Помрачување на сонцето и месечината

Помрачување на сонцето и месечината

Резиме: Гледано од духовна перспектива, помрачувањата се значајни настани. Тогаш доаѓа до зголемување на концентрацијата на раѓа (акција и страст) и тама (инерција и незнаење), што негативно влијае врз човештвото. Духовите го користат зголемувањето на раѓа-тама за да направат разни проблеми кои глобално имаат негативно влијание. Редовната духовна пракса со сигурност ни обезбедува заштита од нивните суптилни (недопирливи) штетни влијаниа.

Дефиниција на помрачувањето: Помрачувањето е настан во астрономијата до кој доаѓа кога еден објект на небото дојде во сенката на друг објект. Овој термин најчесто се користи да го опиша или помрачувањето на Сонцето, те. случај кога сенката на Месечината ја покрие површината на Земјата, или помрачувањето на Месечината, те. случај кога Месечината влезе во сенката на Земјата.

Забелешка: За да можете да го разберете овој напис, треба да се запознаете со податоците од написот Сатва, раѓа и тама – Основни компоненти на креацијата.

1. Вовед

Секоја година сме сведоци на бројни помрачувања на Сонцето или Месечината било делумно, или потполно. Видливоста на некои од помрачувањата обично е ограничена на некои географски региони на Земјата. Набљудувањето на помрачувањата создава голема заинтересираност во пошироката заедница и ова не поттикна да се обидеме да дознаеме дали постои духовно или суптилно, те. невидливо значење на помрачувањето. Спроведовме духовно истражување за да го увидиме духовното значење и влијанието од помрачувањето врз човештвото.

2. Видови на помрачувања

Првото до што дојдовме преку духовното истражување е тоа дека физичките (видливи со голо око) помрачувања како што е спомнато, не се единствени помрачувања. Постојат исто така и суптилни (невидливи) помрачувања. Овие суптилни помрачувања ги предизвикуваат моќните духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн) а тоа се суптилните јасновидци (мантрици) и се наоѓаат од петиот до седмиот регион на Пеколот. Тие ја користат својата натприродна моќ и можат да ги видат само лица со многу развиено и активно шесто сетило.

Моќните духови создаваат суптилни помрачувања со создавање на прегради од суптилна црна енергија помеѓу физичкото Сонце и Земјата, или суптилното Сонце и Земјата.

Секое небесно тело што го видиме, како Земјата и Сонцето, исто така има и суптилно тело. Тоа личи на суптилното тело што луѓето го имаат околу своето физичко тело. Видете го написот за суптилното тело и од што се состоиме.

Со физичкото и суптилното Сонце владее Божеството на Сонцето. Божеството на Сонцето е Божествен аспект кој го контролира делувањето на сите Сонца и други ѕвезди во Универзумот. Божеството на Сонцето е не-манифестирано во својата изворна форма. Божеството на Сонцето се манифестира преку Апсолутниот космички елемент на Огнот и се материјализира како Сонце што го гледаме на небото, или како молња и оган на Земјата. Сите живи битиа зависат од Сонцето, затоа што една од основните функции на Божеството на Сонцето во Универзумот, е да обезбеди светлина и зрачење во Универзумот.

Постојат и суптилни помрачувања на Месечината, но нивното влијание на Универзумот значително е помало во споредба со помрачувањето на Сонцето.

Со создавањето на пречки помеѓу Сонцето и Земјата при суптилното помрачување, Мантриците влијаат на делувањето на Сонцето и така расте концентрацијата на раѓа-тама на Земјата.

3-MKD_subtle-vs-physical-eclipse

Од сите помрачувања што се случуваат, 70% се суптилни, а 30% се физички помрачувања. Човештвото (вклучувајќи ги најдобрите астрономи) е свесно само за оние 30% физички помрачувања. Според тоа, човештвото е во потполно незнаење за суптилните помрачувања.

Само луѓето што се на духовно ниво над 50% и имаат развиено и активно шесто сетило можат да го видат постоењето и суптилното влијание на суптилното помрачување. Просечниот човек не може да ги види суптилните невидливи влијаниа од суптилното помрачување.

Негативното влијание од суптилното помрачување врз човештвото е за 9 пати по силно, отколку обичното физичко помрачување на Сонцето или Месечината.

