Гушкање – духовна перспектива

Гушкање – духовна перспектива

1. Вовед

Ширум светот гушкањето е вообичаен начин на поздравување. Во зависност од културата, контекстот и врската, со гушкањето се искажува блискост, љубов, интимност или пријателство. Едно лице исто така може да гушне друго лице како знак на поддршка, удобност или утеха. Во некои култури и за некои луѓе, посебно помеѓу странците, гушкањето може да биде норма и може да се смета за напад на приватноста. Се извршени обемни истражувања, и се издадени многу книги на темата психолошки придобивки од гушкањето. Додека повеќето луѓе имаат вродена физичка и емоционална потреба за допир и гушкање, посебно со своите сакани, на повеќето од нив не им се познати духовните последици од гушкањето. Во овој напис ќе ги презентираме нашите наоди, до кои што дојдовме со духовно истражување, за гушкањето на друго лице.

2. Основни информации

На почетокот, ве молиме да го прочитате написот за духовната перспектива на поздравувањето, тој содржи основни информации за сфаќањето на овој напис. Написот објаснува, како сме изложени на размена на суптилните енергии кога се поздравуваме по пат на допир. Со духовното истражување откривме дека повеќето луѓе до одредена мерка се под влијание на негативните енергии. Затоа е многу веројатно дека размената на суптилните енергии помеѓу две лица кои се допираат или гушкаат, е духовно штетна. Повеќето од нас не можат да го согледаат штетното влијание, затоа што немаат развиено шесто сетило.

3. За поздравувањето по пат на допир

Кога се поздравуваме по пат на допир, во предвид треба да го имаме следното. Со допирањето се зголемува преносот на духовната, те. суптилната енергија до 100% во однос на поздравувањето без допирање. (Гледањето во очи исто така можеда доведе до пренос на суптилните енергии, во зависност од видот на енергијата која што се пренесува.)

Вид на контактот Ниво на пренесување
на енергијата
Пример за поздрав
Кожа на кожа Енергијата лесно се пренесува Ракување, гушкање
Уста на кожа Поголем пренос на енергија отколку ’кожа на кожа’ Бакнување на рака, или образ
Уста на уста Најголем пренос на енергија Бакнување уста на уста

Ве молиме прочитајте го написот – ’Бакнување од духовна перспектива’.

4. Духовно истражување за гушкањето на друго лице

4.1 Различни сценарија за гушкањето

Следната табела покажува различни сценарија кои што можат да ни се случат во секојдневните ситуации, веројатноста дека ќе ни се случи и можен исход.

Вид на сценариото кое што се однесува на гушкањето Веројатност тоа да се случува секојдневно Најверојатен исход
Опседнато лице гушка друго опседнато лице1 Мала до средна Крајно негативен: Негативните енергии кои што ги опседнале лицата ги опфаќаат едно со друго и така ја зголемуваат црната енергија. На суптилно ниво тоа влијае и на околината.Духовното попречување кај двете лица се зголемува, а се зголемува и моќта на центарот на црна енергија во Анахата чакра.
Опседнато лице гушка духовно просечно лице кое што го попречуваат негативните енергии Средна Крајно негативен: Негативната енергија од опседнатото лице може лесно да премине на лицето кое што опседнатото лице го бакнува.Можноста за духовно попречување врз лицето се зголемува, а исто така се зголемува и можноста за попречување на физичко и ментално ниво.Видете го дијаграмот во делот 4.2
Духовно просечно лице кое што го попречуваат негативните енергии, гушка друго просечно лице кое што исто така го попречуваат негативните енергии2 Висока Претежно негативно: Иако всушност нема размена на негативна енергија, интеракцијата е сепак штетна, затоа што се зголемуваат негативните вибрации поради:

  • Мешање на обвивките од негативна енергија,
  • Судир на менталните обвивки на лицата.
Гушкање на духовно позитивно лице кое е над 60% духовно ниво и кое врши редовна духовна пракса Ретка до мала На лицето кое што гушка лице на 60% духовно ниво, ќе му се случи позитивно духовно исцелување.
Гушкање, или допир на Светец Ретка На лицето кое што гушка Светец ќе му се случи позитивно духовно исцелување. Пример за ова е Нејзината Светост Мата Амританандамаји Деви, исто така позната и како ’Ама’ или ’Светицата што гушка’. Луѓето што Ама ги гушнала, имаат доживеано духовно исцелување.

Фусноти:

  1. Околу 30% од светската популација е опседната од негативните енергии, додека останатите 70% е под извесно влијание од негативните енергии.
  2. Речиси сите луѓе се под извесно влијание од негативните енергии, кои што создаваат обвивка од негативна енергија околу нив. Влијанието од негативните енергии врз луѓето станува минимално кога достигнат духовно ниво од 60%.

4.2 Суптилна слика на опседнато лице кои што гушка просечно лице

Сликата подолу, која што го покажува духовното влијание на гушкањето, ја нацрта Г-ѓа Јоја Вале, членка на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF). Користејќи го развиеното шесто сетило на видовитоста. Јоја ни овозможува увид во меѓусебното делување на суптилните енергии, кога опседната жена гушка маж кој што е под благо влијание на негативните енергии.

02-MKD_Subtle-pic-hugging

Сроден напис – Што се тоа цртежи засновани на знаењето на суптилната димензија?

Табелата што следува ги објаснува деталите на секој аспект од претходната слика. Ве молиме прочитајте го написот за чакрите за подобро разбирање на табелата.

