До кој степен духовното ниво обезбедува заштитна обвивка против духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)?
Духовите (демони, ѓаволи, негативни, енергии, итн.) ни праваат проблеми од многу причини кои се објаснети во написот ‘Која е целта на духовите‘. Тие можат да влијаат на нас на многу начини, физички, психолошки и духовно.
(Ве молиме прочитајте го написот Примери на површни и вистински причини за проблемите во нашите животи.)
За да во нашите животи отстраниме проблем кој е предизвикан од дух (т.е. духовна причина) ни треба духовна мерка. Практикувањето Духовност резултира во подигање на духовното ниво, што е клучен фактор кој не штити и изолира од нападите на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) Овде важи принципот, кој е духовно посилен, тој победува.
(Ве молиме прочитајте го написот Што е духовно ниво?)
Да погледнеме неколку примери за тоа како овој принцип функционира во пракса:
- Нашиот прв пример е лице кое преку духовна пракса достигнало духовно ниво од 40%. Ако ова лице го нападне обичен дух на духовно ниво од 25%, ефектот на нападот врз него би бил многу ограничен или незначителен. Ве молиме погледнете го дијаграмот подолу.
- Меѓутоа, да речеме дека Обчниот дух (на духовно ниво од 25%) дејствува по наредбите на помоќните духови (демони, ѓаволи, негативни, енергии, итн.) како суптилниот (мантрик) од долните региони на Пеколот (Патал), ситуацијата би можела да се промени и да стане доста неповолна за истото лице споменато погоре (на духовно ниво од 40%). Суптилните мантрици ги користат обичните духови да извршуваат задачи и им даваат црна енергија доколку им е потребна да влијаат на лице кое е на повисоко ново од обичниот дух.
Забелешка: Што се однесува до регионите на Пеколот, колку е понизок регионот, толку е повисока негативноста. На пример, седмиот регион од Пеколот, се наоѓа пониско од првите шест региони, и овде се наоѓаат духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) со најголема духовна сила т.е. со највисоки нивоа на црна енергија.
- Дури луѓето кои се на високо духовно ниво, пример на Светец, можат да бидат нападнати или под влијание на духовите од повисоките нивоа. Во овој случај духовите неможат да влијаат на умот и инетелектот на Светец, бидејќи тие до одредена мера се споени со Бога; затоа им е мета физичкото тело на Светецот. Познато е дека некои Светци доживеале тешки физички проблеми како крварење или губење на виталната енергија (Прана-шакти) како последици од влијанието на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) од повисоко ниво.
-
Трагачите кои обавуваат духовна пракса за доброто на општеството, се изложени на поголем ризик да бидат под влијание или нападнати од духовите, во споредба со оние кои обавуваат само индивидуална духовна пракса. Причината зошто духовите ги напаѓаат Божјите трагачи е дадена во написот ‘Која е целта на духовите‘. Трагачите кои му служат на Бога со тоа што се обидуваат да шират Духовност за доброто на општеството, како дел од нивната духовна пракса, добиваат поголема Божја заштита и Неговата Милост ги штити од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.).
Следната табела ги прикажува деталите на нарушувањата доживеани од лицата поради напади од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) во однос на нивното духовно ниво и видот на духовна пракса.
Нарушувања предизвикани од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) во однос на духовното ниво на лицето
Духовно ниво | Индивидуална духовна пракса | Духовно пракса за доброто на човештвото | ||
---|---|---|---|---|
Регион1 Чистилиште/Пекол | Сериозност4 на нарушувањето | Регион Чистилиште/Пекол | Сериозност4 на нарушувањето | |
20% | Суптилни тела на2 преминатите предци | 10 | Суптилни тела на преминатите предци | 10 |
30% | Суптилни тела на преминатите предци | 10 | Суптилни тела на преминатите предци | 20 |
40% | Суптилни тела на преминатите предци | 20 | Чистилиште, 1 и 2 | 30 |
50% | Чистилиште2 | 25 | 3 | 35 |
60% | Чистилиште и 13 | 30 | 4 3 | 40 |
70% | 2 | 40 | 5 | 50 |
80% | 3 | 30 | 6 | 70 |
90% | 4 | 10 | 7 | 80 |
100% | – | – | – | – |
Од горната табела можеме да видиме дека:
- Со зголемување на духовно ниво, лицето е нападнато од духовите од повисоките нивоа. Тоа е затоа што лицето е отпорно на напади од духовите кои се на духовно ниво пониско за 10% од неговото духовно ниво. На пример, лице кое е на духовно ниво од 40% е нечуствително на напад од дух кој е на духовно ниво помало од 30%.
