Демон

1. Вовед

Според растечкиот редослед, Демонот (ракшас) е втор по хиерархија кај духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Категоријата на демони всушност вклучува група на духови позната како ракшаси и асурси. Оттука, нивната релативна духовна сила се движи од 10-100, каде 1 е ралативната сила на најнискиот помеѓу духовите, односно обичниот дух (Бут). Ве молиме за подобро разбирање прочитајте го написот ‘Видови на духови’. Во денешно време, па се до 2025 година, околу 50% од општеството е под влијание или опседнато од демоните. Истите 50% од населението исто така, ќе бидат под влијание и на нивните преминати предци.

2. Слика на Демон

MKD-Demon-(rakshas)

 

Ве молиме имајте во предвид дека ова е само еден груб водич бидејќи духовите можат да заземат или примат било која форма во зависност од тоа што се обидуваат да постигнат.

3. Основни карактеристики на демонот

3.1 Место на живеење во регионот на Земјата

Духовите обично живеат во простории кои имаат иста фрекевенција како суптилниот регион на Пеколот (Патал) од каде потекнуваат или Раѓа-Тама фреквенции кои се совпаѓаат со нивните. Демоните највеќе сакаат да живеат во осамени места. Тие живеат сами на покриви, тавани на големи фирми или фабрики и големи пештери.

3.2 Физички карактеристики на демоните

Луѓето кои се опседнати од демоните, кога се манифестираат ги прикажуваат следниве особини кои всушност се карактеристични за демоните.

  •  Ги влечат нозете.
  • Бараат внимание со тоа што тропаат со нозете.
  • Фрлаат (објекти) предмети со затворени очи правејќи голема врева.

3.3 Ментални карактеристики на демоните

  • Тие се арогантни.
  • Управуваат со обичните духови.
  • Избувливи , нетрпеливи и ржат ако бидат нападнати.
  • Демоните се летаргични. Тие ја задоволуваат нивната желба за храна преку другите кои се прејадуваат.
  • Тие не ги слушаат мантрици и затоа се секогаш казнети од нив.
  • Ја задоволуваат нивната страст прибегнувајќи кон силување.
  • Многу ретко се впуштаат во екстравагантни активности (дела).

3.4 Духовни карактеристики на демоните

  • Демонте не обавуваат/вршат духовна пракса
  • Учествуваат во обреди за да впијат црна енергија само кога тоа ќе им го наредат мантриците. Тоа го прават неволно и обавуваат само некои работи каде се подредени.
  • Тие се експерти за пренесување на црна енергија во експлозивна форма.

 4. Како демоните влијаат на луѓето

Демоните работат на следниве нивоа како би му наштетиле на човештвото.

4.1 Преку животната средина

  • Демоните постојано во просториите емитуваат вознемирувачки звуци како земјотреси или звуци на машини кои работат.
  • Поради нивното присуство во околината се шири непријатен мирис без видлив извор.

4.2 Материјално/Световно ниво

  • Понекогаш кога се лути создаваат пукнатини во ѕидовите.
  • Создаваат влага под седиштето каде некој седи и пее.

4.3 На физичко ниво

  • Губење на апетитот
  • Чешање
  • Несвестица
  • Произведуваат вознемирувачки звуци во близина на ушите, кои доведуваат до вкочанетост поради постојаното присуство на чудни звуци.
  • Искуство како некој да не турка или да бидеме гурнати или да осетиме допир за време на медитација.

4.4 На ментално ниво

  •  Несоница ноќе а поспаност во текот на денот.
  • Мисли за ударање и напаѓање други.
  • Лицата кои се под влијание на демоните не им дозволуваат на други да обавуваат/вршат духовна пракса.

5. Мерка

Забелешка: духовното ниво на духовниот исцелувач мора да биде најмалку 20% повеќе од духот што влијае или го опседнало лицето кое што тој се обидува да го исцели. Кога едно лице се третира со надворешни духовни мерки, лицето се чувтствува подобро за некое време, но за да се ослободи од ова влијание (вознемирување, нарушување), (кое, во многу случаи, не следи од многу претходни раѓања/животи) трајно, важно е да се обавува духовна пракса и да се генерира постојана и трајна позитивност најпрво во нас. Само тогаш е можно да се добие трајно излекување. Ако лицето го надополни надворешното духовно исцелување со пеење на Божјото Име за време на духовното исцелување, тогаш влијанието се надминува за пократко време.