1. Вовед
Во написот ’Што се тоа заслуги и гревови’ објаснивме дека гревот е последица на ониe дејствиа, кои што довеле до нечие страдање во било која смисла на тој збор.
Во овој напис ги објаснуваме последиците или казните, со кои што се соочуваат оние кои што ќе сторат гревови.
2. Зошто луѓето кои прават гревови поминуваат неказнето?
Гледаме дека криминалците, корумпираните луѓе или службениците, итн. кои што прават разни погрешни постапки, уживаат во луксузен живот. Зошто таквите луѓе не се казнети за своите гревови, е прашање кое што вознемирува многу луѓе.
Таквите луѓе се среќни поради заслугите од претходниот живот. Ниту самиот Бог не може ништо да направи, додека нивните заслуги не се проживеат и со тоа потрошат. Меѓутоа, кога тој збир на заслуги ќе се потроши, тие ќе се соочат со последиците од своите гревови и тоа, во форма на болести, сиромаштво, страдање во Пеколот после смртта, итн. Накратко, никој не може да ги избегне последиците од гревовите.
И покрај заслугите од претходниот живот, а со оглед дека таквите луѓе имаат зли намери, духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) ја преземаат контролата над нивниот ум и интелект и ги зголемуваат нивните недостатоци на карактерот. Како резултат на тоа, тие прават се повеќе гревови и така го исцрпуваат својот вкупен збир на заслугите многу брзо. Кога заслугите ќе се потрошат, духовите ги опседнуваат таквите луѓе, ги земаат под своја контрола и им задаваат болки по пат на болести.
3. Страдање во животот после смртта
Информации за страдањето после смртта во разните региони на Пеколот се дадени во нашиот напис за животот после смртта.
4. Страдање после смртта и понатамошното патување
Кога еднаш веќе завршат страдањата во Пеколот, дали е тоа крај на страдањата на луѓето кои што сториле гревови?
Одговорот е дека, нивното понатамошно патување продолжува на еден од двата начини кои што се изнесени во продолжение на написот.
4.1 Доколку биле извршени помалку гревови
После неколку години на страдање и сиромаштво, ставот на грешниците постепено се менува. Тие стануваат сочувствителни кон сиромашните. Нивната совест станува исполнета со љубов кон другите. После неколку животи, нивната себичност се намалува и тие ја прифаќаат доблеста на љубовта. Значи, таквите луѓе почнуваат да се развиваат духовно во вистинска смисла на зборот, ги зајакнуваат доблестите како што се љубезноста и хуманоста.
Во овој случај страдањата што ги поминале овие луѓе, имаат за цел нивна промена на подобро.
4.2 Ако биле извршени многу гревови
Екстремните грешници, кои што погрешно го користеле својот живот во човечка форма, не се раѓаат во човечка форма неколку илјади години. После страдањето во Пеколот, некои од овие лица се раѓаат на следниве начини:
- Живеат животи како дрвја или камења
- Се раѓаат во форма на инсекти
- Се раѓаат во форма на риби, мршојадци, лилјаци и др.
- Се раѓаат во форма на животни кои што носат товар (ако вкупниот збир на гревови е голем, потребно е да се раѓаат во оваа форма и триесет до четириесет пати. После тоа се раѓаат во многу сиромашно семејство, каде што сите мораат да работат за да опстанат).
- Се раѓаат како грозни, хендикепирани или болни лица
- Страдаат од некои неизлечливи болести, како што се некои видови на рак
- Стануваат просјаци
Од ова се види дека луѓето кои што прават гревови, дека сигурно се казнети и дека издржувањето на казната е единствен начин казната да се плати. Преку овој процес, им е дадена можност да се променат и доколку не прават повеќе гревови, да се ослободат од циклусот на казната.
5. Болести и тешкотии со кои се соочуваат оние кои што извршиле грешни дела
Во следната табела се прикажани некои видови на гревови и нивните последици во подоцнежните животи или во животот после смртта.
Последици со кои што мораме да се соочиме во наредниот живот или Пеколот поради сторените гревови
Грев што го сторила жена |
Ако се роди како човечко битие |
Ако се роди како животно |
|
---|---|---|---|
Недолично однесување кон мажот |
Налутено разговарање со мажот |
Глувост, сиромаштија во седум животи |
Кучка (женка на куче) |
Јаде сама, не дели со мажот |
– |
Лилјак кој што прво јаде црви, а потоа и своите излачувања |
|
Прељуба |
Страсно гледање други мажи |
Сиромаштија, кривогледост |
– |
Чин на прељуба |
– |
Кучка (женка на куче) |
Грев што го сторил маж |
Ако се роди како човечко битие |
Ако се роди како животно |
|
---|---|---|---|
Втор брак |
Лоша среќа во седум животи |
– |
|
Принудување жената на абортус |
Неплодност, а ако добие син, синот нема долго да живее |
– |
|
Прељуба |
Страсно гледање други жени |
Болест на очите |
– |
Физичка врска со жената на пријателот |
– |
Куче |
|
Физичка врска со жената на братот |
– |
Магаре, па раѓање како змија и на крај во Пеколот |
Гревови и на жените и на мажите |
Ако се роди како човечко битие |
Ако се роди како животно |
---|---|---|
Критикување на другите религии |
Сиромаштија |
– |
Забележување како некој друг многу јаде |
Слепило |
– |
Постојано изнесување на туѓи слабости |
Срцева болест |
– |
Пријателство со грешници |
– |
Магаре |
Предавство |
Повраќање по јадењето |
– |
Табелата во прилог дава детални објаснувања за последиците од гревовите сторени со кражби.
Кражба |
Ако се роди како човечко битие |
Ако се роди како животно |
---|---|---|
Општа кражба |
Лоши нокти |
– |
Вода |
– |
Врана |
Овошје |
Грдост |
Диво животно |
Млеко |
Лепра |
– |
Мед |
– |
Орел |
Храна |
Болест на слезината |
– |
Облека, бакар, железо, памук и сол |
Витилиго (болест на кожата) |
– |
Домашни алатки и садови |
– |
Врана |
Книги |
Слепило |
– |
Злато |
Болести на мочните канали, шеќерна болест |
Црв, инсект |
Работи од мртовечкиот одар |
Доживотен затвор |
– |
Пари што припаѓаат на општеството |
Туберкулоза на лимфните јазли на вратот |
– |
6. Заклучок – последици од гревовите
Лицето кое што сторило грев, мора да се соочи со последиците од тој грев. Ако не го доживее во овој живот, можно е да го доживее во животот после смртта или од некој од наредните животи. Ако имаме исправен став кон последиците од гревовите кои што ги преживуваме, тоа ќе не менува на подобро и направи да растеме духовно. Покајанието за надминување на гревовите исто така може да помогне во овој процес.