Вовед:
За пофалба е фактот дека астрологијата како наука, може да го согледа суптилниот свет и судбината, кои се надвор од сфаќањето на современата наука. Со методите за истражување засновано на духовната наука, потврдено е дека максималната точност на астрологијата е 30%. Степенот на точноста на интерпретирањето на астрологот, може да биде зголемен само со духовна пракса.
Содржина
- 1. Вовед во точноста на астрологијата
- 2. За астрологијата
- 3. Аргументи на модерната наука за прашањето на сигурноста и неточноста на астрологијата
- 3.1 Што е со слободната волја?
- 3.2 Нема стандардизирано толкување
- 3.3 Премногу воопштена
- 3.4 Не ги користи сите планети
- 3.5 Поместување на констелацијата на ѕвездите
- 3.6 Останати фактори кои што влијаат на раѓањето на детето
- 3.7 Зошто моментот на раѓањето, а не зачнувањето е важен за поставување на наталната карта во астрологијата?
- 3.8 Статистички докази
- 4. Некои религии ја негираат астрологијата
- 5. Духовна перспектива за точноста и сигурноста на астрологијата
- 6. Заклучок
1. Вовед во точноста на астрологијата
Од дамнешни времиња, концептот дека небеските тела го утврдуваат планот на нашата иднина, го фасцинира човештвото. Човечката ’романса’ со астрологијата се протега од рамнодушните погледи во хороскопите во дневните списанија, до донесувањето на животно важните одлуки како што се венчавањето, финансиските вложувања или дури медицинските одлуки по советите на астрологот. Познато е дека и некои државници ги консултираат астролозите, за полесно донесување на одлуки, кои можат да влијаат на текот на историјата.
Значи, колкава е точноста на астрологијата во предвидувањето на иднината, или донесување на одлуките? Со истражувањето засновано на духовната наука, кое што го изнесуваме овде, настојуваме да помогнеме во разјаснувањето на ова прашање. Нудиме и духовна перспектива, за точноста на астрологијата и параметрите кои што ја допираат.
Она што е интересно во врска со астрологијата, е дека астролозите се обидуваат да ја откријат судбината на човекот, само врз основа на неколку податоци како што се датумот на раѓање и географската должина и ширина на местото на раѓање. Астролозите се обидуваат да дадат податоци за одредени аспекти на нашиот живот. Во прашање може да биде да речеме астролошката причина за одредени болести или тешкотии, стапувањето во брак на пример, потоа најдобар период за почеток на деловен или било кој друг потфат, или прашања од национален интерес.
Според духовната наука, судбината е оној дел од нашите животи, кој што е предодреден пред нашето раѓање. Сите важни случувања во нашиот живот се предодредени, како што се родителите кај кои се раѓаме, лицата со кои се венчаваме, или болеста од која можеме да боледуваме. Судбината во својата суштина е духовна категорија и не може да биде сфатена со помош на петте сетила, умот и интелектот.
Фактот дека астролозите тврдат дека можат да ја предвидат нашата судбина со помош на астролошката наука и малку интуиција1, го привлече нашето внимание, па одлучивме да го истражиме овој систем на знаење.
1Видете го делот 5.5.2
2. За астрологијата
2.1 Што е астрологијата?
Откривме дека постојат разни дефиниции за астрологијата, зависно од човечкото сфаќање за таа материја. Тие го опфаќаат следното:
Астрологијата е сложен систем на знаење, изложен во томови од книги, кои што содржат многу смели калкулации, базирани на позициите на ѕвездите и планетите и нивното меѓу-дејство на разните феномени на Земјата, вклучувајќи го и човечкиот живот. (Referenca: vedic.indastro.com, 2006. godine)
„Астрологијата не нуди објаснување на законите на Универзумот, ниту зошто Универзумот постои. Едноставно речено, таа се обидува да го покаже постоењето на усогласеноста помеѓу макрокосмосот и микрокосмосот. Накратко, дека постои ритам на Универзумот, и дека човечкиот живот исто така е дел од тој ритам.“ (Хенри Милер – Referenca: elore.com, февруари 2006. година)
Астрологијата е древна пракса која претпоставува, дека позициите на ѕвездите и планетите имаат директно влијание врз луѓето и настаните. На пример, текот на животот на едно лице може да биде прикажан со утврдување на позициите на ѕвездите и планетите на денот на неговото раѓање. Мапата со помош на која ова се обидува да се постигне, позната е како хороскоп. (Referenca: greatcom.org)
Некои од најчестите фрази кои што ги пронајдовме се:
• Односот помеѓу позициите на ѕвездите и планетите и феномените на Земјата вклучувајќи го човечкиот живот.