Бр. Објаснување
1 Создавање и активирање на попречувачки енергии во Анахата чакра
1A Емитување црни честички од магловита црна енергија преку Анахата чакра
2 Создавање и активирање на дебела црна обвивка околу телото
2A Создавање и активирање прстен од попречувака енергија на чакрата помеѓу веѓите, Ајна чакра
Зрачење на прстенот од попречувачка енергија од Ајна чакра
Создавање прстен од попречувачка енергија во Анахата чакрa
Зрачење на магловити бранови од попречувачка енергија преку Анахата чакра
2E Ајна чакра е во потполност покриена со прстен од попречувачка енергија
Создавање на покривка од магловита црна енергија околу главата
Кружно ширење на магловитата црна енергија околу лицето
Зголемување на обвивката од црна енергија околу лицето
Создавање прстен од црна енергија околу Анахата чакра
3 Облаци од илузија (Мајави) околу двајцата, давајќи им лажен впечаток на добро чувство
4 Создавање и активирање на прстен од заведувачка (Мохини) енергија
4A Создавање на прстен од заведувачка енергија околу Анахата чакра
Создавње на прстен од заведувачка енергија околу двајцата, давајќи им лажен впечаток на привлекување

Како што можете да видите од претходното објаснување, гушкањето на лице кое што е опседнато од негативна енергија е многу штетно за нас.

4.3 Уште нешто за духовните последици од гушкањето

  • Кога двајца луѓе се гушкаат, преклопувањето на нивните ментални обвивки предизвикува суптилно триење. Тогаш обично се создаваат попречувачки вибрации, кои што можат да ги искористат негативните енергии, да им наштетат на тие што се гушкаат. Сроден напис – ’Од што се состоиме?
  • Дури и две лица, кои што практикуваат Духовност и се под минимално влијание од некоја негативна енергија, можат да создадат попречувачки вибрации. На пример, двајца трагачи на различни патишта кон Бога, еден на патот на Знаењето, а другиот на Патот на Богољубието, имаат различни видови на вибрации. Кога тие различни вибрации ќе дојдат во контакт една со друга, можат да предизвикаат попречувачки вибрации.
  • Гушкањето лице кое што тагува, најчесто духовно е штетно, затоа што обземано со тага привлекува негативна енергија.
  • Гушкањето ментално болни, најчесто може да има неповолен духовен ефект врз лицето кое што ги гушка. Голема е веројатноста дека ментално болните се под влијание од негативните енергии или се опседнати од нив.

4.4 Гушкање деца

Hugging people - effects of hugging a childСо оглед на претходно изнесените информации, добиени по пат на духовното истражување за влијанието од гушкањето, како тоа да се протолкува кога е во прашање гушкањето на децата? Гушкањето и допирот на родителите се важни за емотивните придобивки и развојот на децата. Малите деца исто така ги гушкаат своите родители, кога се чувствуваат загрозено поради непознати лица или ситуации.

За жал, децата и нивните родители се подеднакво склони кон размена на негативната енергија, кога дојдат во контакт еден со друг. Опседнатото дете може да има влијание врз родителот и обратно. Затоа треба да се примени спомнатата претпазливост од делот 5.2.

5. Напори да се намалат духовно штетните последици од гушкањето

5.1 Пречки при спроведувањето на духовните мерки во пракса

При примената на духовните мерки, со кои ќе се совладаат штетните влијаниа од гушкањето или допирот за време на поздравувањето, ќе биде добро наведените информации да се земат сериозно. Во тој процес можат да се јават мисли како на пример: “Ги гушкав луѓето цел живот и ништо лошо не ми се случи, затоа овие информации не можат да бидат вистинити, или се претерани“. Овој начин на размислување ќе го поткопа целиот труд за самозаштита, од штетното влијание на гушкањето. Затоа е разумно да се има во предвид следното:

  • Повеќето луѓе имаат минимално развиено шесто сетило, и се обвиткани со црна енергија, во поголема, или помала мерка. Тоа ги прави несвесни и нечувствителни за да ја согледаат размената на суптилните енергии.
  • Дискутирањето со луѓето кои што не можат да ја почувствуваат суптилната димензија е залудно, како кога пациентот би го убедувал лекарот дека вирусите не постојат. Тоа произлегува од фактот, дека духовно просечното лице нема развиена способност на шестото сетило и од тие причини не може да ја забележи суптилната димензија.
  • Гушкањето ни дава психолошко чувство на удобност и среќа, но не и Блаженство.
  • Просечното лице ги согледува само психолошките придобивки од гушкањето, затоа што тоа донесува одредено ниво на среќа. Како што не можеме да ги согледаме суптилните вибрации, чувството на среќа го блокира согледувањето на размената на суптилните енергии, колку и да бидат тие негативни.
  • Потребата за допир е психолошка, а не духовна потреба на отелотворената душа.

5.2 Средства за надминување на штетните влијаниа од гушкањето

Гушкањето на саканите е нешто што многумина нема да можат, или нема да сакаат да го избегнат, и покрај свеста за наведеното истражување. Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) го предлага следното, со цел за намалување на духовните ризици од гушкањето:

  • Ограничување на гушкањето – само на оние кои навистина мораме да ги гушкаме.
  • Не впуштање во гушкање на сите и секој во смисла на психолошка поддршка, затоа што не знаеме дали лицето кое што го гушкаме е опседнато од негативните енергии.
  • Редовна духовна пракса ни помага да направиме заштитна обвивка околу нас, кој што не прави по отпорни на негативните духовни влијаниа од околината. Континуирано пеење на Божјото Име е едноставна духовна пракса, која не заштитува на духовно ниво, во секојдневниот живот кога доаѓаме во допир со луѓето од различна духовна состојба.
  • Молитвата е корисна за заштита од негативните енергии, кои што влијаат врз луѓето кои што ги поздравуваме. Исто така помага во спречувањето на размената на црна енергија помеѓу негативните енергии кои што влијаат на обајцата што се поздравуваат.