Алтернативна медицина – Ниво на исцелување

1-mkd-alternative-medicine-landing

1. Вовед

Овде го споредуваме максималниот степен на лекување од разните алтернативни терапии. Прво ќе објасниме што подразбираме под тоа.

Повеќето од нас, посебно оние помеѓу нас кои не се образовани во медицината и лекувањето, имаат многу површно размислување за процесот на лекување. Воглавно нашето разбирање на процесот е ограничено на ублажување на симптомите на болеста. Меѓутоа, ублажувањето на симптомите на болеста може да биде резултат на широк спектар на случувања, почнувајќи од обичната маска на последицата на болеста до потполно искоренување, или процесот на болеста од нејзината причина на суптилно ниво.

Во продолжение на текстот се објаснети разните терапии по редослед на длабочината на нивото на делување и сеопфатноста.

 2. Алопатија

3-mkd-AllopathyСпособноста на оваа терапија е воглавно ограничена на брзо контролирање на симптомите на болеста. Истовремено тоа е и една од нејзините подобри страни. Брзо контролирање на симптомите е и причината зошто многу луѓе го применуваат овој модалитет на лекување и покрај многуте недостатоци за кои стана збор во претходните текстови.

3. Јунани медицина

4-mkd-YunaniОваа терапија има способност да го активира протокот на енергијата во телото. Активирањето на протокот на енергија ја подобрува способноста на телото во борбата против болеста и надминување на процесот на болеста.

4. Акупресура

5-mkd-AcupressureОваа терапија делува така што ги стимулира заболените клетки во телото да се изборат против болеста. Ќетна во енергетскиот канал е насочена кон стимулирање на клетките кои што се борат против болеста . Ќетна е форма на Божествената свесност која ги регулира функциите на телото и умот.

5. Мудри

6-mkd-MudraМудрите го активираат и насочуваат протокот на енергија кон специфичниот орган во телото, таму каде што тоа е потребно. Така подобрениот енергетски проток потоа се бори против болеста во тој орган. Како додаток на ова, функционална заштитна обвивка се создава околу телото која ја спречува наездата на болеста во иднина.

6. Хомеопатија

7-mkd-HomeopathyХомеопатијата делува на подлабоко ниво од горе наведените алтернативни терапии и му дава можност на телото да создаде нови клетки кои по потреба ќе се борат против болеста.

7. Ајурведа

8-mkd-AyurvedaАјурведата, не дека само се бори против болеста на физичко и ментално ниво, туку ги отстранува центрите на негативна енергија, одговорни за болеста. Така да нејзината акција е на најсупериорно ниво те. на ниво на духовната причина. Поради тоа придобивките од оваа терапија се најголеми помеѓу алтернативните терапии.