• Постои корелација помеѓу макрокосмосот и микрокосмосот.
• Позицијата на ѕвездите и планетите директно влијае на луѓето и настаните.
Иако постојат многу дефиниции за астрологијата, постои сложеност во тврдењето дека за секој хороскоп, датумот на раѓање е основна појдовна точка, токму и како местото на раѓање (географската должина и ширина на местото на раѓање).
2.2 Како се користи астрологијата?
Преку овие истражувања утврдивме дека постојат многу видови на астрологија и нивната главната примена го опфаќа следното:
Примена и употреба | Значење |
---|---|
Предвидување | Знаење за тоа што не очекува |
Дијагноза | Служи како помош во решавање на тешки медицински случаи, односно дава разбирање на причината за било која тешкотија која што влијае на нашиот живот. На пример, лицето може да му постави прашање на астрологот, зошто постојано се соочува со финансиски тешкотии и покрај добрите примања. |
Основна природа и компатибилност | Разбирање за природата на карактерот на некое лице и неговата складност со работата, или со животниот партнер врз основа на зодијачките знаци во хороскопот. |
Донесување на одлуки | Ова ги вклучува препораките за најповолниот период за планирање на важни настани, како венчавање или започнување на нова работа, и одговори на прецизни прашања во врска со тоа. |
Во делот на духовната перспектива, ги обработивме деталите на точноста на овие примени на астрологијата.
Исто така е важно да додадеме, дека зависно од оној кај кого одиме по помош во решавање на нашите проблеми, методот на проучување на причините за проблемите ќе биде различен. Постои стих на Санскрит (древен индиски јазик) кој вели дека во случај на било која тешкотија:
Ако консултирате лице кое се занимава со науката Ајурведа, или видија (Ајурведски лекар), тој ќе рече дека тоа е поради нерамнотежата на течностите во желудникот, слузта и ветрот.
Ако консултирате астролог, тој ќе ви рече дека тоа е поради одредените позиции на ѕвездите и планетите.
Ако го консултирате лекарот, тој ќе ви рече дека тоа е поради болеста која што го зафатила одреден дел од телото.
Ако консултирате духовно возвишено лице, тоа ќе ви рече дека тоа е последица на судбината.
На кое толкување треба да веруваме?
Според духовната наука, одговорот е дека сите одговори се точни, затоа што овие одговори не се меѓусебно исклучиви, ниту различни еден од друг, тие се само различни изразувања на една вистина, која што е основа на тешкотијата. На пример, она што некому ќе му се случи според судбината, може да биде објаснето и со положбата на ѕвездите и планетите.
3. Аргументи на модерната наука за прашањето на сигурноста и неточноста на астрологијата
Тврдењето во дефинициите на астролозите во делот 2.1, на пример дека астрологијата е способна да ја предвиди иднината, отвора далекусежни можности. Но нејзината точност и сигурност во голема мера ја оспоруваат некои религии и модерни науки. Модерните науки ја сметаат астрологијата за лажна, или псевдо наука.
Со истражувањето откривме многу приговори на сметка на Астрологијата. Некои од главните аргументи на модерната наука за сигурноста и точноста на астрологијата се:
3.1 Што е со слободната волја?
Ако позицијата на планетите (макро-космосот), влијае и прави соодветни реакции на човекот (микро-космосот), тоа човекот го прави пион во Универзумот, правејќи го неговиот живот и активностите предодредени и без алтернатива. Што е со слободната волја да можеме сами да одлучуваме за својата иднина?
3.2 Нема стандардизирано толкување
Постојат многу астролошки системи и секој од нив има свои методи дијаметрално различни од другите. Не постои сличност во стандардите на толкување. На пример, астролозите на запад нема да го толкуваат хороскопот на ист начин како кинеските астролози.
3.3 Премногу воопштена
Повеќето предвидувања во однесувањето и личните карактеристики се толку генерализирани, барем делумно да не бидат точни.
