Од што се состоиме?

Телото функционира по пат на разни системи како што се кардио-васкуларниот систем, респираторниот систем, дигестивниот систем, итн. Слично на тоа постои и систем кој обезбедува енергија, како на физичкото така и на суптилното тело. Компонентите на суптилното тело се наведени покрај ѕвездичките во следниот дијаграм.

1-MKD_we-are-comprised-of

Останатите системи можеме да ги видиме ако го секцираме физичкото тело. Системите на суптилна енергија, меѓутоа, не можат да се видат со физичкото око. Можат да ги видат само оние луѓе со активно шесто сетило. Некои луѓе го изедначуваат овој систем на суптилна енергија со нервниот систем, но тоа не е точно.

2-MKD_Sp-Energy_modified

Исто како што срцето е главен центар (орган) на кардио-васкуларниот систем, а мозокот на нервниот систем, и системот на суптилните енергии има разни центри. Тие се познати како канали (гранти) и центри (чакри). Сите канали и центри се сместени во Централниот канал (Сушумна нади). Во написите што следуваат детално ги разгледуваме овие системи на суптилна енергија.