MKD_L_Satsang_With_Saints

1. Вовед

Зборот Сатсанг е комбинација од двата слога, ‘Сат’ и ‘Санг.’ ‘Сат’ значи Апсолутна виситна или Божји принцип. ‘Санг’ буквално значи друштво. Да се биде секогаш во друштво со Бога, или да се биде втемелен во Бога, е буквалното значење на зборот Сатсанг.

Ако живееме во друштво на Светци, ги слушаме нивните непроценливи совети, и ги следиме во потполност, се вели дека сме на Сатсанг со Светци.

Бидејќи Светците го претставуваат Бога во човечки облик, да се биде на Сатсанг со, или во друштво на Светци е еден од најважните видови на физички Сатсанг.

2. Бог и Светците

Светците се медиум преку кој Бог се открива; оттука Сатсанг со Светци е исто како Сатсанг со Бога. Светците се фонтани на мудрост, па ако одиме кај нив со став за учење, сигурно ќе имаме придобивка.

Една од мисиите на Светец е да ги води луѓето кон доживување на својата вистинска Божествена природа или Блаженство. Меѓутоа, Божјиот Принцип или Божествениот Принцип во Светците е премногу суптилен за повеќето трагачи да го препознаат, бидејќи моќта на трагачите за суптилно перципирање не е доволо развиена за препознавање Светец. Затоа, повеќето трагачи имаат тенденција да се фокусираат на надворешните карактеристики на Светците, како што се нивното однесување, изглед, говорни вештини, итн. Бидејќи надворешните карактеристики на различни Светци природно се разликуваат, трагачите најчесто завршуваат со Нивно споредување и мислат дека некои Светци се помоќни од други Светци. Меѓутоа, да би можеле да изразиме почит на секој од Нив и обезбедиме максимална духовна придобивка од Нивно посетување или применување на Нивните упатства, е од суштинско значење да се сфати дека Божјиот Принцип кој се манифестира во сите Светци е ист.

3. Како да се однесуваме во присуство на Светец

Друштво на Светци е највисокиот вид на физички Сатсанг на кој можеме да присуствуваме. Придобивките од Сатсангот зависат од нашиот став и однесувањето кон Светците.

1. На Светец треба да му пријдеме со духовна емоција (Бав) бидејќи Тој или Таа е форма на Самиот Бог. Па според тоа, треба да се однесуваме со почитување кон Светицте. На пример, кога ќе се сретнеме со Светец треба да искажеме почитување (да се поклониме) со спуштање на главата на Нивните нозе, што означува предавање на себе. Понатаму, на тој начин фреквенции на Блаженство кои се емитуваат од нозете на Светецот може да влезат во телото со максимален ефект преку темената чакра (Брамарандра).

MKD-Satsang-of-Saints---subtle-pic

2. Во присуство на Светец можеме да го пееме Божјото Име колку што е можно повеќе. Светците се заинтересирани само за нашата духовна пракса и напорите кои ги вложуваме да дојдеме до Бога.

3. Лицето треба да зборува тивко, не гласно или насилно во присуство на Светец.

4. Никогаш не треба да се поставуваат прашања со цел да се тестираат Светците. Ако некој се обидува да ги тестира Светците, тоа укажува на чувство на супериорност во тргачот, со што се блокира ставот на учење, да се научи нешто од Светецот или примање на Неговата милост.

5. Светците подучуваат на разни начини, како што се Нивните зборови, дела, цитати, хуморот, тестови, духовни искуства, итн. Што значи дека треба да го задржиме ставот на учење како за да ги впиеме Нивните учења колку што е можно повеќе. Исто така, треба да се направат искрени напори за да се научат, разберат и применат во пракса учењата. Светците ги водат само оние кои сакаат да го практикуваат наученото.

6. Понекогаш Светците може да не опоменат или критикуваат, но ние не треба да се чувствуваме повредени или навредени, но наместо тоа да се чувствуваме благодарни бидејќи тоа Тие го направиле со намера да не поправат. Треба да сфатиме дека Нивното поправање е направено со намера да не поучат и често да го уништат нашето его, и соодветно на тоа, треба да го проучуваме исправувањето да научиме и да видиме како може да се подобриме. Еден Светец опоменува (прекорува) трагач само за да трагачот духовно расте.

