Неизмерно сме благодарни на Бога и Гуру Принципот на благословот да бидеме сведоци на овие Божествени промени на Неговата Светост Др. Атавле и што учествуваме во истражувањето засновано на духовната наука за овој единствен духовен настан.
1. Вовед во Божествените промени на телото на неговата Светост Др. Ѓајант Балаѓи Атавле
Неговата Светост Др. Атавле Светец и Параптар Гуру на духовно ниво од 94%. Веќе неколку децении неуморно помага на трагачите ширум светот во нивното духовно патување. Единственоста на Неговото учење е во тоа што ги води трагачите во согласност со фазата во која тие во моментот се наоѓаат на своето духовно патување, така да можат да вршат духовна пракса во согласност со своите можности. Водејќи ги трагачите кон се повисоките и повисоките нивоа на духовна пракса, многу под неговото водство достигнале Светост, што е достигнување неспоредливо во духовната историја на човештвото.
Нашето искуство потврди дека секое лице кое совесно ги применува во пракса мерките за духовното исцелување кои што Тој ги препорача има придобивки. Фондацијата за истражување на духовната наука (SSRF) основана е со благослов на Неговата Светост Др. Атавле. Повеќе информации за Неговата Светост Др. Атавле можете да најдете во написот: За нас.
2. Божествени промени на телото како последица на духовното ниво
Просечното лице не може да го разбере животот на Светците и затоа му е тешко да ја разбере и нивната комплексност. Кога со постојано напредување се доближат до Богоспознанието, нивните психолошки и интелектуални карактеристики се менуваат (поради разградувањето на умот и интелектот). Како што Светците духовно напредуваат од духовното ниво од 70% до 80%, 90% и повисоко, Нивното тело се повеќе и повеќе се полни со Божествена Свесност, на Санскрит викана Чаитанија. Светецот прогресивно ги усвојува Божествените квалитети како што се љубовта без очекување и сочувственост кон целокупното човештво. Заедно со внатрешните промени во квалитетите, промените се видат и физичко ниво на Нивното тело. Со други зборови, Божественото станува видливо и на нивното физичко тело ни тие промени ги викаме ’’Божествени промени’’ на телото.
До сега речиси на светот и не постоеле студии кои се занимавале со такви Божествени промени на телата на духовно возвишени лица. Со проучувањето на промените на Своето тело и телото на трагачите кои вршеле духовна пракса под Негово водство, Неговата Светост Др. Атавле го документирал непроценливото духовно знаење за генерациите кои што доаѓаат. После достигнувањето на Богоспознанието, Тој повеќе нема неостварени духовни цели. И покрај тоа, Тој неуморно ја продолжува Својата мисија на пренесување на духовното знаење по пат на Светите текстови, поради духовните придобивки за човештвото и духовниот напредок на трагачите.
3. Која е природата на Божествените промени?
Овој стих е од Упанишадите (еден од најстарите свети текстови на светот) кој опишува како изгледа духовно возвишено лице.
Стихот во превод значи:
Речиси сите тие знаци можат да се најдат на телото на Неговата Светост Др. Атавле. Во продолжение се дадени некои од промените кои се забележани на или од Неговото тело:
- Пријатен мирис: Од Неговото тело на Неговата Светост Др. Атавле и предметите кои што тој ги користи се шират разни Божествени мириси. Божјата енергија на спасение или уништување во форма на рзни мириси се емитува поради придобивките на трагачите. Божјата енергија на уништување ги заштитува трагачите од демонските сили и негативните енергии.
- Говор и духовно исцелување: Како што Неговиот говор ја шири Божествената Свесност, тој автоматски врши духовно исцелување на трагачите кои имаат попречувања од негативните енергии.
- Промена на бојата на ноктите:
|
- Појавување на знакот Ом: На Неговите нокти, на прстите, на темето и на јазикот се појави знакот Ом. Написот наскоро ќе биде објавен
- Копсата станува златна: Повеќе влакна од косата станаа потполно златни. Написот наскоро ќе биде објавен
- Кожа: Неговата кожа станува провидна. Написот наскоро ќе биде објавен
- Божествени честички: На телото на Неговата Светост Др. Атавле се појавуваат Божествени честички и тоа во толкава мерка да честичките паѓаат од Неговото тело. Видете го написот ’’Божествени честички’’.
Божествени украси на телата на трагачите: Телесните промени како што се сјајна кожа, просветлено лице, жолта боја на ноктите и кожата, румени образи, се Божествени украси на телата на трагачите.
Со текот на годините, на телото на Неговата Светост Др. Атавле се појавиа многу промени поради попречувањата од негативните енергии и поради телесното манифестирање на Неговата Божествена природа. Во овој дел ќе се занимаваме со промените на кожата, косата, ноктите и телото на Неговата Светост Др. Атавле и други трагачи, кои се предизвикани од Божествените и демонските енергии и ќе ги согледаме овие промени од агол на духовната наука.
Кликнете на следните слики за да пристапите од соодветните написи.
Во секој дел детално ги опишавме овие промени. Да ја разбереме природата на овие промени и нивната суптилност, побаравме помош од трагачите кои добиваат Божествено Знаење од духовната димензија. Божественото Знаење добиено од разни трагачи заедно, се поклопуваат не само меѓусебно, туку и со физичките промени кои се случуваа на телото на Неговата Светост Др. Атавле. Како резултат, можевме да ја потврдиме точноста на Знаењата и причинско-последичната поврзаност на промените на многу аспекти на Неговото тело.
Друга причина за овие Божествени промени на Неговата Светост Др. Атавле произлегува од Неговата мисија во тешките времиња што доаѓаат и за тоа ќе пишуваме во наредниот напис.
4. Како заклучок
Ова знаење го споделивме за да им помогнеме на луѓето подобро да ги разберат животите на Светците на највисоко духовно ниво. Како трагачи на својот духовен пат ние тежнееме кон Богоспоснание. Ова истражување ни дава мал увид во физичките промени кои можат да се случат на телото на лицето кога тоа ги достигне вишите нивоа на Светоста. Се молиме оваа серија од написи да ги инспирира трагачите да вложат уште повеќе труд на својот духовен пат, поради духовниот напредок.