MKD-How-Can-We-Help-Our-Departed-Family-Members

Кога членови на семејството ќе починат, им оддаваме почит во зависност од нашата култура и традиција со:

  • носење цвеќе на гробиштата,
  • објавување некролог или помен во весниците, или
  • држење на фотографија од покојникот во домот

Сепак, сите овие најчесто практикувани обреди немаат никакво значење во помогањето на нашите членови од семејството во животот после смртта, всушност дури може да биде доста штетно за нив. Во табелата подолу, прикажавме компаративната важност на некои од вообичаените обреди и практики кои потомоците ги прават за своите преминати предци. Бројките дадени во табелата подолу се релевантни за лица кои се на духовно ниво под 40%. Како што духовното ниво на едно лице почнува да се зголемува над 40%, компаративната придобивка на активностите во табелата може да варира. Ова знаење е добиено преку духовно истражување.

Обред Компаративна придобивка во %
Пишување некролог за починатиот 0%
Најмување лица кои професионално глумат тажалки и пеат жалнопојки Негативно влијание2
Држење говор за време на погребот 0%
Држење слика на преминатиот во куќата Негативно влијание
Посетување на гробот и оставање цвекиња Негативно влијание
Носење црна облека одреден период по погребот 0%
Подигање споменик во име на покојникот Негативно влијание
Молитви за покојникот од семејството и саканите 10%
Пеење “Шри Гурудев Датта“, заштитната пеаница1 100%

Фусноти:

  1. Конечната придобивка од пеењето на пеаницата Шри Гурудев Датта, зависи од различни фактори како што е бројот на повторување на пеаницата, односно колку пати истата е изговорена за да се спротвстави на попречувањата од страна на суптилните тела на преминатите предци, редовноста на пеењето, концентрацијата при пеењето, духовната емоцоја и верата на лицето кое пее, итн.
  2. ‘Негативно влијание’ значи дека таквите практики можат да придонесат неодамна починатото суптилно тело на преминатиот предок, емотивно да се врзат за неговиот претходен живот на Земјата. Негативните енергии ја користат оваа врзаност како би ги контролирале суптилните тела на преминатите предци и да ги спречат од понатамошно напредување во животот после смртта. Ова особено се однесува на преминатите предци кои имаат ниско духовно ниво.

1. Духовна заштитна пеаница Шри Гурудев Дата

За моментална помош на предците, препорачуваме пеење (повторување) на пеаницата за духовна заштита – Шри Гурудев Дата. За подобро разбирање, ве молиме да го прочитате написот: ’Што претставува пеаницата за духовна заштита – Шри Гурудев Дата?’.

2. Подложност за попречување на телото на покојникот и суптилното тело во моментот на смртта

MKD_State-of-the-body

Во моментот на смртта од мртвото тело се ослободуваат гасови. Тие гасови обично се физички гасови што ги испушта телото, како што се гасовите настанати со распаѓање, итн. Нивните фреквенции и вибрации се по природа негативни и како резултат на создавањето на гасовите, се зголемува Тама компонентата во околината. Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.), привлечени од тие негативни фреквенции, го искористуваат тој момент и влегуваат во околината околу мртвото тело.

Го попречуваат мртвото тело, со воспоставување контрола над петте витални енергии и суб-витални енергии коишто, во моментот на смртта, се во процес на отпуштање во Универзумот. Создаваат црна енергија во форма на чад околу мртвото тело, го обиколуваат и формираат црна обвивка околу него. Поради попречувањето од духовите, црната енергија влегува во мртвото тело и тоа се исполнува со негативни фреквенции.

MKD_Pulling-subtle-body

MKD_control-subtle-body

Кога духовите воспостават контрола над петте витални и суб-витални енергии, тогаш почнуваат да создаваат и праќаат витли од црна енергија, со цел да го фатат суптилното тело во стапица. Така суптилното тело на преминатиот предок го вовлекуваат во негативното поле. Кога го фатат суптилното тело во мрежата од црна енергија, тие така му создаваат пречки во патувањето во животот после смртта. После некое време, многу духови влијаат врз суптилното тело, создавајќи витли од црна енергија и преземаат целосна контрола над него. На тој начин, духовите систематски преземаат контрола над мртвото и суптилното тело на преминатиот предок.

Духовната наука препорачува да се вршат специфични ритуали во моментот на смртта, за да се заштитат телото и суптилното тело, од можното влијание на духовите. Во многу случаи, луѓето, или не знаат за тие ритуали, или не знаат исправно да ги спроведат.

3. Придобивки од пеењето ’Шри Гурудев Дата’

Основни придобивки од повторувањето на пеаницата за духовна заштита – Шри Гурудев Дата

MKD_chanting-body

  • Намалување на раѓа-тама: Божеството Дата е аспект на Бога кое што ги поттикнува предците. Преку пеаницата ’Шри Гурудев Дата’ се создаваат многу сјајни фреквенции. Овие фреквенции го намалуваат интензитетот на присутните желби околу суптилното тело на преминатиот предок. Тоа влијае на намалување на раѓа-тама во суптилното тело, а според тоа и намалување на тежината. Ова му овозможува на суптилното тело да добие енергетски замав за своето понатамошно патување.
  • Заштитна обвивка: Заштитна обвивка се формира околу суптилното и физичкото тело. Заштитната обвивка заштитува од духовите.
  • Поттикнување: Приврзаноста во форма на желби исто така се намалува, и така суптилното тело е во состојба да го помине регионот на Земјата во пократок временски период.
  • Духовно прочистување на околината: Како последица од пеењето, во атмосферата се создаваат честички од Божествена свесност. Суптилното тело на неодамна преминатиот предок добива придобивки од тие честички. Сите луѓе што вршат пеење (повторување) исто така се заштитени од негативните фреквенции присутни во атмосферата.
  • Трајна заштита: Со постојано секојдневно повторување на пеаницата ’Шри Гурудев Дата’ се заштитуваме од попречувањата предизвикани од нашите предци. Исто така помагаме на нашите предци во животот после смртта, обезбедувајќи го со неопходната сатва компонента, за да можат да продолжат понатаму во духовната димензија.

4. Кој од предците ќе има придобивки од пеењето?

Предокот кој што највеќе вознемирува, ќе добие максимална придобивка и приоритет во духовната помош создадена со заштитната пеаница ’Шри Гурудев Дата’.