3. Доховно значење на помрачувањето

Истражувањето засновано на духовната наука покажа дека во случаите на сите помрачувања доаѓа до пораст на раѓа-тама и намалување на сатва компонентата. Овој пораст на раѓа-тама компонентата има многу штетни несакани влијаниа на суптилно (невидливо) ниво кои можеби не се забележуваат веднаш на физички план. Сепак, зголемувањето на раѓа-тама создава услови кои духовите ги користат за да му наштетат на човештвото.

За време на помрачувањето на Сонцето со суптилна барикада пред физичкото или суптилното Сонце, се манифестираат две важни духовни влијаниа:

  • Околината станува погодна за негативните енергии да акумулираат црна енергија. Црната енергија е вид на духовна енергија која првенствено служи како оружје на духовите.

  • Околината станува најпогодна за негативните енергии да ја користат црната енергија и наштетат на човештвото за време на помрачувањето, како и да посеат семе на деструкција врз човештвото. Видете го делот 4.4

3.1 Зошто доаѓа до пораст на концентрацијата на раѓа-тама при помрачувањето?

До порастот на раѓа-тама доаѓа од две причини:

  • Во случај на физички помрачувања, причината за зголемување на раѓа-тама е фактот дека за време на помрачувањето, светлината од Сонцето или Месечината е затемнета пред да стигне до Земјата. Ова затемнување е нарушување на вообичаениот циклус на денот и ноќта, затоа што во периодот кога треба да има светлина, владее темнината. Всушност, духовно штетните влијаниа на феноменот на ноќта е се на се 2% во однос на влијанието на помрачувањето. Ова е затоа што негативните енергии имаат способност да ја користат темнината и доведат до зголемување на раѓа-тама компонентата за да му наштетат на човештвото.

  • Во случај на суптилно помрачување, помоќните духови создаваат барикада од црна негативна енергија помеѓу Сонцето и Земјата и исто така директно вршат влијание на Суптилното Сонце. Ова затемнување исто така предизвикува зголемување на раѓа-тама компонентата.

3.2 Зошто помрачувањето на Сонцето предизвикува пораст на концентрацијата на раѓа-тама?

Сонцето е многу поважно за животот на Земјата отколку Месечината. Со затемнувањето на суптилно ниво, околината на Земјата станува многу поранлива на суптилно, недопирливо ниво и според тоа е попогодно за духовите (демони, ѓаволи, негативните енергии, итн.).

3.3 Кои се пропорциите на порастот на раѓа-тама за време на помрачувањето?

Следната табела ја покажува разликата во пропорцијата на трите основни суптилни компоненти, како е во сегашната ера на Универзумот (те. Калијуга) и како е кога дојде до помрачување. Податоците го покажуваат процентот на раѓа-тама која се создава за време на делумното помрачување од 30% и кое се случува на физичко ниво.

4-MKD_sattva-raja-tama-Eclipse

Процентот на раѓа-тама се менува во зависност од видот на помрачувањето те. дали е целосно или делумно, било да е во прашање помрачување на Сонцето, или Месечината. Следната табела го покажува порастот на раѓа и тама компонентите кога настанува целосно помрачување.

Зголемување на раѓа-тама основната суптилна компонента

Помрачување % Помрачување на Сонцето Помрачување на Месечината
30% (Делумно) 5% 4%
50% (Делумно) 8% 7%
100% (Целосно) 10% 9%

Во случај на суптилните помрачувања раѓа-тама ќе биде посилна за околу 5%.

3.4 Колку долго траат ефектите од зголемената концентрација на раѓа-тама?

Зголемувањето на раѓа-тама за време на помрачувањето има долготрајно влијание кое останува за време на неколку месеци. Во следната табела е прикажано колку е потребно време за да се намали вишокот на раѓа-тама од 30% што ја создава помрачувањето.

6-MKD_Reduction-of-raja-tama

4. Последици од помрачувањето

4.1 Каде суптилното влијание од помрачувањето е најсилно?

Нај силното суптилно влијание врз луѓето зависи од тоа каде е нај видливото помрачување. Што повеќе е видливо, до толку е посилно суптилното влијание врз луѓето во тоа подрачје.

Според тоа, ако помрачувањето било нај видливо на Тихиот Океан, би имало нај слабо суптилно влијание затоа што тоа е минимално населено подрачје.

