1.-MKD_Evil-Eye-LP

 

1. Урок – Вовед

Многу култури низ светот веруваат дека преку нашите мисли или по пат на завидлив поглед, едно лице е во состојба да предизвика штета кај друго лице, во форма на болест, повреда па дури и смрт. Иако постојат многу различни термини за овој феномен, ние ќе го користиме терминот “Урок” во овој напис.

Во нашите серија написи за уроци, појаснуваме што е урок, како можеме да бидеме погодени од урок, кои симптоми може да ги доживееме доколку сме погодени од урок, и што можеме да направиме за да го отстраниме.

2. Што е урок?

Урок е термин кој се користи да се опише процесот кога едно лице е погодено од Раѓа-Тама вибрациите од друго лице. Другото лице може да не урочи намерно или ненамерно.

Во денешниот конкурентен и материјален свет, повеќето луѓе имаат персонални дефекти и пороци како што се љубомора, глад за публицитет итн. Раѓа-Тама вибрациите генерирани од овие пороци имаат духовно нарушувачки ефект врз нас. Тоа е она што го нарекуваме како да се биде погоден од урок. Нарушувањата кои настануваат поради тоа што сме под влијание или опседнати од негативните енергии (духови, демони, ѓаволи итн.) е исто така еден вид на попреченост од уроци.

Многу луѓе сметаат дека урокот е чисто празноверие и феномен за кој нема рационално објаснување, тие не можат да препознаат или разберат како различните аспекти на духовната димензија може да имаат директен ефект врз нас. Преку нашето истражување за различните методи и постапки за да се отстрани урокот, ние откривме дека лицата врз кои беа спроведени методите за отстранување на уроците, доживеале моментално олеснување од различни проблеми кои ги мачеле, и кои не можеа да бидат отстранети од страна на конвенционалните начини.

3. Кој или што се може да биде погодено од урок?

Урок може да се фрли на било кој и на било што. Ова вклучува физички лица, животни, растенија, како и неживи објекти.

4. Како едно лице бива погодено од урок?

Трагач којшто има високо развиено шесто сетило, или способност за над-сетилна перцепција, те. способност за духовно восприемање, г-ѓа Пријанка Лотликар, го нацрта следниов цртеж заснован на суптилното знаење, што го опишува суптилниот ефект фрлање на урок. Го прикажува суптилниот процес кој го забележала кога едно лице фрла урок на друго.

2.-MKD_Evil-Eye---subtle-pic

 

Желбено ориентираните бранови кои се создаваат во едно лице поврзани со друго лице, се пренесуваат на тоа лице и на него се фрла урок. Од цртежот заснован на суптилното-знаење, можеме да видиме дека протокот на енергија пренесена на другата личност е раѓа-тама и го напаѓа физичкото тело (Штула-деха), виталното тело (Пран-деха), менталното тело (Мано-деха), и казуалното тело (Махакаран-деха). Ова создава една суптилна вознемирувачка покривка (обвивка од црна енергија) околу лицето и како последица на тоа лицето доживува нарушувања.

Подолу се наведени некои од предизвикувачите за фрлање на урок.

4.1 По пат на желбени мисли

Понекогаш кога луѓето ќе здогледаат насмеано и здраво дете, тие несвесно имаат желбено ориентирани мисли. Бидејќи овие мисли се раѓа-тама преовладувачки, детето бива погодено негативно бидејќи неговото суптилно тело е многу чувствително.

Друг пример е кога жена носи провокативна облека. Личноста од спротивниот пол може да има желбени мисли за неа. Кога овие мисли се создаваат во умот, тие ја зголемуваат раѓа-тамата во личноста која ги има овие желбени мисли, и го погодуваат загриженото женско лице и другите во човековата околина.

4.2 По пат на завидливи мисли

Во некои ситуации, поединец или негативна енергија добива лоши мисли за некое друго лице, животно или некој предмет или му завидува на некое лице поради неговиот успех. Негатвните вибрации кои се создаваат поради ова, влијаат врз поединецот, животното или предметот.

Една госпоѓа се разболела по натпреварот во танц, на кој таа го освоила првото место, и останала прикована за креветот веќе наредниот ден. Откако нејзината мајка го применила методот за отстранување на урок, таа веднаш оздравела. Заради тоа што таа го освоила првото место во натпреварот, кај другите кои се натпреварувале против неа се создале завидливи мисли кон неа, и ова директно влијаело врз неа.

4.3 Преку црна магија

Црна магија е термин кој се користи да се опише метод во кој се применуваат специфични мантри и алатки со одредена цел да се предизвика штета кај друга личност. Постојат некои луѓе во општеството, како и негативни енергии од повисоки нивоа кои применуваат постапки за црна магија.

