Божествени честички

Резиме: Во овој напис се обработува темата: кога и како Божествените честички почнаа да се појавуваат на телото на Неговата Светост Др. Атавле, како Божествените честички се појавиле на други места поради намерата на Неговата Светост Др. Атавле, обемот на нивното ширење, нивниот ефект и објаснување од духовната наука за нивното појавување и значење за човештвото.

Scientific-analysisЗа да дознаете за единственоста на хемискиот состав на Божествените честички, ве молиме да ги видите резултатите од лабораториските истражувања на Баба центарот за атомски истражувања (BARC) на Индискиот институт за технологија (ITT), Мумбаи.

За подобро разбирање на овој напис ви советуваме да ги прочитате следните написи:

1. Вовед

Од својот почеток, науката е во потрага по одговорите за потеклото на Универзумот. Во последните неколку децении физичарите ги објавуваат своите истражувања во подземните лаборатории, каде користат сложени научни инструменти за проучување на основните состојки на материјата. Неодамнешните истражувања во CERN истражувачкиот институт, научниците се обидоа со помош на акцелератор со честички да ја потврдат основната теорија на физиката за потеклото на масата по пат на пронајдената Хигсова честичка.

Од друга страна, од самиот почеток Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) е посветена на систематско истражување на духовната димензија. Со оглед дека во духовното истражување не постојат ограничувања, SSRF ги истражуваше причините за настаните, не само во физичкиот свет со кој сме опкружени, туку и другите региони на постоење како Рајот, повисоките региони од Рајот, Пеколот и други уште посуптилни аспекти на Универзумот. Спонтаната појава на неверојатно светли, блескави честички во истражувачкиот центар на SSRF, на 5. јули 2012. година, што се поклопи со наводното откритие на Хигсовиот бозон (популарно наречената ’’Божја честичка’’) ја пробудиа нашата љубопитност. Собирајќи ги и проучувајќи ги честичките пронајдени во SSRF, научивме за нивните посебни карактеристики и значење, и тоа го изнесуваме во овој напис.

2. Појава на Божествените честички

Првата блескава честичка се појави на кожата на Неговата Светост Др. Атавле.

Госпоѓица Калијани Ганган, која беше присутна се сеќава:

’’На 5. јули 2012. година, во 19.30 часот влегов во собата на Неговата Светост Др. Атавле и Тој ми рече: ’’Не можам да се избањам затоа што виталната енергија ми е многу ниска’’. Вршев Сатсева и размислував за Неговите зборови. Во тој момент ми ја покажа златната честичка на раката и рече: ’’Овие честички секој ден паѓаат од мојата рака.’’

Гледајќи една честичка го забележав нејзиниот блескав сјај. Додека ја гледав чувствував Блаженство, видов дури и зраци како блескаат од неа. После некое време Тој рече: ’’Мораме да ги собереме овие честички’’.

’’Кога подоцна ги протри рацете над дневникот, неколку честички паднаа врз него. Беа сјајни и блескави како ѕвезди.’’

 

2_MKD_PP-hand

Наредниот ден, сјајни честички се појавиа на телата на некои од трагачите по Вистината кои престојуваат во истражувачкиот центар на SSRF во ашрамот во Рамнати, Гоа (Индија), потоа на масите и столчињата на трагачите кои вршеа Сатсева во некои одделениа во центарот, и на креветите и на подот во собите на трагачите.

Наредните денови такви блескави честички ги видоа многу трагачи во своите домови и на местата каде се врши Сатсева на територијата на цела Индија, како и на неколку места ширум светот.

3. Објаснување засновано на духовната наука во врска со материјализираните Божествени честички

Трагачите со развиено шесто сетило ги анализираа сјајните честички и откриа дека ја шират Божествената сила со позитивна енергија.

Божествените честички се потребни:

  • За заштита на физичките тела на трагачите по Вистината додека ја вршат мисијата за ширење на Духовноста.

  • На трагачите им овозможат енергија и Божествен принцип во манифестирана форма.

Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) го користи шестото сетило или ESP на многу трагачи за да се добие увид во суптилниот свет, а цртежите засновани на духовното знаење се еден од методите кои се користат во оваа истражување. Г-ѓа Јоја Вале, Србинка која живее во Франција е една од таквите трагачи со развиено шесто сетило.

Во продолжение е прикажан цртеж на Божествените честички, што врз основа на познавањето на суптилната димензија го нацрта Г-ѓа Јоја Вале.

