Кои се симптомите на опседната куќа?

1. Вовед

Духовното истражување направено од страна на SSRF покажа дека повеќето куќи во светот имаат негативни вибрации, поради различни причини. Ве молиме погледнете го написот – Какви мерки може да се преземат за да се очисти духовно опседнатата куќа или животна средина? Овие негативни вибрации привлекуваат духови и нашите преминати предци кој ја опседнуваат куќата.  Овие духови и преминати предци кои ја опседнуваат куќата влијаат и предизвикуваат вознемиреност кај станарите. Оттука, важно е да се препознаат симптомите на опседнувањето, за да ние преземеме мерки за да го решиме проблемот. Само Светците и луѓето со високо развиено шесто сетило, можат навистина да знаат дали куќата е опседната. Набројавме неколку вообичаени симптоми кои што можат да бидат показател за можно опседнување.

2. Симптоми на опседнување

  • Исчезнување и поново појавување на предмети во домот
  • Наоѓање на неидентификувани објекти во куќата
  • Појавување на необјаснети траги околу куќата, на при. гребаници на ѕидовите, чудни лица на ѕидовите или шкафовите.

    1-MKD_Haunted-yantra-and-walls

  • Слушање чудни звуци или звуци од врати кои се затвараат или отвораат, тропање, смеа, одење, зборување, и др. кога нема никаков извор на таков звук
  • Светла се палат и гасат постојано без било каква причина
  • Сушење на сатвик билки како што е Светиот босилек (тулси)
  • Мачки или кучиња завиваат или лаат непотребно
  • Необјаснета смрт на домашни миленици, како мачките
  • Невообичаени случувања како ненадеен напад на инсекти како што се: бубачки, црвени мравки, лебарки или глодари
  • Ненадајна необјаснета појава на верски симболи, како што е крст или појава на знакот Ом (ॐ) во куќата
  • Необјаснет раздор и нетрпеливост во куќата
  • Чести необјаснети болести или други проблеми, како финансиски проблеми во куќата
  • Последователни необјаснети смртни случаеви во куќата
  • Чувство не нечие присуство во куќата
  • Наоѓање необјаснети крвави дамки на облеката, на разни предмети или на подот
  • Чувство како да не посматра некој
  • Всушност, да се видат духови во куќата