- На лицата кои имаат ниско духовно ниво, воглавном влијаат суптилните тела на преминатите предци. Ова особено важи за лицата кои обавуваат/вршат индивидуална духовна пракса.
Фусноти:
-
Оваа колона го покажува суптилниот регион или рамнина на постоење од каде потекнуваат духовите. Тоа може да биде или од регионот на Чистилиштето (Бувалока) или еден од седумте региони на Пеколот. Броевите во колоната се однесуваат на регионот на Пеколот. Колку е понизок регионот на Пеколот, како што е шестиот или седмиот, толку е помоќен духот (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.).
Целиот универзум е составен од четиринаесет региони или слоеви (локи) на постоење, од кои седум се позитивни а седум негативни. Земјата е единствениот физички регион, додека сите други региони се суптилни по природа. Рајот е само еден од позитивните региони во кој можеме да заминеме после смртта. -
Иако пивеќето суптилни тела на преминатите предци живеат во регионот на Чистилиштето, во табелата ги раздвоивме ‘суптилните тела на преминатите предци’ од ‘духовите’ од регионот на Чистилиштето. Овде терминот Чистилиште се користи за да означи дека нападот (нарушувањето) доаѓа од дух од регионот на Чистилиштето, кој не е суптилно тело на преминат предок на лицето.
-
Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) со поголем интензитет ги напаѓаат, односно влијаат на лицата кои шират Духовност како дел од нивната духовна пракса, но исто така добиваат и дополнителна заштита. Од друга страна, помалку влијаат на лицата кои обавуваат индивидуална духовна пракса кога ќе достигнат духовно ниво од 70%, бидејќи духовите (демни, ѓаволи, негативни енергии, итн.) не сакаат да ја трошат нивната енергија на нив, бидејќи се сигурни дека овие луѓе обавуваат само индивидуална духовна пракса. Луѓето кои ја гледаат само својата работа и обавуваат духовна пракса само заради нивното лично добро, не претставуваат закана за духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) Од друга страна, луѓето кои шират Духовност, помагаат да се зголеми сатвата во општеството. Ова е директна закана за духовите и нивниот начин на живот бидејќи во нив преовладува Раѓа и Тама и неможат да ја толерираат сатвата.
-
Оваа колона се однесува на сериозноста на нарушувањето со кое се соочилно лицето кое било под влијание (напад) на дух. Сериозноста на нарушувањето е претставено со скала од 0 до 100% каде 100% претставува смртта на едно лице.
Заштитата од Бога која ја добиваме е околу 10% и 20% поголема од силата на нападот од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) кај луѓето кои вршат индивидуална духовна пракса и оние кои обавуваат духовна пракса за доброто на општеството, соодветно. Божјата заштита е еднаква за сите, но оние кои се на повискои духовни нивоа и оние кои обавуваат духовна пракса за доброто на општестовото поради нивното ниско его, се во можноост повеќе да добијат.
Ова не значи дека едно лице е целосно отпорно затоа што Божјата заштита е поголема. Под Божја заштита се подразбира:
- Дека нападот врз лицето нема да биде толку проблематичен, односно дека лицето ќе може да го поднесе нападот.
- Дека животот на лицето ќе биде спасен.
- Луѓето кои обавуаваат духовна пракса за доброто на општеството добиваат дополнителна духовна енергија, бидејќи им е потребна повеќе енергија за ширење на Духовноста. Ова е една од причините зошто е поголема зашитата за лицата кои обавуваат духовна пракса да ја шират Духовноста во општеството. Друга причина е фактот дека овие лица се изложени на напади со поголем интензитет и на нив влијаат посилните духови.
Луѓето кои не обавуваат духовна пракса не се во состојба да ја добијат потребаната заштита од Бога. Причината за ова е дека околу нивната душа има многу его. Како резултат на тоа, заштитата која ја добиваат е помала од влијанието (нападот) на духот. Поради ова духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) можат да створат хаос во животот на овие луѓе на физичко, емотивно, интелектуално и духовно ниво.