3.4 Не ги користи сите планети
Основата на астрологијата се темели на бројот на планетите во нашиот сончев систем. Повеќето астролошки карти се засноваат на тврдењето дека има седум планети во нашиот сончев систем (вклучувајќи ги Сонцето и Месечината). Во древните времиња Уран, Нептун и Плутон не можеле да се видат со голо око. Затоа астролозите го базирале својот систем на седум планети, за кои верувале дека се вртат околу Земјата.
После е утврдено дека Сонцето, а не Земјата, се наоѓа во средината на Сончевиот систем, и дека трите преостанати планети исто така постојат во нашиот сончев систем. Според астролошката теорија (дека позициите на планетите имаат неоспорно влијание на човечкото однесување и случувањата), трите претходно неоткриени планети, би требало исто така да имаат влијание на однесувањето на луѓето, и би требало да се земат во разгледувањето во толкувањето на одреден хороскоп.
3.5 Поместување на констелацијата на ѕвездите
Астрологијата не е наука затоа што не ги зема во предвид појавите на прецесија, или поместување на констелациите. Поранешните астрономи не биле свесни за прецесијата, и со тоа пропуштиле тоа да го земат во предвид во својот систем. Дванасетте зодијачки знаци изворно кореспондирале со дванаесетте истоимени констелации. Меѓутоа, поради прецесијата, констелациите се поместиле во последните 2000 години. Тоа значи дека соѕвездието Девица сега е во знакот на Вага, соѕвездието Вага во знакот на скорпија, и така натаму.
3.6 Останати фактори кои што влијаат на раѓањето на детето
Астрологијата ги игнорира другите гравитациски сили, на пример, гравитациската сила која лекарот ја користи во пораѓањето на жена, за да го извлече детето во породувањето, е околу шест пати поголема од гравитациската сила на Марс. (Referenca: Hugh Ross, Ph.D)
3.7 Зошто моментот на раѓањето, а не зачнувањето е важен за поставување на наталната карта во астрологијата?
Хороскопот се заснова на точниот податок: време на раѓање на лицето. Но зошто се зема тоа време, а не времето на зачнувањето? Научниците сега веруваат дека многу аспекти на детската посебност се воспоставува многу пред раѓањето – значи, хороскопот би требало да го земе во предвид и животот пред раѓањето.
3.8 Статистички докази
Во текот на многу години се изведени разни статистички испитувања, во настојувањето да се утврди точноста на астрологијата. Astrology-and-science.com наведува експеримент, во кој што се поставени многу натални карти, измешани со описите на нивните сопственици. Задачата на астролозите беше да ги поврзат картите со нивните сопственици.
“Во астролошките книги тие тоа го работат постојано“, објасниа. “Очекуваме процентот на успешните комбинации да биде приближно 100%. До денес се направени вкупно 54 студии со помош на 742 астролози и 1407 натални карти. Без оглед на овие импресивни бројки, просекот на успешните решениа не беше поголем од 50%, што се добива и со случајно погодување. Со други зборови резултатот не беше ништо подобар од оној кој што би го добиле со фрлање на паричка.“
4. Некои религии ја негираат астрологијата
Религиите како христијанството во потполност ја негираат астрологијата од следните причини:
Христијанската интернет страница absolutetruth.net објавува дека, астрологијата е осудена во Библијата како еднаква на гатањето и окултизмот. На неа пишува: “Ако прогласената теорија за астрологијата е точна, дека позицијата на планетите влијае, предвидува, или на било кој друг начин одлучува за човечката активност, тогаш тоа го имплицира следното“:
> “Луѓето не би можеле да се сметаат одговорни за своите постапки, добри или лоши. Не би било основа за проценка однесувањето на ’исправно’ или ’погрешно’, ако лицето би било присилено на такво однесување кое што се должи на некое космичко уредување.“
> “Нашите избори ќе изгубат секоја смисла. Ако иднината може да се предвиди со мерење на движењето на планетите и ѕвездите, потврдувајќи дека ние живееме само една илузија на слободната волја, тогаш ништо што ќе сториме или пропуштиме да сториме нема да биде важно. Ќе бидеме во ’стапица’ на сопствената ’судбина’.“
> Животната промена, еден од главните концепти на Библијата, ќе биде невозможна затоа што според астрологијата нашите животи се однапред утврдени уште за време на раѓањето.
