Статијата е ажурирана на 15 јули 2020 година
Со претстојната Трета светска војна и катастрофалните природни несреќи, потребата да се зголеми подготвеноста е од клучно значење.
Содржина
- 1. Вовед во подготовката на вашиот дом за трета светска војна
- 2. Општи упатства за тоа како да ја подготвите вашата куќа за војна и природни катастрофи
- 3. Подгответе се да избегнете прекини на струја за време на претстојниот воен период со користење на алтернативни извори на енергија
- 4. Решенија за недостиг на вода за време на војна и природни катастрофи
- 5. Библиографија
1. Вовед во подготовката на вашиот дом за трета светска војна
Преку духовно истражување, откривме дека од 2020 – 2023 година ќе биде сè потешко за светот. Пандемијата на коронавирус е само почеток на овие неповолни времиња. Ќе дојде до ескалација на немири и конфликти низ светот. На крајот ќе кулминира со третата светска војна, во која ќе се користи нуклеарно оружје за масовно уништување. Дополнително, ќе дојде и до голем бран на елементарни непогоди.
Причините зошто тоа се случува и повеќе детали за тоа дадовме во нашите написи :
- Претстојната трета светска војна
- Најнови информации за климатските промени – причини и решенија
- Трета светска војна и природни катастрофи – Водич за преживување
Поради големите разурнувања што следат, ќе ни недостасува сè, вклучително и основните предмети, не само во следните години, туку и многу години по третата светска војна. Во оваа статија (која е дел од серијата написи за подготовка за наредните времиња), ќе дадеме неколку насоки за тоа како да ја подготвите куќата и просторот за живеење за овие неповолни времиња од перспектива на прекините струјата и недостигот на водата.
2. Општи упатства за тоа како да ја подготвите вашата куќа за војна и природни катастрофи
Времето е од суштинско значење во подготовката за вонредните состојби со кои можеби ќе се соочиме помеѓу 2020-2023 година и неколку години потоа. Еве неколку насоки што треба да ги имате на ум во однос на вашата куќа или живеалиште. Препорачливо е да се направат потребните промени додека е можно.
- Не инвестирате во нова куќа или нов имот. Тие, може да се оштетат поради природни катастрофи како земјотреси и свлечишта. Вложените пари може да ги изгубите. Подобро е да останете во куќата во која моментално живеете или да изнајмите нешто. Во случај да треба да купите стан или куќа, изберете регион или држава што ќе бидат побезбедна опција со оглед на моменталната ситуација во вашата земја.
- Доколку купувате стан, не купувајте над третиот кат. Во случај на земјотрес, полесно ќе се евакуирате од понизок кат. Исто така, во случај на нуклеарна експлозија, полесно ќе се симнете во подрумот на зградата од понизок кат. Ако имате стан над 4-ти кат, по можност купете стан на пониско ниво. Исто така, при прекини на струјата, нема да биде достапно користењето на лифтовите.
- Најдобрите места за спасување од ефектите на нуклеарното зрачење, се под земја и среде поголеми згради. Колку е поголем бројот на дебели бетонски ѕидови кои ќе ве заштитат од радијацијата што се шири во околината во случај на детонација, толку подобро.
- Ако треба да ја поправите куќата во која престојувате, направете го тоа што поскоро. Во случај на поплави или силни циклони/урагани, таа може дополнително да се оштети. За време на екстремни временски услови, куќите со послаба конструкција може да не издржат и да се урнат. Исто така, може да биде тешко да се поправи куќата кога ќе дојдат тешки времиња.
- Не инвестирајте во естетскиот изглед на куќата, туку во тоа да ја направите поотпорна на екстремните временски услови што може да се очекуваат во вашата област. Во случај на војна или природна катастрофа, некои делови од куќата може да се оштетат. Како резултат на тоа, ако инвестирате во реновирање на домот само од естетска гледна точка, залудно ќе ги потрошите парите.
- Ако имате куќа на село или во рурална средина, подгответе ја да биде во исправна состојба и да може да се користи во секое време. За време на војна, градовите веројатно ќе бидат нападнати во поголема мера отколку руралните области. Исто така, поголема е веројатноста за немири и криминал во градовите отколку во руралните области. Во текот на следните времиња, можеби ќе треба да се преселите на село за кратко време. Се препорачува да имате резервен план за живеење на село.
