1. Вовед во темата како боите духовно влијаат врз нас
Сите ние секојдневно вршиме избори кога се во прашање боите. На пример, ја бираме бојата на облеката што ќе ја носиме во текот на денот. Од време на време можеби ќе ја бираме бојата на новата постелнина што сакаме да ја купиме. Понекогаш сакаме да избереме боја за варосување на ѕидовите во нашиот дом.
Со истражувањето засновано на духовната наука е утврдено дека боите што ги избираме (било тоа нашата облека или околината), духовно влијаат врз нас. Во овој напис, презентираме некои од многуте начини на кои боите влијаат врз нас, за да читателите полесно донесат одлуки кои бои ќе го подобрат нивниот живот.
2. Како боите духовно влијаат врз нас
Целиот Универзум, на суптилно недопирливо ниво, е составен од три основни суптилни компоненти сатва, раѓа и тама. Го објаснивме ова подетално на нашиот веб-сајт, па ви препорачуваме подобро да се запознаете со овој концепт, за подобро да го разберете овој напис.
Боите исто така се категоризирани како сатвик, раѓасик и тамасик во зависност од нивната доминантна суптилна компонента. Сатва се однесува на ’духовна чистота’, додека раѓа и тама означуваат ’акција’ и ’духовно незнаење’. Кога носиме облека која е сатвик боја, таа ни помага во нашата духовна пракса, додека боите што се раѓа-тама по природа се штетни за нашиот духовен напредок. Носењето на облека во која доминира раѓа-тама ги зголемува негативните духовни вибрации околу нас. Со самото тоа поголема е можноста да ги привлечеме негативните енергии кои и самите се во својата основа раѓа–тама.
Следува листа на боите и нивниот ефект на нашата духовна состојба. Кога бојата е опишана како онаа што ’Помага’, што се спомнува во табелата што следува, тоа значи дека бојата помага во привлекување на позитивните вибрации, а ги одбива негативните. ’Штетна’ укажува на способноста за привлекување на негативните вибрации додека истовремено не оддалечува од духовно позитивните вибрации.
Како боите влијаат духовно врз нас
Боја | Доминантна суптилна компонента | Ефект врз нас | |||
---|---|---|---|---|---|
Бела | Надвор од сатва | Највеќе помага | |||
Жолта | Сатва | Повеќе помага | |||
Светло сина | Сатва | Повеќе помага | |||
Сина | Сатва | Повеќе помага | |||
Розова | Сатва | Помага | |||
Портокалова | Сатва-раѓа | Помага | |||
Светло зелена | Сатва-раѓа | Помага | |||
Црвена | Раѓа | Умерено помага / наштетува 1 | |||
Темно зелена | Раѓа-тама | Умерено наштетува | |||
Виолетова | Раѓа-тама | Умерено наштетува | |||
Светло виолетова | Раѓа-тама | Умерено наштетува | |||
Кафеава | Тама | Умерено наштетува | |||
Сива | Тама | Умерено наштетува | |||
Црна | Тама | Наштетува |
Забелешка: 1. Каква и да е природата на лицето, на пример сатвик или тамасик, црвената боја уште повеќе го нагласува.
Како што можете да видите во претходната табела, боите како белата, жолтата и сината помагаат за зголемување на духовната чистота околу нас. Црната боја од друга страна, има штетни вибрации кои не само што ги привлекуваат негативните енергии туку и ги одбиваат сите позитивни духовни енергии.
Двата цртежи засновани на духовното знаење, што следуваат ја покажуваат разликата во духовните вибрации помеѓу белата и црната боја, кога овие бои се носат. Суптилните цртежи се фокусираат првенствено на енергиите кои боите ги привлекуваат или одбиваат и нивниот ефект врз лицето што ги носи. Суптилните цртежи ги нацрта г-ѓица Пријанка Лотликар, трагач по Вистината со развиено шесто сетило. Автентичноста на цртежите ги потврди Неговата Светост Др. Ѓајат Атавле. Со истражувањето засновано на духовното знаење е потврдено дека цртежите се точни 80%.
И двата суптилни цртежи ги покажуваат суптилните вибрации привлечени и емитувани од страна на белата или црната боја. Конечната вибрација емитувана или привлечена од страна на некое лице е збир на безбројни фактори како духовното ниво, личните недостатоци, состојбата во умот во тој момент, дали е под влијание на негативни енергии, видот и бојата на облеката, итн.
3. Причини поради кои сакаме одредена боја
На физичко ниво: Лицето воглавно сака одредена боја затоа што му е во согласност со бојата на тенот.
На психолошко ниво:Од расположението на лицето може да зависи дали одредена боја му се допаѓа, или не му се допаѓа. Тие промени на расположение често се поврзани со настаните, на пример:
- Според настанот: Луѓето сакаат да носат забележливи бои кога излегуваат.
- Според настанот и културата: На погребите во некои култури, се носи црно, додека во други, луѓето носат бело. Погледнете го написот на тема – која боја на облеката е најдобро да се носи на погреб?
- Според традицијата: Адвокатите во некои земји носат црно, поради традицијата.
- Според годините: Луѓето во тинејџерските години и раната младост можат да обожаваат розова боја. Со растењето интересот за таа боја може да опадне.
- Кога боите означуваат нешто:
- Омилената боја и стилот на славните најчесто можат да влијаат на стилот на облекувањето на некои нивни обожаватели.
- Кога одредена боја е во мода.
- Луѓето можат да не сакаат одредена боја, затоа што ги асоцира на одредена групација во општеството која тие не ја сакаат.
Според духовното ниво:
- Зависи од нашата основна природа: Клучниот фактор поради кој некое лице сака одредена боја е таа што таа значително се поклопува со неговата основна природа. Сатвик лицето ќе избере сатвик бои како белата, или светло сината. Ако основната природа на лицето е тамасик, тоа ќе избере тамасик боја како црната.
- Зависи од влијанието на негативните енергии: Лицето под контрола на негативните енергии обично чувствува ’добри’ вибрации дури и од црната боја. Сите четири тела, физичкото, менталното, интелектуалното и суптилното его можат да бидат духовно нарушени кога лицето е опседнато од негативните енергии. Ако проблемите потраат подолго време, лицето почнува полека да го губи личниот идентитет. Карактерот на запоседнатиот ентитет ја надвладува и ја презема доминантната улога во извршувањето на своите склоности и одбивности што се рефлектира на однесувањето на лицето. Тоа значи дека свеста на лицето во потполност е контролирана од негативната енергија што го опседнала. Бидејќи негативната енергија е преовладувачка тама, лицето исто така избира преовладувачки тама ствари, како што е црната облека.
Клучно откритие на духовното истражување: Трендот да се носи црно како свеченото одело, или црна секојдневна облека има потекло од страна на негативните енергии кои продолжуваат подмолно и суптилно да влијаат врз луѓето.
Погледнете го написот – Население опседнато или под влијание на духовите.
Носењето на црна облека исто така влијае врз луѓето околу нас. Ако двајца луѓе се под влијание на негативните енергии и двајцата носат црна облека, тоа само помага во размената на суптилната црна енергија помеѓу двете негативни енергии што ги опседнуваат. Ако меѓутоа, во таа околина се најде лице кое искрено се труди во својата духовна пракса,тоа е изложено на сериозно влијание од зголемената тама компонента поради туѓата црна облека. Тоа се случува бидејќи негативните енергии го насочуваат својот труд кон одвраќање на луѓето од сериозноста и интензивна духовна пракса.
- Зависно од импресиите од минатите животи: Ако некое лице во минатиот живот било повредено од лице кое носело зелена облека, голема е веројатноста дека тоа лице ќе има одбивност кон зелената боја во наредниот живот поради суптилната асоцијација.
- Промени во однос на духовното ниво: Трагачот кој е во постојана состојба на духовна емоција (бав) може да ја сака сината боја. Ова е затоа што сината боја е суптилна боја на духовната емоција.