7. Кога посетуваме Светец не треба да имаме било какви очекувања, особено од световна природа, дури и ако некои Светци може да одговорат на тоа или дадат благослов за световни потреби. Важно е кога ќе се посети Светец да се отиде со духовен став со цел да се добие упатство и благослов за обавување духовна пракса, наместо да се добие благослов за материјални корист.

8. Лицето треба да ја користи секоја прилика да му служи на Светец, Бидејќи тоа е прилика да му служи на манифестираната форма на Бога. Исто како што е ширење на Духовноста (што е служење на не-манифестираната форма на Бога) служење на Светец е исто така, важно за нашиот духовен раст.

4. Придобивки добиени од Сатсангот со Светци

4.1 Примање благослов и индивидуални упатства за духовна пракса

Светеците се олицетворени на љубов без очекување и нивната единствена грижа е духовниот напредок на трагачот кој има интензивна желба за спознание на Бога. Светците поединечно ги упатуваат трагачите за време на Нивнот Сатсанг. Тие знаат точно што му е потребно на еден трагач за да напредува и оттука даваат упатување за соодветната духовна пракса. Трагачот кој послушно применува во пракса сето тоа што е кажано од страна на Светците, е истуширан од Неговата/Нејзината милост и напредува на духовниот пат.

Во Духовноста, да се напредува брзо е многу важно да се изврши било каква задача што ни ја дава Светецот, веднаш и безусловно. Послушност значи моментално, целосно и безусловно прифаќање и извршување на даденото упатство. Максимална придобивка се добива кога послушноста е потполна. Еден трагач во почетните фази на духовна пракса нема да може да практикува потполна послушност; затоа, тој треба да се обиде да биде послушен колку што може. Дури и ако не се разбира или согласува со насочувањето (упатувањето) или се чувствува дека неможе да го направи тоа, лицето сепак и покрај тоа треба да направи, само затоа што Свтецот го замолил да го направи тоа. На овој начин, умот на трагачот се подложува на распаѓање, со што се овозможува на трагачот да се поврзе со Универзалниот Ум на Бога и доживее повеќе Блаженство.

4.2 Впивање на Божествена свесност

Светците се складишта на Божествена свесност (Чаитанија). Само поради нивното присуство, луѓето со кои ќе дојдат во контакт, околната атмосфера и предметите кои доаѓаат во контакт со нив се исполнуваат со сатвик. Многу предмети користени од страна на Светците од SSRF покажуваат суптилни позитивни промени.

За време на Сатсангот со Светци, атмосферата е исполнета со сатвик, па присутните трагачи впиваат сатвик и Божествена свесност која се емитува од Светците и следствено на тоа, сатвикот во трагачот се зголемува бидејќи престојува во друштво на Светци.

4.3 Духовно исцелување

Забележано е дека за време на Сатсангот со Светци, трагачите кои се под влијание или опседнати од негативни енергии почнуваат да се манифестираат. Ова се случува поради фактот дека негативната енергија не може да ја толерира зголемената сатва која се емитува од Светецот. Се развива борба помеѓу сатвата на Светецот и Раѓа-Тамата на негативната енергија и ова резултира во манифестирање на ентитетот којшто го опседнал лицето. Кога таквиот ентитет ќе се манифестира, тој ја губи својата црна енергија, што пак за возврат му помага на трагачот.

4.4 Акумулираната сметка и судбина се поништува со милоста на Светците

Секогаш кога ќе посетиме Светец, треба да ја користиме таа прилика за жртвување. Бидејќи Светците се манифестирана форма на Бога, жртвување богатство на Светци или за нивната мисија за ширење на Духовноста, се намалува нечија акумулирана сметка (санчит) и се зголемува способноста да се поднесе судбината (парадба). Затоа лицето треба да им понуди на Светците се што може, со чувство на благодарност бидејќи му е дадена прилика да го стори тоа и без его дека тој му помага на Светецот или Неговата мисија.

4.5 Се случува духовен напредок

Најважното нешто што се случува кога имаме редовен Сатсанг со Светци е дека нашиот духовен напредок се одвива поради сите точки дискутирани погоре. Соодветно на тоа еден трагач треба да вложи максимален напор во практикување на Духовноста со цел да го добие благословот да биде во друштво на Светец.