4.2 Порастот на раѓа-тама ја потпомага активноста на негативните енергии

За време на траењето на помрачувањето, моќта на негативните енергии е поголема и до 1000 пати во споредба со другите периоди. Ова е поради тоа што духовите го користат вишокот на раѓа-тама што се создава со помрачувањето да акумулираат црна енергија, било со користење на поволните услови за нивна духовна пракса со која создаваат негативна духовна црна енергија, било со кражба на духовната енергија од трагачите по Вистината. Црната енергија е духовна енергија која се користи за да се наштети на човештвото. Следниот дијаграм покажува како се собира црна енергија.

7-MKD_Ghosts-harnessing-small-ver

Видете го написот за тоа ’зошто ставаме заштитна рамка’.

Оваа суптилна слика објаснува што се случува на суптилно невидливо ниво, за време на помрачувањето. Во суптилните негативни региони на Пеколот, моќните негативни енергии наречени Мантрици (кои се наоѓаат од вториот до седмиот регион на Пеколот), ја користат раѓа-тама зголемена за време на помрачувањето за духовна пракса, како што е палењето на жртвени огнови (јаднии) или со медитација да соберат духовна црна енергија. Црната енергија што ја користат Мантриците тече кон седмиот регион на Пеколот каде што се чува. Овие текови на црна енергија меѓусебно се поврзани.

Во суптилните позитивни региони, Светците се во медитација. Божествената Свесност (Чаитанија) тече преку вишите позитивни региони за да се бори со зголемената раѓа-тама на Земјата. Така на земјата се одвива суптилната битка на доброто и злото.

4.3 Влијание на индивидуално ниво

За време на помрачувањето поголема е веројатноста дека луѓето ќе бидат погодени од влијанието на суптилните тела на нивните преминати предци. Во многу случаи суптилните тела на преминатите предци создават проблеми во животите на своите потомци. За да можат тоа да го сторат суптилните тела на преминатите предци ја користат зголемената раѓа-тама и високото ниво на црна енергија што ја создаваат духовите за време на помрачувањето.

Видете го написот ’Зошто моите преминати предци сакаат да ме повредат?

Ова се причините зошто луѓето можат да почувствуваат умор, летаргија, мачнина, итн. на физичко ниво. На психолошко ниво доаѓа до зголемување на емотивноста и негативните мисли, посебно во духовната пракса. Познато е дека Месечината влијае на умот. За време на полната Месечина влијанието е поголемо. Ова влијание е уште понагласено кога доаѓа до помрачување на Месечината. Според тоа комбинацијата на помрачување и полна Месечина е многу сериозна. Меѓутоа, тоа се случува на суптилно ниво, те. луѓето страдаат поради негативните енергии.

Доаѓа до општо опаѓање на способноста за донесување одлуки и поголема е веројатноста дека луѓето ќе донесат погрешни одлуки, затоа што интелектот е под влијание на негативните енергии.

4.4 Влијание на ниво на човештвото

Како што рековме порано, духовите го користат зголемувањето на раѓа-тама компонентата создадена со помрачувањето за да акумулираат црна енергија. Оваа црна енергија ја користат за да му наштетат на човештвото на разни начини. Тоа го постигнуваат така што влеваат семе на деструкции и зло на суптилно ниво, кое се манифестира на физички план кога за тоа созрее ситуацијата. Овој период на созревање може да трае од неколку денови до неколку години. Примери за ова би биле сеење на семе на пандемични болести, зарази како птичјиот грип и Ебола вирусот, или сеење на семе за Трета светска војна.

Помрачувањата многу придонесуваат за создавање услови за акумулирање црна енергија што духовите ја поседуваат. Во нашиот напис ’Трета светска војна, Предвидувања и Армагедон’, спомнавме дека ќе се случи Трата светска војна и големи природни катастрофи помеѓу 2013. и 2018. година. Ќе ги следат непроценливи губитоци на човечки животи. Главни катализатори на суптилно ниво за Третата светска војна ќе бидат помоќните духови. Тие ќе управуваат со овие настани со својата црна енергија влијаејќи на луѓето да водат војна. До 30% од нивната црна енергија ќе биде соберена за време на помрачувањата. Следната табела го претставува приказот на сите фактори кои ќе помогнат да се создаде погодна средина за духовите да можат да создаваат црна енергија.

Од каде духовите ќе ја добијат црната енергија со која ќе управуваат со Третата светска војна од 2015 до 2023 година?