> Христијаните веруваат дека демонските духовни сили, можат да манипулираат со настаните во животот на лицето кое се отворило на окултните влијаниа како што се астрологијата и хороскопите. Библијата содржи строги предупредувања по ова прашање.
5. Духовна перспектива за точноста и сигурноста на астрологијата
Ќе наведеме некои точки кои што ги разгледавме во нашето духовно истражување, кои ќе ја расветлат астрологијата како научен систем и нејзината точност.
5.1 Колку слободна волја навистина имаме во животот?
Според духовната наука, во просек, во сегашната ера, 65% од нашиот живот е одреден со судбината, а 35% со слободната волја (слобода на избор). Судбината е оној дел од нашиот живот во кој немаме контрола над животните ситуации. Слободната волја е дел од животот над кој имаме контрола.
Астрологијата може само до одредена мерка да ја согледа човечката судбина, и да препознае како лицето генерално ќе ја користи својата слободна волја, што зависи од основната природа на тоа лице. Обично судбината не може да се избегне, дури и ако се знае однапред. Со оглед дека судбината е духовен фактор, може да се надмине само со духовни средства, што значи со духовна пракса, или со благослов од Гуруто (те. духовниот учител со духовно ниво над 70%).
Каква е тогаш придобивката од тоа да ја знаеме тежината на нашата судбина?
Знаејќи ја тежината на својата судбина, ние можеме да вршиме соодветна количина на духовна пракса, за во потполност да ја надминеме судбината, или барем да бидеме заштитени од неа. Во случај на тешка судбина, барем можеме да бидеме предупредени и со тоа однапред да бидеме спремни и ментално подготвени за неа. Подолу е дијаграмот, за видовите на судбината и начините таа да се надмине.
Вид на судбина | Блага | Средна | Тешка |
---|---|---|---|
Примери | Полесни болести, потребен натпросечен труд за да се стапи во брак | Финансиски губитоци, брачни проблеми, неможност за зачнување | Тешки несреќи и прерана смрт, или не доаѓа до венчавање и покрај големиот труд |
Како да се надмине | Умерена духовна пракса | Интензивна духовна пракса | Не може да се надмине со духовна пракса, туко со благослов на Духовниот Учител |
Забелешка:
Интензивна духовна пракса во смисла на квантитет значи 12-14 часа духовна пракса секој ден. Во смисла на квалитет, тоа значи дека лицето ги прави сите свои дневни активности како служење на Бога, со многу желби по Бога и поради достигнувањето на Бога.
Умерена духовна пракса во смисла на квантитет значи околу 4-5 часа духовна пракса дневно. Во смисла на квалитет, тоа значи дека лицето повеќето од своите дневни активности ги врши како служење на Бога.
Видете го написот на тема: Судбина, слободна волја и закон на кармата
5.2 Планетите и ѕвездите навистина влијаат на човечкото однесување, но само како патокази
Според духовната наука:
- Човечкиот живот и случувањата на Земјата, не се под влијание само на небеските тела, или нивната положба. Ако ги набљудуваме повеќето физички влијаниа, постојат многу други работи кои што можат да влијаат на нашите животи и не можеме да ги ограничиме само на небеските тела.
- Меѓутоа, докажано е дека небеските тела имаат одредено влијание врз човечкиот живот, на пример влијанието на полната и младата месечина врз луѓето наголемо е докажано. Со тоа, небеските тела навистина делуваат како патокази во човечкиот живот.
Ве молиме погледнето го делот 5.4 за најважното влијание врз човечкиот живот.
5.3 Астрологијата како наука
Астрологијата, како и модерните науки, е само дел од сеопфатната духовна наука. Причината за тоа е фактот дека астрологијата основана на принципите на набљудување, заклучување и решение е исто како и модерните науки. Меѓутоа, користењето на интуицијата во астролошката наука е можно само ако астрологот е на високо духовно ниво.
Астрологијата своите зачетоци ги има во древните Ведски списи. Мудреците на древна Индија знаеле многу факти за нашиот Универзум илјадници години назад, кои што на модерните научници на денешницата се познати само од неодамна. Некои од тие факти се:
-
Дека нашето Сонце е прилично мало во споредба со другите ѕвезди, им било познато на древните Мудреци уште пред 7000 години.