- Ако некој од вашето семејство е привремено во странство поради работа, студии и слично, подобро е да побарате од него да се врати дома поради нестабилната светска ситуација. Постои голем ризик дека досегашниот начин на живот ќе биде целосно загрозен, а меѓународните патувања можеби нема да бидат возможни. Во моментов, поради COVID-19, меѓународните патувања се тешки. Без оглед на тоа какви патувања се достапни, советувајте ги членовите на семејството да ги искористат за да можете во невидените времиња што претстојат, да бидете заедно и да се поддржувате еден со друг.
- Во случајот со пандемијата на коронавирус, бевме сведоци како членовите на семејството беа разделени и не им беше дозволено да се сретнат бидејќи болеста беше многу заразна. Во многу случаи, не беше можно да се збогуваме со саканите. Во екстремните катастрофални времиња што следат, постарите лица ќе бидат најранливи поради тоа што имаат помала физичка сила, здравствени проблеми и емоционална ранливост. Зголемен е ризикот тие да починат. Најдобро е да ги средат сите свои работи пред да настапат навистина лоши времиња. Ова значи, да знаете каде се сите нивни важни документи, да ги чувате на безбедно место и да договорите да се состави тестамент за да се справите полесно со недовршените планови за нивниот живот, финансии и желби. Ова вклучува и давање полномошно на лице од доверба ако станат неспособни самите да донесуваат одлуки.
3. Подгответе се да избегнете прекини на струја за време на претстојниот воен период со користење на алтернативни извори на енергија
Во вонредни моменти, предизвикани од екстремни временски услови или војна, прекините во снабдувањето со струја ќе бидат многу чести. Снабдувањето со струја од страна на владата ќе биде подложно на прекини. Многу е веројатно дека би можеле да останеме без струја, за основните или критичните потреби, со денови па дури и со месеци.
Затоа е важно да се има можност за користење на алтернативен извор на струја. При изборот на алтернатива, обидете се да изберете опција за непрекинато напојување подолго време. Таквиот извор може да ни биде од корист не само во итни случаи, туку и како долгорочна опција за напојување.
3.1 Користење на соларни системи во куќата за подобра подготвеност
- Сончевата енергија е идеална за места со доволно сончева светлина.
- Кога поставувате соларни панели на покривот, внимавајте тој да не е во сенка на дрвја, други згради итн.
- Кога го дизајнирате вашиот соларен систем, имајте на ум дека може да се користи како хибриден или автономен систем. Ова значи дека во случај да немате струја од електродистрибутивната мрежа, вашиот дом може да се напојува од батерии (кои се полнат со помош на сончева енергија).
- Планирајте колку електрична енергија ќе ви треба и дизајнирајте го соодветно вашиот соларен систем. Земете го предвид помалиот степен на ефикасност на сончевите системи во зимски и облачни периоди.
- Размислете да се префрлите на електрични возила. Предвидете полнење на возилата со вашиот соларен систем. Снабдувањето со бензин во следните неповолни времиња може да биде ограничено или оневозможено.
- Дури и ако живеете во стан, сите станари можат да се договорат и заеднички да инвестираат во соларни панели кои ќе бидат поставени на највисокиот покрив на зградата или на заедничка тераса.
- Купете уреди што имаат добра енергетска ефикасност. Тие ќе ви помогнат да ја зачувате скапоцената складирана енергија во време на војна.
- Дознајте за достапните владини субвенции и попусти за системите за соларна енергија во вашата земја.
- Искористете ја помошта од експерт за соларна енергија за да дизајнирате систем кој е најсоодветен за вашите потреби и за областа во која се наоѓате.
