Како да обезбедиме брзо духовно напредување кон достигнување на Блаженство?
Брз духовен напредок може да се постигне со вршење на духовна пракса која е во согласност со основните принципи на Духовноста. Иако има многу разни видови на духовна пракса, тие се ефикасни само доколку се усогласени со основните принципи на духовноста. Ако тоа не е случај, постои опасност во нешто да вложиме многу енергија, а да не ги добиеме посакуваните резултати.
Шесте основни принципи се:
- Постојат толку патишта кон Бога колку има и луѓе
- Да се оди од мнозинство кон еден
- Напредување од материјалното (допирливото) кон суптилното (недопирливото)
-
Вршење на духовна пракса која е во согласност со духовното ниво или духовниот капацитет
- Вршење на духовна пракса која одговара на времето во кое живееме
- Да се понуди на Бога во согласност со својот талент и капацитет