- Описот на ѕвездените маглини, кои што модерните научници ги фотографираа неодамна, е пронајден во Ригведите стари повеќе илјади години.
- Дека ѕвездата Вега (со име Абиѓад на Санскрит) се лизнала од небото 12000 години пред Христа, што им е познато и на модерните астрономи, Мудрецот Вијас ја спомнал уште 5561 година пред Христа. (Видете ја книгата – Vedic science and Vedic time calculations од Др. П.В. Вартака)
-
Во Ведската астрономија постои тврдење дека Земјата е тело кое што се движи а се чини дека е статично, кои го изнеле Ведските видовити луѓе, и тоа одамна пред откритието на Галилеј. (Referenca: The Storehouse of Wisdom Dr. R.N. Aralikatti)
- Мудрите луѓе од Индија откриле зачудувачки суптилни и силни психо-физички врски, помеѓу човечкиот организам и космичките процеси. Како луѓето од тие дамнешни минати времиња, знаеле толку многу за условите и фактите кои ги регулираат меѓусебните витални процеси и карактерот на интеракциите помеѓу луѓето и природата, конкретно влијанието на небеските тела, Сонцето и Месечината и разните зрачења кои што доаѓаат од Универзумот и од утробата на Земјата, без никакви експерименти или апарати? И за сето тоа е водено сметка и во случај на дијагностицирање и лекување! Зарем тоа не докажува неверојатно висок ниво на култура, што треба да го зголеми нашето почитување и желба за проучување? (Referenca: Profesor Alexander Spirkin, познат психолог, наведено во Indastro.com)
Астрологијата е прилично единствена како наука и како систем на знаење, затоа што до одредена мерка влегува во суптилниот свет, кој што не може да биде согледан со помош на петте сетила, умот и интелектот. На пример, астрологијата може да каже дали некој има проблеми со суптилните тела на преминатите предци, само врз основа на позицијата на небеските тела.
Модерната наука се обидува да го разбере Универзумот по пат на петте сетила, умот и интелектот. Соодносот на нашето познавање на физичкиот Универзум во споредба со суптилната или духовната димензија е 1 : бесконечно. Модерната наука со модерната опрема за истражување не може да ги утврди проблемите, или тешкотиите во животот кои што се предизвикани од суптилната димензија. На пример, ако лицето има проблеми со преминатите предци, модерната наука не може да ги дијагностицира или лекува врз основ на овие симптоми. Потврдено е дека користејќи го интелектот, искусен астролог (на пример Ведски астролог, прататко на нашите астролози) е способен да ја согледа барем делумно суптилната димензија, да речеме да одреди дали некој предок на некое лице е во регионот на чистилиштето, и дали му е потребна помош на наследникот.
Вреди да се разгледаат следните погледи на тема, целата дебата околу тоа дали астрологијата е наука или не, и причините или аргументите изнесени против неа. Се чини дека астрологијата го извлече подебелиот крај, по она за што модерната наука ја обвинува. Науката не мора да биде 100% во право за да се смета за наука. На пример, ако геолог (и покрај со милијарди долари фондови) не може да каже кога и како ќе се случи наредниот земјотрес, ние сепак не велиме дека геологијата не е наука. Ако лекарот постави погрешна дијагноза, ние не ја дискредитираме целокупната медицинска професија. Да се прави тоа ќе биде исто како да го исфрлиме бебето со се водата од кадата. Фер би било да го користиме истиот ригорозен систем на проценување за системот на знаењето, како за астрологијата, така и за модерната наука.
5.4 Точност на астрологијата
Како што спомнавме порано, астрологијата генерално се применува на четири начини. Кој е максимумот на точноста, кој што може да биде изразен во проценти во овие четири подрачја на примената на астрологијата? Духовните истражувања ги дадоа следиве резултати:
Примена | Значење на примената | Најголема можна точност2 (добиено со духовното истражување) |
---|---|---|
Предвидување | Знаење за тоа што не очекува во иднината | 30% |
Дијагноза | Како помош за разбирање на причината за проблемот кој што влијае на одредена сфера во животот | 27% |
Основна прирда на лицето и компатибилноста | Разбирање на природата на нечија личност и компатибилноста со партнерите во животот или професијата врз основа на меѓусебните односи на ѕвездите, или знаците на хороскопот | 27% |
Донесување на одлуки | Ова ги вклучува препораките за соодветно време за планирање на важни настани и одговори на конкретни прашања, на пример кога треба да стапи во брак | 5% |
2 Оваа точност е врз основа на способноста да се утврди причината за проблемот во физичката, психолошката, или духовната димензија.
