и интелектот и да ја разбереме нашата вистинска природа. Тие не насочуваат и водат да сфатиме и потоа да доживееме дека нашата вистинска природа е Душата или Божјиот Принцип во секој од нас. Ако читателот насоките ги примени во пракса, ќе доживее духовен раст. Авторот исто така, доживува духовен раст, бидејќи тој станува инструмент (медиум) во помагање на човештвото духовно да расте.
Од друга страна, книгите поврзани со Маја, го зголемуваат фокусот на авторот и на читателот на самата Маја. Како резултат на тоа, авторот и читателите уште толку се заплеткуваат во Големата Илузија (Маја) и ја зголемуваат нивната приврзаност со петте сетила, умот и интелекот. Ова ги оддалечува од сфаќањето и доживувањето на нивната вистинска природа, дека тие се Душата (Божјиот Принцип) внатре во самите нив. Ако оваа импресија, продолжи да се развива, тоа, најверојатно ќе резултира лицето да потроши многу животи, исполнувајќи различни соништа од Маја, како кариера, фамилија, итн. наместо да ја исполнува вистинската причина за која тој е роден т.е. Богоспознание и излегување од циклусот на раѓање и умирање.
3. Искуството на среќа наспроти Блаженство
Бидејќи книгите поврзани со Маја се дизајнирани да бидат доживеани преку петте сетила, умот и интелектот, максималната емоција која може да се доживее, е она што ќе ни го понуди умот и интелектот. Читајќи книга поврзана со Маја, и применувањето во пракса на прочитаното, максималната емоција кој може едно лице да ја доживее, е среќа. Среќа е емоција која потекнува од умот, и која секогаш зависи од стимул. За жал, работите (стимули) на кои се темели нашата среќа, се секогаш предмет на промена, и затоа нашата среќа од Маја не е одржлива.
Од друга страна, ако некој обавува духовна пракса, според упатствата во книгите за духовноста, конечно ќе може да ја доживее Душата (Божјиот Принцип) внатре, во секој од нас. Како резултат на тоа, лицето доживува Блаженство, кое е квалитет на Душата. Блаженство е суперлативно позитивно искуство далеку над среќата, и кое не е зависно од било каков стимул. На почетокот едно лице доживува само кратки моменти на Блаженство, но како што лицето духовно се напредува, тоа цело време доживува Блаженство.
4. Извор на знаење
Кога Светец или Гуру пишуваат текст за духовноста, Тие знаењето го добиваат од Универзалниот Ум и Интелект, преку Нивното шесто сетило. Како резултат на тоа, Тие немаат потреба од било какви референци. Од друга страна, кога едно лице пишува книга за Маја, тој ќе мора да побара неколку референци додека ја подготвува својата книга.
Кога авторите кои пишуваат книги за Маја, имаат интензивна желба за слава или интензивна љубопитност за одреден предмет, тие доста често се помогнати од суптилните тела од регионот на Чистилиштето (Бувалока) или од Рајот (Сваргалока). Овие суптилни тела исто така, имаат желба да направат нешто на Земјата. Светците, од друга страна, не пишуваат за слава или богатсво, туку за духовен напредок на општеството. Поради нивното многу ниско его, Бог ги инспирира да пишуваат книги за духовноста. При пишувањето, позитивни енергии од регионот на Махалока (регион над Рајот), доаѓаат да му помогнат на Авторот преку Неговото шесто сетило, како и природата на даденото знаење е за тоа, како да го спознаеме Бога.
5. Ограничувања и достигнувања
Материјално наспроти суптилно
Пишувањето за Маја, е ограничено од самата негова материјалност. Го опишува физичкиот свет како што ние го гледаме на физичко , психолошко и интелектуално ниво. Преносот на знаењето најчесто е на ниво на зборови и преку текстот неможе да се понуди духовно искуство.
Додека пишувањето за духовноста, авторите над 50% духовно ниво, пишуваат користејќи ја силата на Универзалните Енергии: Иќа-шакти (Енергија на Апсолутната Волја), Крија-шакти (Енергија на Апсолутната Акција) и Нијан-шакти (Енергија на Апсолутното Знаење) и се во можност да ги согледаат духовните причини на различните феномени. Ве молиме прочитајте го написот – користење Универзални Енергии при пишување за Духовноста.
Релевантност и време
Книгите за Маја, постојано се развиваат и постојано биваат ревидирани и ажурирани. На пример, постоеше време кога луѓето мислеа дека земјата е равна. Меѓутоа, подоцна ова се промени, бидејќи со развојот на модерната технологија, е докажано дека Земјата всушност е топка. Исто така, она што во моментот се случува во светот, секогаш ја интересира свестката популација, за разлика од она што се случило некогаш во минатото.
Основните принципи наведени во книгите за духовноста се безвременски и даваат насоки (се патоказ) за нашето духовно патување, без разлика на векот во кој живееме. Духовните книги немаат потреба од било какви ревизии на основните концепти. Можат да се издадат нови изданија со дополнителни современи детали, но основната структура на знаењето само по себе не се менува. Средствата и алатките (методите или начините) за исполнување на целта на нашето духовно патување може да се променат, како би се прилагодиле според духовниот капацитет на општеството. Поради оваа причина велиме дека духовните книги се безвременски и релевантни за сите генерации.
Ве молиме прочитајте го написот: Неформалниот разговор со Неговата Светост Др. Атавле, за тоа зошто Тој пишува книги само за духовноста, кој дава дополнителен увид во овие концепти.
6. Ефект (влијание) врз општеството
Божествената свесност (Чаитанија) која се емитува од духовните текстови, има сатвик ефекет врз животната средина. Следниов цртеж заснован на суптилното знаење, ја покажува духовната позитинвност која се емитува од книгите за духовноста, кои се напишани од Светци.
Сатвик ефектот на овие книги помага да се посее семе за трагателството по Бога во луѓето и во општеството, кое евентуално со времето расте и им помага да станат трагачи (духовни ученици), а потоа и Светци. Светците се духовни светилници во општеството, кои ги упатуваат луѓето кон Праведноста. Светците прават се за општеството да добие поголем процент на сатва компонентата.