Во случај да некој биде погоден од урок на некој друг начин а не по пат на црна магија, моќта на намерата на лицето кое го фрлиило урокот може да биде до 30%, меѓутоа доколку урокот е фрлен по пат на црна магија, моќта на намерата е над 30% и е потешка.

4.4 Преку негативните енергии

Црна енергија: Примарното оружје што го користат негативните енергии е црната енергија, односно духовна енергија која што има моќ да манипулира со секој процес во регионот на Земјата. Обемот на овие манипулации зависи од силата на нападите од негативните енергии (духовите, демоните, ѓаволите, итн.).

Лицата кои што се под влијание на негативните енергии, врз нив влијае вознемирувачката енергија која се ослободува од негативните енергии. Ова е исто така една форма да се биде под влијание на урок.

Трагачите по Бога кои вршат духовна пракса заради ширење на духовноста (самашти садна) се наоѓаат во центарот на вниманието на негативните енергии. Како што тие работат кон воспоставување на Божественото Кралство, негативните енергии кои сакаат да се воспостави Демонско Кралство дејствуваат за да предизвикаат нарушувања кај трагачите.

И покрај нападите од негативните енергии, трагачите по Бога имаат пристап до Божествена заштита и нивната духовна пракса им овозможува да ги надминат нарушувањата и пречките поставени од страна на негативните енергии.

4.5 Од што зависи силата на урокот?

Табелата подолу дава споредба на различни извори на попреченост од уроци, нивниот интензитет и духовната сила која стои зад нив.

Извор на попреченост од урок

Интензитет на ефектот од урокот

Интензитет на ефектот е зависен од

Желбени и завидливи мисли Најмалку Силата на волјата на лицето кое го фрла урокот
Црна магија Повеќе Духовната сила на лицето кое се бави со црна магија
Негативни енергии Највеќе Духовната сила на негативниот ентитет

5. Симптоми на попреченост од урок

Некои симптоми кога едно лице е погодено од урок вклучуваат:

Физички проблеми Зависности, болести кои се повторуваат, периодични кожни болести, тешка главоболка, болки во ушите, болки во очите, несвестици, вкочанетост на екстремитетите, аритмии, намалување на топлината на телото, и доживува слабост
Ментални проблеми Постојана напнатост и депресија, прекумерен страв, зголемување на непотребни мисли и сомнежи за другите
Образовни проблеми Паѓање на испити и  покрај напорното сериозно учење, заборавеност и покрај добриот интелект
Финансиски проблеми Неможност да се најде работа, неуспех во бизнисот, периодични финансиски загуби или да се биде жртва на измама
Брачни и фамилијарни проблеми Неможност да се стапи во брак, брачен раздор, предвремено породување, раѓање на ментално или телесно инвалидизирано дете, деца умираат во млада возраст

Симптомите кога едно лице е погодено од урок се многу слични со уште еден духовен проблем, познат како проблеми со суптилните тела на преминатите предци. Само духовно напреднато лице (над 70% духовно ниво), ќе биде во можност да ја знае вистинската духовна причина за проблемот со кој се соочуваме. Оттука, ќе биде најдобро да се спроведат методи за проблеми со суптилните тела на преминатите предци и за уроци, доколку имате некои од горенаведените симптоми.

6. Урок во денешно време

Во сегашната ера Калијуга, бидејќи поголемиот дел од луѓето не вршат духовна пракса, Тама-компонентата во луѓето и во човековата околина е многу висока. Различни импресии во умот како алчноста, љубомора, итн. се предоминантни и многу луѓе се силно врзани за световните работи. Сите овие мисли се поврзани со желбено-ориентираните одговори. Бидејќи овие импресии и желби се доминантни во денешното општество, Тама компонентата од нив влијае врз секој човек на еден или друг начин. Поради овие причини и бидејќи активноста на негативните енергии е исто така висока, појавата на уроци во денешните времиња е висока.

7. Методи за отстранување на уроци и важноста на духовната пракса како средство за заштита од уроци

Постојат различни методи за отстранување на уроци со користење на различни супстанци кои имаат способност да апсорбираат негативни вибрации. После тоа, супстанциите се изгоруваат или потопуваат во вода.
Во другите наши написи опишуваме начини за отстранување на уроците, и во детали опишуваме различни методи кои може да се применат:

Овие методи вклучуваат:

Додека горенаведените методи се ефикасни во постигнување на моментално олеснување од ефектот на урокот, тие претставуваат само привремено решение, бидејќи лицето може поново да биде погодено од урок, дури и кога се ослободило од урокот. Со вршење на редовна духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовноста, околу нас се формира суптилен штит кој не штити од уроци, и ние имаме способност да ги впиваме Божествените бранови од атмосферата во многу поголема мера.

Забелешка: Свет текст на Духовната наука која се заснова на попреченост од уроци и методи за нивно отстранување, наскоро ќе биде достапен преку нашата online продавница.