- Ве молиме да го прочитате делот 5.5 за факторите кои што влијаат на точноста на астролошките толкувања. Причините за настаните и состојбите во нашите животи се комплексни и астрологијата не може да навлезе во нив. Тие ја вклучуваат судбината со сметката на земање и давање, духовите (демони, ѓаволи, негативните енергии, итн.), позитивните енергии, како ја користиме својата слободна волја (слобода на избор), духовните енергии во телото и нашата околина.
- Некои од нас би можеле да дојдат во искушение, да ја отфрлиме астрологијата како наука, врз основа на изнесените бројки за нејзината точност.
- Тие проценти се всушност доста високи кога ги споредиме со останатите сродни дисциплини. Од погоре наведените факти, мораме да земеме во предвид дека, астрологот е способен да ја постигне оваа точност користејќи само парче хартија, наспроти модерните науки потпомогнати со милијарди долари од фондовите и нај софистицирана технологија.
Еве неколку примери каде што разни дисциплини, кои што спаѓаат во модерните науки, вредат за успешни на нивното сродно поле на делување.
- Геологија: Постои голем интерес за предвидувањето на локациите и времето на големите земјотреси, поради нивниот разорен потенцијал. Иако во голема мерка е познато каде земјотресот може да се појави, моментално не постои сигурен начин да се предвиди денот или месецот, каде би можел да се случи на одредена локација. (Referenca: Department of Earth and Space Sciences – University of Washington)
- Психотерапија: TНационалниот Институт за злоупотреба на алкохолот, пред неколку години истражи околу 1.700 пациенти. Од сите стационирано лечени пациенти кои што се беа згрижени, само 44% останаа трезни следните три месеци, додека само 26% вон болнички лечени пациенти издржаа три месеци без алкохол. (Referenca: Pulitzer.org)
- Медицина: Утврдено е де стапката на оздравување од рак на белите дробови е помала од 10%. (Referenca: cancerresearchuk.org)
Дали ние ги игнорираме тие науки или дисциплини, само поради ниските стапки на успешност во овие полиња?
5.5 Фактори кои што влијаат на точноста на астрологијата
5.5.1 Во зависност од традицијата на астрологијата што се користи
Во астрологијата се користат разни традиции. Секоја од нив има различна методологија. Табелата што следува е споредбена табела на можна постигната точност, зависно од одредена традиција и е добиена со духовно истражување.
Забелешка: Точноста е базирана на подеднакви способности на астрологот, кој што е способен да постигне 30% точност во Ведската астрологија.
5.5.2 Во зависност од духовното ниво на астрологот
Точноста на резултатот може да варира во зависност од духовното ниво на астрологот.
Духовно ниво на астрологот | Точност |
---|---|
20% 3 (на пример просечно лице, без духовна пракса) | 27% |
30% | 31% |
40% 4 | 34% |
50% | 38% |
60% | 42% |
Над 70% 5 | Астрологија не е потрбна |
Забелешки (базирани на бројките од претходната табела):
3 Повеќето луѓе во сегашната ера не вршат никаква духовна пракса. Затоа просечното духовно ниво во оваа Ера на Раздорот (Калијуга) е 20%.
4По правило, во сегашната ера околу 4 на секои 100 луѓе се помеѓу 40% – 49% духовно ниво.
5Од 2016 година имало околу 1000 Светци меѓу 70% и 100% духовно ниво. Сепак има помалку од 200 Светци и Гуруа кои активно ја шират Духовноста.
Астрологот понекогаш ја користи својата интуиција, како помош во толкувањето на хороскопот. Според духовната наука, астролозите можат да ја користат својата интуиција за прецизни предвидувања, само ако нивното духовно ниво е високо.
