Позитивни промени по само девет месеци духовна пракса

Околу 2009 година почнав да учам јога, медитација, алтренативна медицина, астрологија, итн. со цел мојот руиниран живот да го вратам во нормала. Во тоа време имав сериозни проблеми со лоши врски, лекови и улични дроги и алкохол. Пушев по две ипол кутии цигари на ден. Никогаш немав пари. Се сеќавам една вечер како што си одев по улицата, ми се чинеше како да носам Титаник на рамениците и помислив “Ако вака се чувстувам до крајот на мојот живот, не сум сигурен дека тоа вреди”.

Тогаш се обидов со религија, атеизам/рационализам, дрога, девојки, музика, наука, медицина, боречки вештини – се – на сите начини се обидував релативно да се вразумам самиот себе и да се ослободам од стегите на депресијата и зависностите. Најтешко ми беше тоа што немав идеја како да се ослободам од неприликите во кои се наоѓав, без идеја кога се почна или каде најверојатно се би можело да заврши. Се препуштив на идејата дека животот е мрачен.

Веднаш после ова почнав да медитирам, да практикувам јога, вежби за дишење, техники како реики, итн. Мислев дека со тоа ќе го смирам мојот катастрофално вознемирен ум, и дека ќе можам да се извлечам од ситуациите и луѓето поради кои се чувстував заробено. Всушност малку и помогна, а мешавината медитација и тешкото сиромаштво ми помогнаа да се извлечам од фаталниот пожар кој го имав запалено во себе. Но тоа делуваше делумно и само надворешно. Среќата не се зголеми, но количината на отрови кои влегуваа во моето тело, привремено се намали. Потоа, полека осеќав како се повеќе и повеќе се одвојувам од моето семејство, пријателите, колегите, итн. без некоја посебна причина. И покрај тоа што добивав совети, постојано имав проблеми. Во меѓувреме, тоа го имав сокирено од пријателите и семејството. Се осеќав како да тие навистина неможат да ми помогнат и не сакав никого да загрижувам.

Jonathan photo beforeПотоа во 2012 година, почнав постојано да пијам. За луѓето околу мене ова не беше тајна. Многу луѓе кои ме сакаа можеа да ме видат во прилично лоша состојба откако ќе испиев петнаесет или двадесет алкохолни пијалоци во една ноќ. Понекогаш ќе се разбудев на пладне, и ќе пиев се додека не се онесвестев навечер околу шест, ќе се разбудев неколку часа подоцна, и пак ќе пиев се додека повторно не се онесвестев доцна во ноќта. Неколку пати се будев со модринки на главата и се чудев дали бев удрен од кола претходната ноќ. Често во мобилниот наоѓав смешни, бесмислени работи кои сум ги пишал ноќта претходно. Врските патеа. Неколку пати, се случуваше речиси за малку да избегнам тепачки поради момент на несогласување. Често откако ќе се разбудев, станот во кој живеев го наоѓав испревртен и полн со ѓубре од претходната ноќ кога бев пијан. Екстремениот срам поради моето однесување стана вообичаен. Буквално делував како опседнат човек, а веројатноста да умрам во состојба на бессознание беше многу висока.

Неможев да издржам ниту еден ден, а да не се напијам. Немав ниту представа ниту идеја како влегов во овој втрлог на пиење, страшно мамурно будење, одлучувајќи да не пијам веќе, пиење и повторување. Немав ниту представа ниту идеја зошто неможев ништо да јадам или да се оттргнам од баровите или едноставно да бидам среќен.

Потоа се случи чудо, не претерувам. Моето семејство не знаеше за ништо од ова што се случува, бидејќи бев одличен во криењето на моите проблеми, а и родителското негирање добро се согласува со тоа. Сепак, мајка ми една недела ми прати порака дека е многу загрижена за тоа дека можеби премногу пијам.

И реков дека сум добро и отидов до компијутерот. Некако завршив на веб-сајтот на Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF). Магично постоеше еден напис посебно за зависноста, вклучувајќи ги и нејзините духовни причини и третман. Како што го читав, за прв пат по многу години почувствував надеж. Ова беше средината на летото 2013 година. Веданш почнав да ги практикувам колку што можев, советите обезбедени од SSRF.

