1. Што се тоа духови?
Кога човек умре, само неговото физичко тело престанува да постои. Неговото суптилно тело (кое што се состои од потсвесен ум, интелект, его и душа, те. без физичкото тело) продолжува да постои и преоѓа во други региони на Универзумот. Видете ја сликата што следува, за подетален преглед за она од што се состоиме и што оставаме после смртта.
Некои од овие суптини тела стануваат духови. Духовите по дефиниција ги исполнуваат следните критериуми:
- Тие се суптилни тела.
- Тие припаѓаат на ниските региони на Чистилиштето (Бувалока) или на еден од седумте региони на Пеколот, но тие исто така се наоѓаат и во регионот на Земјата. Тоа е затоа што духовите од суптилните региони можат, по желба, да патуваат во материјалните региони како што е Земјата.
- Тие не постојат во позитивните региони на Универзумот те. во Рајот или повисоките региони.
- Тие имаат не исполнети желби, како што е желбата за секс, алкохол (работите кои што можеме да ги доживееме само преку физичкото тело), освета, итн.
- Тие ги доживуваат задоволствата со тоа што вршат контрола над луѓето и останатите суптилни тела, или така што ги мачат на друг начин. Нивната главна цел е да придонесат за создавање на неправедноста во општествата.
Суптилното тело на лицето после смртта се смета за дух, ако неговите карактеристики и намери одговараат со претходно наведените. Нема некој посебен процес преку кој мораат да поминат за да станат духови.
2. Што одлучува каде заминуваме и што стануваме после смртта?
Кога умреме, за нашето тело во животот после смртта одлучуваат неколку фактори. Тие вклучуваат:
- Бројот и видот на импресиите кои што се создадени во потсвеста, зависно од тоа како сме ги живеале нашите животи. Видете го написот за импресиите во нашиот ум, кои што одлучуваат за нашата основна природа и карактерот.
- Нашето его: зборот его овде го користиме во духовен контекст. Со тоа што терминот секојдневно го користиме да ги означиме самопочитувањето и самољубието, тоа исто така го вклучува и ставот на дуалитет со Бога. Дуалитет значи да мислиме дека сме одвоени од Бога. Егото се поистоветува со нашите пет сетила, умот и интелектот, наместо да се поистоветува со Душата или Бога во нас.
- Видот на делата кои што сме ги правеле за време на нашиот живот.
- Количината и видот на духовната пракса, која што сме ја вршеле за време на животот.
- Нашата судбина.
- Видот на смртта – природна и мирна, или насилна и со несреќен случај.
- Видот на погребот.
- Ритуалите според духовната наука, кои што ги прават потомците после нашата смрт, за да ни помогнат во животот после смртта.
3. Кој веројатно ќе стане дух?
Луѓето веројатно ќе станат духови после својата смрт ако:
- Ако имаат многу неисполнети желби
- Имаат многу недостатоци на карактерот, како што се лутината, стравот, лакомост, итн.
- Имаат многу негативни импресии во умот
- Имаат големо его
- Им наштетувале на другите и во природата им е да прават штета на другите
- Недостаток на духовна пракса, која што се состои од прогресивно ниво на предавање на умот, телото и интелектот со намера за Спознание на Бога
Само луѓето кои што достигнале духовно ниво од 60% и имаат ниско его, можат да го продолжат патувањето во вишите региони на рајот и над него и тие не стануваат духови. Остатокот од популацијата, кога умрат, ќе се најдат во регионот на Чистилиштето или некој од регионите на Пеколот. Сите суптилни тела во Пеколот се духови.
Всушност, дури и ако некој е џентлмен, но нема доволно духовна сила здобиена преку духовна пракса, тој веројатно ќе стане дух кога умре. Тоа е затоа што го попречуваат духовите од повисоките нивоа кои што го контролираат. Како и на Земјата, така и во останатите региони на Универзумот, само најсилните опстануваат. Духовите од повисоките нивоа, со нивната висока духовна моќ, го потчинуваат суптилното тело на ’џентлменот‘ со ниска духовна моќ. Посилните духови ги присилуваат да прават работи против нивната волја, и така индиректно ги прават духови. После некое време, суптилното тело на ’џентлменот‘ подлегнува и станува дух кој што ужива во мачењето на другите луѓе, или ги исполнува своите световни желби, опседнувајќи ги човечките битија.
Со тоа, доколку не тргнеме да вршиме духовна пракса, според шесте основни принципи на духовноста и не го намалуваме нашето его, многу е голема веројатноста дека ќе станеме дух после смртта.
4. Кои луѓе не стануваат духови?
Тоа се обично луѓе кои што:
- Вршат духовна пракса со намера за Спознание на Бога (врвот на духовната пракса)
- Имаат малку импресии во умот, помалку недостатоци на карактерот, итн.
- Имаат ниско его
- Се над 60% духовно ниво
Кога умре такво лице, тоа преоѓа во високите региони на Рајот и повисоко. Духовите врз нив не можат да влијаат, или да ги заробат поради нивната духовна моќ и заштитата од Бога.
5. Духовното ниво и духовите
Низ целиот напис зборуваме за духовите на повисоко ниво, кои што имаат многу голема духовна моќ, како резултат на интензивната духовна пракса и послушноста. Затоа имаат високо духовно ниво и многу голема духовна моќ. Ова можеби се чини контрадикторно и можеме да се запрашаме: “Како може да се стане дух, ако се има високо духовно ниво?“. Духовната моќ на Светец од 70% духовно ниво и моќен дух како што е Мантрик од петиот регион на Пеколот, може да биде иста. Клучната разлика помеѓу нив е:
- Светецот врши духовна пракса со намера да го предаде своето тело, умот, богатството, егото, итн. на Бога за да се соединини со Него.
- Моќен дух, или лице со голема духовна моќ (кое што после смртта стане дух) врши духовна пракса со намера за стекнување натприродни моќи и за да го глуми “Бога“, и има високо его.
Светецот повеќе се поистоветува со Божјиот принцип, или Душата во себе. Мантрикот од друга страна е многу горд, што има духовна моќ и се поистоветува со своето его те. со петте сетила, умот и интелектот.