Духовни својства на памучните ткаенини и памучната облека

Духовни својства на памучните ткаенини и памучната облека

За подобро разбирање на овој напис, ве молиме да ги прочитате следните написи:

  1. Сатва, раѓа и тама – три основни суптилни компоненти во Универзумот
  2. Водич за живот на сатвик начин
  3. Како да се облекуваме – духовен ефект од облеката што ја носиме

1. Вовед во духовните својства на памучната ткаенина

Памукот се користи уште од дамнешни времиња како материјал за облекување. Добиена од растението памук, памучната ткаенина е во потполност природна. Се користи за разна облека како што се кошулите, блузите, долната облека, постелнините, итн. Во овој напис ќе го споделиме знаењето за духовните својства на памукот, кое што е добиено по пат на истражувањето засновано на духовното знаење засновано на духовната наука. Важен увид кој што произлезе од нашето истражување открива, дека видот на ткаенината од која што се изработува облеката, влијае на духовната чистота на облеката.

2. Духовни својства на памучната ткаенина

Како што памукот е природен материјал, духовното истражување што го спроведе SSRF покажува, дека она што е природно има повисоко ниво на духовна чистота. Ткаенините од природните материјали како што се памукот и свилата имаат способност да ја привлекуваат Божествената енергија од околината. Во споредба со облеката направена од вештачки влакна, облеката направена од природни влакна има поголема способност да ги привлече и задржи сатвик вибрациите. Според тоа, облеката од природните влакна има поголема способност да не заштити од влијанието на негативните енергии.

Контактот со таквиот вид на материјал исто така е добар за здравјето на нашата кожа. Памучната облека веднаш ја впива потта од кожата и со тоа ја спречува таа да биде леплива. Така помага кожата да биде здрава и сјајна.

3. Истражување засновано на духовната наука за вибрациите поврзани со памучната ткаенина

Ве молиме да погледнете на долниот цртеж заснован на духовното знаење, како овие вибрации ги виде г-ѓа Јоја Вале, која има многу развиено шесто сетило. Како што ние можеме да ја видиме физичката димензија, со Божјата милост и благодарејќи на духовната пракса, Јоја има можност да ја забележува духовната димензија. Цртајќи ги овие слики кои што се засновани на духовното знаење, таа ја споделува со нас својата единствена способност за перципирање, те. восприемање на духовната димензија. Суптилната точност на нејзините цртежи пред објавувањето ги потврдува Неговата Светост Др. Атавле.

Точноста на нејзините цртежи е 80%, што е далеку над способноста на просечниот суптилен или видовит уметник.

2-MKD-subtle-cotton

Поради својата духовна чистота, памукот ја привлекува Божествената Свесност од околината. Претходната слика го прикажува процесот на привлекување на Божествената Свеснот и како се задржува во материјалот. Исто така е прикажано како лицето што ја носи памучната облека има придобивки од активирањето на спасителската Божествена енергија.

Носејќи облека од памук и свила, можеме на ги намалиме попречувањата од негативните енергии врз нашата облека, а со тоа и врз нас самите.

4. Што треба да имаме во предвид кога носиме памучна облека

Имајќи во предвид дека памучната облека е многу повеќе сатвик од облеката направена од вештачки влакна, можеме да ги избегнеме следните работи кои што ја намалуваат или поништуваат духовната чистота на памукот.

  • Носење непрани или валкани памучни алишта
  • Носење на црни памучни алишта. Светците велат дека негативното влијание од црната боја е толку интензивно, што треба да избегнуваме нејзино носење за време на готвењето и послужувањето на храната, затоа што може да влијае на духовните вибрации кои доаѓаат во храната. Лицето кое е под влијание на негативните енергии, обично се чувствува удобно кога носи црно.
  • Застрашувачкиот дизајн на памучната ткаенина како што се черепи, крв итн. ја намалуваат духовната чистота.

Од друга страна, примената на следните забелешки можат да ни помогнат:

  • Носејќи прани и пеглани памучни алишта, еднобојни или со мали нијанси, помага ткаенината да ја привлече и задржи духовната позитивност.
  • Боите како што се бела, сина и жолта ја зголемуваат духовната чистота на облеката.
  • За време на одржување на религиски церемонии и фестивали во атмосферата е присутна повеќе Божествена енергија, затоа се препорачува да се носи памучна облека затоа што во неа подолго време се задржува духовната позитивност за разлика од облеката направена од вештачки материјали.

Секој избор што ќе го направиме, кој е повеќе сатвик, ни помага во подобрувањето на духовната состојба и повеќе не приближува кон Бога.