Суптилен Мантрик – Моќна негативна енергија

1. Вовед

Суптилните мантрици (црни магови) се врвниот ешалон по хиерархија кај духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Нивната релативна духовна сила изнесува од 100.000 единици до бесконечност. Ова е во спордбеа со релативната сила на обичниот дух која е 1. За повеќе детали ве молиме прочитајте го написот ‘Видови на духови‘.

Тие се екстремно силни. Моќта на мантрикот е од највисок ред, речиси може да се спореди со неманифестираната (ниргун) форма на Бога. Отсекогаш работат на нивната цел да се утврди нивната надмоќ (т.е. владеење на неправда) во сите суптилни региони како и во регионот на Земјата (Булока).

За да ја постигнат нивната цел, тие водат суптилна битка со највишите суштества од сите позитивни региони, вклучувајќи го и регионот Сатјалока. Тие работат преку медиумот на други видови на духови кои ги користат како робови. Тие имаат одлична суптилна комуникациска инфраструктура во место каде сите видови на духови се меѓусебно поврзани. Во моментот кога на било кој дух ќе му затреба духовна црна енергија, автоматски ја добива од духот кој на таа скала е посилен од него, итн. Само кога најсилниот од духовите робови на Мантриците се на крај со нивната енергија, силната негативна енергија (Мантрик) настапува на сцената, но и тогаш е во прашање Мантрик од пониско ниво и само со цел да се обезбеди повеќе црна енергија за борба.

Бидејќи мантриците се елитна класа на духови, тие не се замараат со тоа да ги вознемируваат или влијаат на духовно просечените луѓе во регионот на Земајта. Понекогаш тие можат да опседнат некои видови на луѓе кои веќе активно работат за падот на човештвото со поттикнување на војни и геноциди. На мета исто така се и Светците и трагачите по Бога, кои се активно посветени на повторно воспоствавуање на Духовноста во човештвото. Можат да манипулираат со Апсолутните Космички Прниципи (Панча-татва) и да предизвикаат поплави, цунамиа, земјотреси, итн.

Поради овие прични, незначителен дел од општеството е под влијание или директно опседнато од Мантриците. Затоа во написот ‘Видови на духови‘ наведовме дека проценетот на луѓе во општеството опседнати или под нивно влијание е еднаков на нула. Но со оглед на нивното огромно влијание врз Универзумот во целина посебно врз човештвото, особено во денешно време до 2025 година, дадовме детален опис на моќните негативни енергии, Мантриците.

2. Цртеж заснован на суптилното знаење на Мантрик

MKD-Mantrik

Ве молиме имајте во предвид дека ова е само еден груб водич бидејќи духовите можат да заземат или примат било која форма во зависност од тоа што се обидуваат да постигнат.

3. Главни карактеристики на Мантртиците

3.1 Место на престој на Мантриците

Духовите обично се наѓаат во простории кои имаат иста фреквенција како суптилниот регион на Пеколот (Патал) од каде потекнуваат или Раѓа-Тама вибрации кои се совпаѓаат со нивните. Мантриците живеат во регионите на Пеколот од вториот регион па надолу.

3.2 Физички карактериските на Мантриците

  • Мантриците може да попримат или да заземат било која форма во зависност од она што се обидуваат да постигнат и колку планираат да се прикажат. Тие исто така, можат да се манифестираат и во физичка форма и да заземат човечка или животинска форма.
  • Поради нивната огромна духовна енергија, околу нив зрачи аура што е слична на онаа на Светец.

3.3 Ментални карактеристики на Мантриците

  • Мантриците се многу лукави и многу вешти во сплетките.
  • Внимателно ги чуваат своите тајни.
  • Ги воочуваат и најситните детали во обредите кои ги прават другите, но не делат никакво знаење за свите обреди со кои стекнуваат духовна моќ.
  • Можат да ја извршат било која активност само со тоа што ќе се концентрираат на одредената мисла за време на медиатација.
  • Постојано се стремат и вложуваат труд да воспостават тотална контрола врз луѓето во места кои се погодни за продолжување (постигнување) на нивните цели.