Основната пракса која тие ја предложуваа, беше пеење на Божјото Име, бидејќи за разлика од медитацијата може да се обавува постојано. Пеењето го намалува стресот, ја зголемува концентрацијата и среќата, и се бори против зависности. Ова требаше да се надополни со разни достапни мерки за духовно исцелување.

Веднаш видов придобивки. SSRF го прзентираше своето истражување на начин како што никогаш не сум видел Духовно образложен порано. Не беше повеќе двосмислен или апстрактен систем на совети од новата доба како што се “мисли позитивно” и “длабоко дишај”. Тоа беше вистинска наука, со дефинирани причини и ефекти, со дефинирани системи на мерење. Во себе знаев (срцето ми кажуваше) ако почнам со SSRF, конечно ќе можам да се ослободам.

Девет месеци од започнувањето духовна пракса со SSRF, еве некои од предностите и недостатоците, на она што ми беше советувано и што применив најдобро што можев:

ПРЕДНОСТИ:

  • Престанав да пушам
  • Воглавном престанав да пијам
  • Не конзумирам дроги
  • Не сум шворц по цело време
  • Имам пријатели насекаде низ целиот свет
  • Само што добив две многу добри работни места
  • Физички многу сум поздрав
  • Дересијата целосно исчесзна
  • Анкциозноста 80% ја снема
  • Дефинитивно чувство на цел
  • Дефинитивни цели
  • Зголемено чувство на љубов за други
  • По продуктивен
  • Далеку повеќе фокусиран
  • По креативен
  • Буквално секоја потреба која ја имам е исполнета
  • Секој аспект од мојот живот е за повеќе пати подобрен како директен резултат на советите, упатсвата и насоките од SSRF

НЕДОСТАТОЦИ: Не започнав духовна пракса под водство на SSRF, дваесет и две години порано.

Со помош на SSRF научив да гледам кога работите почнуваа да одат на лошо. Наместо да се чувствувам изгубено, барем можев да направам нешто за да ја намалам штетата. Наместо да лумпувам месец дена, лумпував само една недела, два пати месечно. Потоа три дена, три пати месечно. Потоа два дена, еднаш месечно, итн.

Тоа беше процес, но подобрувањето беше континуирано и доволно забележително да биде охрабрувачки. Згора на тоа, луѓето од SSRF беа секогаш тука за мене, доколку ми требаше помош и никогаш не ме осудуваа заради моите проблеми. Понекогаш бев во невоља и ми беше срам да побарам помош од другите трагачи. Се сеќавам дека собирав храброст за да кажам на еден близок трагач дека претходната недела имав пиено многу, а неговиот одговор ме допре: “ЏТ, кога си во невоља мораш да ги повикаш трагачите!”

Духовно искуство – Божествени честички на рацете – 4 април 2014

“Кога седнав да практикувам концентрирано пеење, почувствував дека главата ми е многу топла и добив мисла да погледнам кон рацете во случај да не се појавиле некои Божествени честички на нив.

На прв поглед не видов ништо, но потоа пред самите мои очи и на двете раце се формираа Божествни честички.

SSRF стана моето семејство и јаже за спасување. Без нив, најверојатно би бил мртов или барем очаен. Ако сте љубопитни за Духовноста и пеењето а не знаете како да почнете, SSRF би сакал да ви помогне. Ако веќе практикувате Духовност преку јога, медитација, итн. но осеќате дека не ги добивате соодвените придобивки за вашите напори, SSRF би сакал да ви помогне. Ако живеете во очај и немате веќе на кој и каде да се обратите, SSRF ќе ви помогне.

Она што е најдобро е тоа шта не бараат ништо за возврат од вас. Нема да ве чини пари, број на кредитна картичка, ништо. Реално не мора ни да го користите вашето вистинско име. Нивната единствена цел е да го подобрат животот на сите нивни посетители, а тие тоа одлично го прават.

Многу љубов за сите и многу ви благодарам што го прочитавте ова.

Благодарност кон Бога

– Џ.Т., САД