 

3_MKD_Divine-particles-subtle-pic

Овој цртеж помага во разбирањето како честичките го привлекуваат Божествениот принцип. Тие исто така создаваат и емитуваат прстен од Блаженство (Ананда). Исто така привлекуваат не-материјализирана Божествена Свесност така што ја шират и активираат Божествената свесност во околината.

4. Значење и функција на разните бои на Божествените честички

Со понатамошно истражување откривме дека сите Божествени честички не изгледаат исто, боите на Божествените честички воглавно се златни и сребрени, потоа неколку црвени, розови, портокалови, сини, итн. После внимателно проучување, сфативме дека секоја од боите на Божествените честички има одредено значење. Во продолжение наведуваме некои од нив.

Кратко речено, разните бои укажуваат на многубројност на аспектите на Божјата мисија.

5. Извор на Божествените честички

5.1 Кожата на неговата Светост Др. Атавле

Божествените честички прво се појавиа на кожата на Неговата Светост Др. Атавле.

Истражувањето на духовното значење на Светците, зазема посебно место во истражувањето што го спроведува SSRF. Материјализираните Божествени честички дополнително ја потврдува важноста на Светците и Параптар Гуруто (Светец на духовно ниво над 90%) како што е Неговата Светост Др. Атавле.

Духовниот развој и Божествените квалитети на Неговата Светост Др. Атавле доведуваат до Божествени промени кај Него. Тие промени почнаа од 2010. година и се видливи на Неговото тело, кожата, косата и ноктите. На пример, на Неговото тело се појавиа Божествени знаци како знакот ’Ом’, лотосов цвет, итн.

Неговата кожа доби жолтеникава нијанса, Неговите нокти станаа жолти поради Божествената свесност (Чаитанија) во нив, итн.

Сега од неговата кожа се појавуваат Божествени честички.

5.2 Појава на Божествените честички во близина на лицата со високо духовно ниво и на местата каде има повеќе Божествена свесност (Чаитанија)

Божествените честички се пронајдени на предметите и облеката на Светците, трагачите на духовно ниво од 60% и повисоко и трагачите кои имаат духовна емоција и/или интензивна желба за спознавање на Бога. Исто така се појавиа на некои списаниа за Духовноста и на Светите текстови.

Божествените честички се пронајдени на многу места каде што живеат трагачите по Вистината, или местата каде се врши Сатсева, во просториите каде што се врши медитација, во храмовите и на местата каде што престојуваат, или престојувале Светци. Некои честички се пронајдени пред, или на самите слики на Божествата.

4_MKD_Divine-particles-chair

Божествените честички исто така се пронајдени на лицата и косата на децата на трагачите по Вистината што се родени на земјата, а се од повисоките региони од Рајот како што е Махалока. Бидејќи тие деца се многу мали и имаат многу малку импресии во потсвесниот ум во однос на возрасните, во нив повеќе преовладува сатва компонентата.

Според тоа, Божествените честички се појавуваат или лебдат на местата каде има поголемо ниво на сатва компонента.

5.3 Појава на Божествените честички според потребата

Во некои случаи, Божествените честички се појавуваат според потребата. На пример:

  • Можат да се појават на телата на трагачите по Вистината кои, и покрај тоа што имаат силни попречувања од негативните енергии, многу се трудат во својата духовна пракса. Поради влијанието од Божествената енергија што ја емитуваат честичките, им се намалуваат попречувањата од негативните енергии.

  • Можат да се појават на телата на членовите на семејството на трагачите кои се противат на нивната духовна пракса. Во тој случај честичките се појавуваат за да се намали отпорот на членовите на семејството кон духовната пракса на тој трагач по Вистината во тоа семејство.

5.4 Божествените честички формирани со стврднување на Божествената свесност (Чаитанија)

Еден ден Неговата Светост Др. Атавле според приоритетот подредил 9 текстови и 5 списаниа еден врз друг за да ги прочита. Следното утро кога го кренал првото списание ги здогледал златните честички на неговата површина. Кога го проверил следното списание пронашол уште 15-20 Божествени честички и на тоа списание. Потоа внимателно ги проверил сите списаниа и пронашол блескави честички на површините на сите списаниа и текстови. Тоа значи дека Божествените честички можат да се формираат и на местата кои се покриени со нешто. Заклучокот е дека Божествените честички се формираат не само во атмосферата и тогаш паѓаат надолу, туку се формираат и стврднуваат од Божествената свесност (Чаитанија) на местата кои се покриени со некој предмет.