3.4 Духовни карактеристики на Мантриците

3.4.1 Духовна пракса

  • Седат во медитација со часови: Мантриците добиваат духовна црна енергија преку медитација.
  • Имаат пристап до Апсолутниот елемент Оган: Тие пристапуваат до Апсолутниот Принцип Оган (Теѓ-татва) и така добиваат црна енергија преку медимот на разни пози (мудри). Потоа добиената црна енергија ја пренесуваат во посакуваните наоски со помош на одредено пози (мудри).
  • Вешти во иаТие рецитираат мантри во бас тон и ги активраат центрите на црна енергија во нивните тела преку медимуот на говор. Тие се исто така, високо квалификувани во тантра обреди. Тантра е наука за искористување на црна енергија за световни цели.
  • Познавања од илузорната (Maja) наука: Ствараат свои илузорни форми преку медитација.

3.4.2 Други духовни карактеристики

  • Влијаат на луѓето со фокусирање на соодветни мисли за време на медитација: Мантриците се фокусираат на мисли за влијаење врз одредено лице за време на медитација и со тоа преку лицето го извршуваат тоа што го сакаат.
  • Уживаат во демонски задоволста: Ужуваат во демонско задоволство како што е нарушување на социјалната структура.

4. Како Мнтриците влијаат на човечките суштества:

Мантриците влијаат на луѓето на следниве начини:

4.1 Преку животната средина

  • Мантриците предизвикуваат нерамнотежа во атмосферската температура и на тој начин предизвикуваат екстремно вознемирување (немир).
  • Прават да во животната средина превладува Раѓа-Тамата, и ја заситуваат со нивната црна енергија и на тој начин ја прават погодна за деструктивни анти-социјални активности.

4.2 На физичко ниво

  • Мантриците можат кај човештвото да предизвикаат било како вид на физичка непријатност.
  • Можат да предизвикаат мутација на вируси кои можат да предизвикаат пандемија.

4.3 На ментално ниво

  • На луѓето кои се под нивно влијание во нивните умови им ставаат антисоцијални мисли,
  • Создаваат чувство на ‘немање егзистенција’.

4.4 Духовно

  • Активно работат на ширењето неправда во општеството.
  • Опседнуваат луѓет кои се клучни во општеството. Бидејќи се под контролата на Мантриците, обично кај овие луѓе опседнатоста се манфестира кога треба да се донесат клучни одлуки за општеството.

5. Мерка

  • Само Светицте и позитивните енергии кои се над 95% духовно ниво, можат ефикасно да се борат со Мантриците.

6. Резиме

  • Мантриците се највиши (од највисок ред) по хиерарија кај духовите.
  • Тие се премногу моќни за да се замараат со опседнување или да влијаат врз просечните човечки суштества. Меѓутоа тие ги опседнуваат или влијаат само на оние лица со висока Раѓа-Тама компонента (особина) преку кои можат да влијаат на човештвото како терористи или лидери од меѓународен значај, итн. Тие тоа го прават за да ги искористат како оружје за масовно уништување или негативно да влијаат врз текот на целиот свет предизвикувајќи Светса војна.
  • Нивното опседнување е многу таинствено премногу суптилно за да биде забележано од било кој друг, освен оние кои што имаат многу високо развиено шесто сетило или со духовно ниво над 90%.
  • Тие се главната причина за масовно уништување преку природни катастрофи како цунами и земјотреси.
  • Тие постојано водат суптилна битка за превласт која се одивива во разните позтивни региони. Оваа битка е најизразена во последната мини ера од мини циклусот. Во моментов минуваме низ таков период.
  • Можат да бидат совладани или уништетни само од Светците над 95% духовно ниво, бидејќи функционираат на ниво на неманифестирна форма на Бога.
  • Кога ќе бидат совладани, тие се засолнуваат во најдлабоките региони на Пеколот и влегуваат во длабока медитација за да ја повратат својата духовна моќ, односно црна енергија.
  • Ова продолжува да се одвива со векови и кога ќе успеат да ја акумулираат саканата моќ повторно оживуваат како би ги преземале позитивните региони.
  • Имајќи екстремно негативни особини како што се екстремна омраза, особено кон општеството или верски фанатизам, го прават едно лице уште поранливо и мета да биде искористено како марионета за масовно уништување. Ова се случува без да биде опседнатата жртва свесна за тоа.
  • Интензивна духовна пракса според шесте осоновни принципи на духовна пракса заедно со процесот на отстранување на недостатоци на карактерот и искоренување на егото се алатки за пристап до врвна заштита од Бога која не штити од Мантриците.
  • Добивањето (стекнувањето) на милоста на Гуруто кој е на духовно ниво над 90% преку обавување интензивна духовна пракса е сигурен начин да се биде изолиран од непријатностите (нарушувањата) кои ги предизвкуваат Мантриците.