Како граѓанин на овој свет што можам да направам за да помогнам да се ублажи влијанието на климатските промени и Третата светска војна
За оние кои ги прочитале написите за Климатските промени и Третата светска војна и Армагедон и кои се прашуваат ’Што сега?’, обезбедивме практични информации за тоа што секој од нас може да направи за да помогне во оваа ситуација. Главната цел е намалување на Раѓа и Тама компонентите во околината и зголемување на суптилната сатва компонента во опшеството.
Планот на акцијата го поделивме на 4 квадрати:
Забелешка: Во секој дел од планот треба да се вклучат решениата на физичко, психолошко и духовно ниво. За решениата на физичко ниво, како што е намалување на емисијата на јаглероден диоксид, предлагаме да посетите други веб страници како што е climatecrisis.net. Решениата што следуваат се напишани воглавно од психолошки и духовен агол.
Содржина
1. Квадрат: Што можам да направам на основно ниво?
- Ве молиме прво да ги прочитате написите за Климатските промени, Третата светска војна и Армагедон и Добро и зло – вечна борба. Исто така проучете ги и сродните написи така што дополнително ќе ви се појасни оваа тематика.
- Духовната пракса според шесте основни принципи на духовноста е сигурен начин за зголемување на сатва компонентата во себе и добивање на повисоко ниво на заштита од Бога.
- Ако не вршите никаква форма на духовна пракса, ви предлагаме едноставна духовна пракса за да го започнете вашето духовно патување. Најдобро е да започнете уште денес. Секому од нас кој почнува да врши духовна пракса според шесте основни принципи на духовноста се зголемува сатва компонентата и воедно се намалуваат раѓа и тама компонентите.
- Ако во моментов вршите некаква форма на духовна пракса, проверете дали таа е во согласност со шесте основни принципи на духовноста. Добро размислете околу шесте основни принципи на духовноста. Иако изгледаат доста едноставно, многумина се сопнуваат во примената на тие исти принципи.
- Духовната пракса треба да биде надополнета со проучување на Духовноста и тоа со отворен ум. Проучувањето треба да биде лишено од културолошката пристрасност како што се проучува на факултетите. Дури тогаш кога ни се јасни духовните принципи, можеме да донесеме одлуки како да ја водиме и да ја насочуваме нашата духовна пракса. На трагачите по Бога им овозможивме духовно спознавање и разбирање, ширум светот држиме разни предавања, а некои од предавањата можете да ги пронајдете во нашата SSRF училница
- Доколку имате прашања, ве молиме поставете ги по пат на овој линк.
2. Квадрат: Што можам да направам на основно ниво за да им помогнам на другите?
Човекот не е осамено битие. Сите ние сме дел од општеството. Ниту еден човек не може да остане неповреден кога целиот свет е сериозно погоден и се урива. Затоа е многу важно да преземеме чекори преку кои позитивно ќе влијаеме на светот, затоа што во него живеат нашите сакани, роднини, пријатели, соработници, колеги, итн.
- Проследете го овој напис на вашите пријатели, семејството, познаниците и заинтересираните. Секој од нас треба да ги знае причините за настаните. Што сега треба да правиме зависи од нас самите.
- Кога еднаш ќе ги научите, практикувате и разберете духовните принципи, зборувајте на другите за нив. Немојте да чекате се да научите пред да почнете да делите со другите. Запомтете, кога научите ’А’, поделете ’А’, не чекајте прво да дојдете до ’Ш’.
3. Квадрат: Кои се следните чекори на индивидуално ниво?
- После започнувањето на духовната пракса, потребно е постепено да го подобруваме квалитетот и квантитетот на нашата духовна пракса. На пример, ако некој може да го пее Божјото Име еден час дневно, следниот месец може да се потруди да го зголеми на два часа. Накратко, треба да станеме трагачи по Бога. Нивото на трагачот се дефинира според следното:
- Духовната пракса се врши со конечна цел за Богоспознание
- Духовната пракса и духовниот раст стануваат централно место во нашиот живот дури и во нашата секојдневица
- Духовната пракса се врши секојдневно
- Духовната пракса е во согласност со основните принципи на духовноста
- Лицето е редовно во контакт со другите трагачи со цел за престој во друштвото на Вистината и учењето за духовните принципи
- Целта е духовниот напредок да се случува редовно, да е присутна будноста и вниманието, во случај да се случи стагнирање во духовната пракса
- Лицето се труди да ги намали недостатоците на личноста и егото
- Лицето изведува Агнихотра, обред за намалување на загаденоста
- Кога лицето е на такво ниво, може поефикасно да придонесе за зголемување на сатва компонентата на Земјата.
4. Квадрат: Кои се следните чекори за да помогнеме на опшеството?
- Еднаш кога ги развиеме квалитетите на трагач како што е опишанао претходно, стануваме покорисен инструмент во Божјите раце.
- Помагањето во ширењето на духовната свест за универзалната природа на општеството е најбрз пат за здобивање на милоста на Божествениот Принцип на Учителот те. Гуруто.