5_MKD_Divine-particles-folder

Божествениот принцип во форма на Божествените честички прво се манифестирал преку Неговата Светост Др. Атавле и трагачите го сфатиле тоа затоа што Светец на така високо духовно ниво како што е Др. Атавле го спроведува Божествениот принцип со самото свое постоење. Еднаш кога трагачите доживеат такво искуство, можат да го доживеат повторно било каде.

6. Посебни карактеристики на Божествените честички и промените во нив

Со текот на нашето истражување забележавме одредени промени кои со време се случуваат со Божествените честички. Во продолжение претставуваме некои од промените што ги забележавме заедно со објаснувањата што се добиени со истражувањата засновани на духовната наука.

Прашање: Зошто Божествените честички на кожата на Неговата Светост Др. Атавле вториот ден се намалиле и количински и во големината?

6_MKD_Luminosity-and-DispersionПрвиот ден кога златните честички се појавиле на телото на Неговата Светост Др. Атавле, светлината од нив се манифестирала односно се појавила во видлива форма. Манифестираната форма потврдува дека задачата е завршена поради која се појавиле златните честички. После се појавиле поголеми Божествени честички, кои зрачеле повеќе светлина. Следниот ден нивната светлост поминала во не-манифестирана (невидлива) состојба. Станале помали и емитувале помалку светлина затоа што повеќе нема потреба да ја вршат таа задача. Кога златните честички се отстранети заедно со површинскиот дел од кожата на Неговата Светост Др. Атавле, нивната светлина брзо исчезнала во просторот. Затоа светлината и бројот на златните честички биле намалени.

Прашање: Што се случило со Божествените честички што се отстранети заедно со површинскиот дел од кожата на Неговата Светост Др. Атавле?

Divine-particles-dispersingКога златните честички кои што се појавиле на кожата се отстранат заедно со површинскиот дел на кожата и ако светлината во нив е во активна состојба, Земјата ги привлекува и таму се собираат. Блескавиот принцип на Апсолутниот принцип на огнот (Теѓ) создава обвивка на Земјата и го прочистува земјиштето и местата на кои се врши некоја духовна активност.

Кога сјајот на златните честички на кожата е претежно не-манифестиран (невидлив), тогаш светлината ја прочистува атмосферата и се разградува во неа. На тој начин Апсолутниот принцип на огнот ги прочистува и духовните задачи кои треба да ги изврши во денешно време на нашата планета.

Според Божјиот план и потребата од движење на златните честички (долу – горе) претходно е одредено кога треба да извршат одредена задача. Кога Божествените честички се одвојат од површинскиот дел на кожата на духовно возвишено лице, тие делуваат единствено за придобивките на луѓето. Всушност, што и да се создаде на телото на духовно возвишено лице благословено делува на човечкиот род.

7. Заклучок – духовно значење на Божествените честички

Појавата на Божествените честички е единствен и во духовна смисла историски настан во сегашната ера.

Со оглед дека после 2012. година ќе започне битката помеѓу доброто и злото, Бог ги зајакнува трагачите по Вистината со моќ во совршена форма на видливи блескави Божествени честички преку Светецот од највисоко ниво, Неговата Светост Др. Атавле. Во текот на тој процес највеќе ќе се појават златни, сини и бели честички да придонесат за придобивките на колективната духовна пракса во процесот на ширење на Духовноста.

Времето во кое живееме е многу значајно, затоа што битката помеѓу доброто и злото ќе се почувствува во Целиот Универзум. Но, овој период е и најповолен за духовен раст. Духовната пракса во согласност со шесте основни принципи е сигурен пат да се зголеми сатва компонентата во самиот себе и да се добие поголема заштита од Бога.

Цитат на Неговата Светост Др. Атавле со кој негира било каква заслуга за овој единствен настан: Неговата Светост Нијанешвар рекол: ’’Тоа се случило поради мене, но јас тоа не го сторив. ’’Овие зборови сега ги разбрав уште по длабоко поради појавата на честичките на Божествената свесност (Чаитанија). Иако Божествените честички можат да се видат секаде по SSRF Центарот за истражување засновано на духовната наука во материјална, видлива форма поради мене, јас не ги создадов.’’ – Неговата Светост Др. Атавле.

 

Сродни блогови: