Духот (Пишач)

1. Вовед

Релативната духовна сила на духот (Пишач) е 10,000, додека релативната сила на духот од најнизок ред и ниво, обичниот дух (бот) е 1. Ве молиме прочитајте го написот ‘Видови на духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)‘. Околу 4% од светската популација е под влијание или опседната од овој вид на дух во сегашните времиња, и ќе биде така се до 2025 година. Со оглед на тоа дека мал процент од светксата популација е под влијание на овој вид на дух, споредено со тоа да се биде под влијание на обичниот дух и демонот (ракша) дадовме само краток преглед на неговите основни карактеристики.

2. Цртеж заснован на суптилното знаење на духот (Пишач)

MKD_(M)_Pischaacha

Ве молиме имајте во предвид дека ова е само едно грубо упатство, бидејќи духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) можат да заземат било каква форма во зависност од она што се обидуваат да постигнат.

3. Основни карактеристики на духот (Пишач)

  • Духовите (Пишачи) се многу мрзливи, па за тоа веројатноста да предизвикаат вознемиреност кај луѓето е многу мала. Тие најчесто опседнуваат лице за да го искористат неговото тело само да се здобијат со живеалиште.
  • Но еднаш откако ќе влезат, живеат внатре со години. Друг вид на духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) продолжуваат постојано да излегуваат надвор или се враќаат, но духовите (Пишачи) не го напуштаат телото со години. Дури и после смртта на лицето кое го опседнале, остануваат врзани за неговото суптилно тело.
  • Тие ја заземаат формата на лицето во кое влегле.
  • Луѓето кои се под влијание на духовите (Пишачи) изгледаат бледо, нивната кожа изгледа мрсна, и нивните очи изгледаат многу тапи. Нарушувањата предизвикани од духовите (Пишачи) се зголемуваат во текот на ноќта.
  • Кога тие напаѓаат едно лице, емитуваат црна енергија со непријатен, гнилен мрсен мирис. Непријатниот мирис влијае на лицето и предизвикува гадење.
  • Од лицето кое го имаат опседнато апсорбираат сокови излачени за време на варењето на храната и ја намалуваат неговата Виталната енергија (Пран-шакти).
  • Кога духовите (Пишачи) се манифестираат во лицата кои тие ги опседнале, луѓето ги покажуваат следните карактеристики.
    • Очите на лицето кое се манифестира трепкаат.

    • Кога други ќе ги допрат нивните раце или нозе, тие имаат чувство како боцкање со игли.
    • Прстите на рацете и нозете, како и ноктите на лицето ке се манифестира изгледаат зашилени.

4.Духовни мерки

Забелешка: духовното ниво на духовниот исцелувач мора да биде најмалку 20% повеќе од духот што влијае или го опседнало лицето кое што тој се обидува да го исцели. Кога едно лице се третира со надворешни духовни мерки, лицето се чувтствува подобро за некое време, но за да се ослободи од ова влијание (вознемирување, нарушување), (кое, во многу случаи, го следи лицето од многу претходни раѓања/животи) трајно, важно е да се практикува духовна пракса и да се генерира постојана и трајна позитивност најпрво во нас. Само тогаш е можно да се добие трајно излекување. Ако лицето го надополни надворешното духовно исцелување со пеење на Божјото Име за време на духовно исцелување, тогаш влијанието се надминува за пократко време.