SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување кај лекувањето на физичките и психијатриските болести.
На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своја проценка.
1. Вовед – како да се направи Свет пепел (Вибути)
Свет пепел добиен од SSRF миризливите стапчиња е многу добра и корисна метода за духовно исцелување, која можеме сами на себе да ја примениме и која може рутински да се користи да се добие позитивна енергија, како и да се добие ослободување од нарушувањето од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Пепелот добиен од палењето на SSRF миризливите стапчиња е Свет, бидејќи:
-
SSRF миризливите стапчиња се направени од сатвик состојки и кога тие ќе се запалат тие се изложени на Апосолутниот Принцип Оган. Па така, пепелот произведен од сатвик состојките, плус Апсолутниот Принцип Оган, произведува пепел кој има релативно високо ниво на сатвик, во споредба со другите неживи објекти и оттука е познат како “Свет пепел”.
-
Исто така, содржи специфичен аспект на Бога (Божествен Принцип) кој е привлечен од страна на специфичниот мирис користен во SSRF миризливите стапчиња. Затоа е најдобро да се собира и чува овој пепел.
Ве молиме погледнете ги написите:
2. Како се добива и собира Свет пепел (Вибути) од SSRF миризливите стапчиња?
Да направите Свет пепел ќе ви биде потребно:
-
SSRF миризливо стапче
-
Држач за миризливи стапчиња
-
Сад во кој ќе го собирате Светиот пепел и
-
Запалка
За да се здобиете со максимална придобивка, обидете се да имате постојан став на почитување во текот на целата процедура, бидејќи овие миризливи стапчиња го привлекуваат специфичниот аспект на Бога кој ќе ви помогне при духовното исцелување. Нека вашите акции, мисли и став бидат во склад како всушност да можете да го согледате Божјото присуство.
-
Започнете со молитва да специфичниот аспект на Бога привлечен од страна на SSRF миризливите стапчиња биде максимално присутен.
-
Извадете едно SSRF миризливо стапче од кутијата и запалете го со запалка.
-
Потоа ставете го миризливото стапче во држачот за стапчиња.
-
Во просек едно SSRF миризливо стапче гори за 40-45 минути.
-
Откако SSRF миризливото стапче ќе изгори, соберете го Светиот пепел со вашата десна рака што е можно поскоро и чувајте го во чист сад за понатамошна употреба.