- Инвестирајте во преносливи соларни системи како што се :
- Самостојни светилки на соларна енергија
- Банки (батерии) со соларно напојување
- Преносливи соларни панели
3.2 Други опции за домаќинство кога опциите за напојување се оскудни
Сончевата енергија има ограничувања ако небото е облачно. При итни случаи, може да нема гориво, па генераторите може да станат неупотребливи. За такви времиња, можеме да ги разгледаме следните опции за осветлување и други потреби за енергија :
- Камини и печки на дрва
- Лед ламби (на батерии што се полнат)
- Свеќи
- Факели
- Ламби на масло
- Фенери на керозин (ако такво гориво е достапно)
- Генератори (ако горивото е достапно или складирано)
- Батерии што може да се полнат ако повремено е достапно напојување од електродистрибутивната мрежа
3.3 Ветерната енергија и другите обновливи извори на енергија
Ненад Кајиќ / Veneko.hr / CC BY-SA
Вкупниот капацитет на сите турбини на ветер инсталирани ширум светот до крајот на 2019 година достигна 650,8 гига вати, според статистиката презентирана од Светската асоцијација за ветерна енергија (WWEA). Важно е владите да продолжат да ги прифаќаат обновливите извори на енергија поради нивното витално значење во времињата што следат.
Преносливите домашни турбини на ветер стануваат сè попопуларни. Ветерните турбини работат одлично кога се споени со соларна низа бидејќи го максимизираат вашиот капацитет за производство на енергија. Во текот на денот, соларните панели можат да ги впијат сончевите зраци, додека вашата турбина на ветер може да генерира енергија со налетите на ветрот во вечерните часови.
3.4 Одржливост на алтернативни енергетски системи за време на нуклеарен конфликт
Некои можеби ја доведуваат во прашање одржливоста на соларната енергија во случај на нуклеарен конфликт. Причините за ова се двојни :
- Намалување на сончевите зраци што допираат до Земјата – Дури и нуклеарен конфликт во ограничен обем ќе ослободи голема количина саѓи што ќе ја покрие Земјата. Ова ќе го намали процентот на сончевите зраци што стигнуваат до Земјата на дел од нормалното ниво. Ова дефинитивно ќе ја загрози ефикасноста на секој сончев систем.
- Нуклеарен електромагнетски импулс (EMP) – Ако во атмосферата се детонира нуклеарно оружје со доволна јачина, EMP може да ги оневозможи уредите што содржат електронски кола, потенцијално предизвикувајќи неповратна штета на електрониката во автомобилите, авионите и домашните соларни системи. Дури и ако самите соларни панели можат да бидат помалку ранливи на EMP бидејќи се дизајнирани да издржат удар на гром, најверојатно ќе биде засегнато електричното коло на соларниот систем.
Одговори :
- Дури и нуклеарен конфликт во ограничен обем ќе има разорно влијание врз општеството. Ако некој е во близина на радиусот на експлозијата, недостатокот на енергија ќе биде најмалата грижа, бидејќи сите во непосредниот радиус на експлозијата ќе бидат убиени.
- Иако понудивме решенија како што се сончевата енергија и енергијата на ветерот, не можеме да гарантираме дека тие ќе функционираат за време на нуклеарен конфликт.
- Во такво сценарио, секоја интелектуална дискусија за ублажување на ризикот на физичко ниво може да резултира со заклучок кој би изгледал многу мрачен и безнадежен.
- Сепак, важно е да се има на ум духовниот аспект кога размислуваме за подготовка за наредните времиња, бидејќи тоа е клучен аспект за тоа дали ќе преживееме во овие времиња. Затоа, треба да се земат предвид следните точки.
- Среќата и страдањето во животите на луѓето се диктирани од нивната судбина и од начинот на кој тие ја користат својата слободна волја. Ефектите на судбината не можат да се избегнат и мора да се претрпат. Во годините 2019 – 2023 година, колективната судбина на човештвото исто така ќе има многу поголем ефект врз животот на човекот. Колективната судбина во сегашните времиња е многу неповолна и многу луѓе ќе загинат.
- Неповолната судбина може да се надмине само со духовна пракса. Меѓутоа, во сегашната ера, духовната пракса на луѓето воглавно не постои, па голем дел од светското население ќе загине.
- Луѓето кои вложуваат многу труд во духовната пракса (според универзалните принципи) ќе ги преживеат наредните времиња. Духовното ниво на една личност ќе биде важен критериум за опстанок.
- Луