1.2 Реалноста на животот
Духовното истражување покажа дека, ширум светот просечниот човек е среќен само 30% од времето, додека 40% од времето, е несреќен. Останатите 30% од времето, едно лице е во неутрална состојба каде не доживува ниту среќа ниту несреќа. На пример, кога едно лице оди по улицата или прави некои вообичаени задачи тогаш нема ниту среќни ниту несреќни мисли.
Еден од факторите кои придонесуваат за оваа дилема на повеќе несреќа во нашиот живот е нашиот образовен систем. Овој систем е поставен така да ги учи учениците широк спектар на предмети, но во наставниот план не е предвиден предметот за трајна среќа. Никој нас формално не не учи како да бидеме среќни, независно од ситуацијата со која се соочуваме во животот.
Би можеле да сретнете учтив господин со импресивна визит-карта кој при соочување со некој вид на финансиски губиток се чувствува депресивно и е склон кон самоубиство. Би можеле да сретнете жена на која на работното место и се восхитуваат поради нејзиниот огромен придонес за развој и раст на претпријатето, но која е жртва на нејзиниот сопруг кој ја понижува и мами користејќи го фактот дека таа се чувствува емотивно несигурна.
Некој учи напорно и положува многу испити за да оствари почетна преднст во животот и можност за добивање совршена работа која би му обезбедила среќен удобен живот.
Но дали гледаме во вистинската насока? Дали нашата работа може навистина да на направи среќни? Дали тоа што ние имаме семејство секогаш осигурува дека ние сме среќни? Колку и да би сакале луѓето да бидат среќни, гледаме дека несреќа ги погодува необразованите онолку колку што ги погодува и високо образованите.
Можеби и ние треба да истражуваме нови можности кои ќе ни пружат трајна среќа, кои не зависат од нашата световна ситуација.
Сега некои од вас можеби размислуваат,”Мислам дека ова не е за мене, бидејќи јас генерално сум среќен човек.”
На тоа лице би му кажале дека овие написи се наменети за него од три прични:
- Животот е во постојана состојба на промени. Вие не можете да гарантирате дека сите аспекти од вашиот живот ќе останат постојани и непроменливи – како што се вашата работна ситуација, вашата финансиска ситуација, вашето семејство, и вашите односи.
- Треба да научите како да развиете техника која ќе ви овозможи да изградите големи резервоари на внатрешна сила како би се соочиле со тешки времиња, бидејќи никогаш не се знае дали зад аголот не чека некоја непријатна животна ситуација.
- Постои изрека, “Не чекајте да ископате бунар тогаш кога сте жедни, туку прво ископајте бунар за да можете да се напиете вода кога сте жедни”.