4. Духовна перспектива при изборот на бојата на облеката
Бојата на облеката треба да биде сатвик: Избирајте сатвик бои како белата, жолтата, сината и нијансите на тие бои. Влијанието на просечниот човек изнесува 1/1000. Оваа наизглед мала пропорција во повеќето случаи значително ќе влијае на лицето во физичка и психолошка смисла. Без оглед на овој мал процент, носењето на сатва-раѓа преовладувачка облека помага на човекот во:
- Подржување на неговата сатва-раѓа или
- Намалување на преовладувачката раѓа-тама во него
Ако лицето сака да носи црно, може да тражи причини или изговори да продолжи да носи црно дури и после читањето на овој напис. Препорачуваме да не се постапува според личниот интелект, затоа што тоа може само да штети. Не постои духовна придобивка од носењето црно, затоа што црното може да влијае само неповолно.
Бојата на облеката не треба да биде шарена: Шарените бои имаат голем процент на суптилна тама компонента. Лицето кое носи шарена облека и самото станува тамасик после одредено време.
Облеката треба да биде еднобојна: Еднобојната облека без печати или шари по неа е знак на отвореност и се смета повеќе сатвик од духовна гледна точка.
Боите на облеката треба да бидат усогласени една со друга: Ако горниот и долниот дел на облеката се разликуваат по бојата, тогаш боите треба да бидат комплементарни една со друга, те. треба да бидат усогласени една со друга од најмалку 20%. На пример, комбинација на две сатвик бои духовно е многу поповолно. Подолу се некои примери на парови од сатвик бои:
- Бело и светло сино
- Светло сино и темно сино
Не треба да биде голем контрастот помеѓу две бои на облеката: Ако две нијанси на бои се во контраст, а се носат заедно, тие предизвикуваат негативни вибрации. Поради тоа не треба да биде голем контрастот помеѓу две бои. На пример, избегнете комбинација од жолта (сатвик боја) и зелена (раѓасик боја). Меѓутоа, нијанса од зелена боја која добро се вклопува со жолтата боја може добро да оди. Затоа што таа има повеќе жолта во себе и затоа е сатвик.
На многу значајни настани, гледаме луѓе кои носат црно-бела комбинација, како вечерно одело. Луѓето сметаат дека овој тип на формално облекување е како показател за елеганција и социјален статус. Меѓутоа, на суптилно ниво приказната е сосема различна. Суптилните вибрации на многу сатвик боја како белата и многу тамасик боја како црната се во конфликт меѓусебно. Оваа борба доведува до вознемирувачки вибрации кои само ја зголемуваат можноста за попречување од негативните енергии. Од духовна перспектива не е препорачливо да се носи облека како вечерното одело во црно-бела комбинација.
Пропорција на сатвик и раѓасик бои во ткаенината: Ако односот на сатвик и раѓасик боите во ткаенината е таков раѓасик боите да се помалку, тогаш духовните вибрации од ткаенината се подобри. Ако белата ткаенина има црвен цветен дизајн, тогаш ткаенината има добри вибрации. Тоа значи дека ако процентот на сатвик боите во ткаенината е поголем од раѓасик боите, ефектот од раѓасик боите се намалува. Накратко, вибрациите на боите во ткаенината зависат од процентот во кој се сатвик и раѓасик во ткаенината.
Како резултат на духовната пракса на некое лице и после достигнувањето на духовно ниво над 60%, ефектот од боите врз неговиот ум и интелект е намален. Овој ефект се намалува како духовното ниво расте. Меѓутоа, на физичко ниво уште може да смета, затоа што телото е во физичкото ниво, а помоќните негативни енергии лесно можат да влијаат во физичкиот регион.
5. Заклучок
Се надеваме дека овој напис ви даде подобар увид на практично ниво за духовното влијание од боите врз нашиот живот. Основното правило кое можете да го имате на ум е да ја зголемувата сатва компонентата, а намалувате раѓа-тама суптилната компонента во својот живот. Со разбирањето и примената на овој духовен принцип во пракса и соочувањето со било кој тамасик тренд колку и да биде популарен, само ќе придонесете за подобрување на својот живот.