Фактор % на придонес
Помрачувања 30%
Сегашната ера1 30%
Човечките дела2 30%
Друго 10%

Фусноти:

  1. Под сегашната ера го подразбираме денешното време во Ерата на Раздорот (Калијуга). Универзумот проаѓа преку циклусот на фазата на деструкција предизвикана на прво место од зголемената раѓа-тама. Раѓа-тама која на Земјата го достигнува максимумот помеѓу 2002 и 2012 година ја подготвува основата за периодот на духовно чистење на Земјата.

  2. Под човечките дела мислиме на сите зли дела на човештвото во кои доминира раѓа-тама компонентата. Видете го написот ’Три основни суптилни компоненти и нашиот начин на живеење.

5. Практични совети како да се спречи, или намали влијанието од помрачувањето

За време на помрачувањето е зголемена црната енергија која секаде е наоколу и така ја зголемува раѓа-тамата. Дури и ако немаме развиено шесто сетило тоа да го согледаме, најдобро ќе биде да го прилагодиме своето однесување за време на помрачувањето и преземеме акции кои ги потиснуваат суптилните штетни влијаниа.

Што да се прави

  • Вршењето на духовна пракса помага при неутрализирањето на влијанието на зголемената раѓа-тама и црната енергија во околината што ја предизвикува помрачувањето.
    ​Ако некој врши духовна пракса (во согласност со шесте основни принципи на духовноста) за време на помрачувањето:
  • Тоа лице ќе го почувствува штетното влијание до 20%.
  • Меѓутоа, за да се потисне зголемената раѓатама и црната енергија, количината на Божествената енергија што ни е достапна е за 50% поголема.
  • Според тоа, резултатот 30% е позитивен.

Соодветно на тоа, луѓето кои за времето на помрачување се потрудат и интензивно вршат духовна пракса, ќе имаат 30% духовни придобивки.

Што не треба да правиме

  • Немојте да планирате важни работи: Сите акции и мисли спаѓаат во доменот на трите основни суптилни компоненти, те. тие се сатвик, раѓасик, тамасик или комбинација од овие компоненти, на пример раѓасиктамасик. Сите добри и поволни мисли претежно се сатвик, или раѓасиксатвик. Како што раѓатама фреквенциите кружат за време на помрачувањето, добрите акции сторени во текот на овој период не ги донесуваат очекуваните резултати. Поради тоа е препорачливо да се избегнуваат важните настани како што е започнувањето на работи, свечени отворања, важни деловни договори итн. за време на помрачувањето.
  • Намалување на раѓа-тама активностите: Избегнување на активностите како што се спиењето, одење во тоалет, сексуални односи, или консумирање на храна, затоа што во тие акции преовладува раѓа-тама и тие не прават уште поранливи за влијанието на суптилните тела на преминатите предци и духовите.
  • Избегнувајте да јадете: Зголемувањето на суптилната основна раѓа-тама компонента во атмосферата во периодот на помрачувањето влијае на храната и процесот на варење. Затоа е препорачливо да не земаме храна во текот на периодот на помрачување. Траењето на периодот кога треба да ја избегнуваме храната зависи од видот на помрачувањето, поради тоа што количината на Сончевата и светлината на Месечината што допира до Земјата зависи од процентот на површината на Сонцето или Месечината што ја покрива во текот на помрачувањето.
    Целосно помрачување 12 часа пред почетокот на помрачувањето
    Ако е покриено ¾ 9 часа
    Ако е покриено ½ 6 часа
    Ако е покриено ¼ 3 часа

Ака за времето на изгревањето на Месечината таа целосно е замрачена, тогаш не треба да се зема храма претходните 12 часа. Исто така, ако во текот на претстојното самнување помрачувањето ќе биде (независно од видот на помрачувањето), тогаш постот треба да го започнеме 12 часа порано. Причината за тоа е што суптилните процеси се активираат приближно 12 часа пред помрачувањето. Ако Сонцето и Месечината се замрачени, треба да се јаде дури после следниот ден после бањањето. Децата, старите лице и болните можат да ги спроведат овие мерки во траење од само 4 и половина часа.

6. Заклучок

  • Помрачувањето е важен духовен настан кој има долготрајни лоши ефекти кои ги фаворизираат активностите на духовите.

  • Потребно е да ги примениме сите духовни мерки на претпазливост посебно ако помрачувањето е видливо на подрачјето на кое живееме.

  • Редовната духовна пракса во текот на годината помага да се намали неповолното влијание од помрачувањето. Ако вршиме интензивна духовна пракса во текот на помрачувањето резултатот може да биде дури и позитивен за нашиот личен духовен раст.