5.5.3 Во зависност од тоа дали лицето врши духовна пракса
Единствен начин да се надмине судбината или да се заштитиме од неа, е вршење на духовна пракса. Тоа е затоа што судбината е духовен проблем и затоа што може да биде надмината единствено по духовен пат. Меѓутоа ефектите од духовната пракса (садна) и религиските ритуали, уредени за да се надмине проблемот кој што е духовен по природа, не се отсликуваат на наталната карта. Поради тоа, астролошкото толкување не ја одразува духовната пракса која што лицето ја започне.
На пример, ако веќе по раѓањето астрологот детектира проблем со преминатите предци и лицето го направи ритуалот итн. и дефектот биде отстранет, следниот астролог и понатаму ќе ја толкува картата на ист начин. Гледано од оваа перспектива, хиромантијата е супериорна во однос на астрологијата, затоа што промените се одразуваат на дланките на рацете. Ако пак просечното лице не врши духовна пракса во вистинска смисла на зборот, тоа и не е вистински погодено со оваа заблуда на астрологијата.
5.5.4 Во зависност од типот на прашањата кои што се поставени на астрологот
Точноста исто така зависи од типот на прашањата кои што се поставени на астрологот.
На пример, некој може да го праша астрологот дали да инвестира во една или во друга трговија. Друго лице може да праша дали да стапи во брак со лицето А, или лицето Б.
Многу поточни резултати можат да се постигнат, ако лицето пред се праша дали да инвестира или не, или дали да влезе во брак, или не. Ако редоследот на прашањата е ваков, можноста за добивање точни одговори е многу поголема.
Прашање 1: Дали воопшто треба да инвестирам?
Прашање 2: Ако одговорот е да, тогаш во што да инвестирам?
Прашање 3: Кога треба да инвестирам?
— или —
Прашање 1: Дали јас треба да се женам/мажам?
Прашање 2: Ако одговорот е да, тогаш за кого?
Прашање 3: Кога е најповолно време?
5.5.5 Во зависност од времето на раѓање
Ако хороскопот е направен според датумот на зачнувањето, тоа го зголемува нивото на точноста.
Причината за зголемување на точноста ќе ја најдеме ако се вратиме назад низ времето на бременоста:
- Принципот е тој дека, како влијанието на световната компонента (асата) расте, точноста се намалува.
- За време на зачнувањето, влијанието од мајката и нејзината околина на фетусот се минимални. Со тек на времето тие растат, па прецизноста се намалува.
Сепак, која би мајка можела со сигурност да го утврди точното време на зачнувањето? Во нашето тело постојат милиони клетки, меѓу кои е многу тешко да се препознае дали во една клетка настанала промена. Која жена би можела ова да го препознае? Само онаа која веќе достигнала духовно ниво на Светец од 90% и погоре, и ако таа сака да знае. Сепак, обично никој не раѓа на ова високо духовно ниво. Во антички времиња, сопругите на мудреците кој биле духовно развиени, го знаеле точното време на зачнувањето од нивната бременост.
Точност од 100% може да постигне само Светец на духовно ниво од 90% и погоре, и тоа ако Он сака да знае. Во повеќето случаи они не сакаат за таа цел да ја користат својата духовна енергија, освен ако отелотворената душа која треба да се роди, е на духовно ниво повеќе од 80% и фактите за раѓањето на детето треба да се познати однапред, по Божја волја. Бидејќи целта на овој вид на раѓање е врз основа на духовна полза на човештвото и содржи максимално количество на Апосолутна вистина, одговорите добиени, исто така ќе бидат многу прецизни. Ако е во прашање обично раѓање, тогаш световната компонента (асат – преведено како она што “не е вистина”) преовладува повеќе, а оттука и точноста се намалува.
6. Заклучок
-
Точноста на хороскопот е директно зависна од моќта на толкувањето на астрологот.
-
Ако ја земеме во предвид моќта на толкувањето на моменталниот астролог (кој е во состојба да предвидува максимум до 30% точност) како 1, а потоа да се добие 100% точен одговор, моќта на интерпретацијата треба да биде 1000 пати повеќе од сегашната моќ на интерпретација.
-
Моќта на интерпретацијата и интуицијата може да се зголеми само со духовна пракса.
- Во оваа сегашна ера 65% од нашите животи се предодредени. Ако ги искористиме останатите 35% од нашата слободна волја да вршиме духовна пракса можеме да ја надминеме или да бидеме изолирани од нашата судбина. Духовната пракса е единствениот начин да се надмине негативна судбина.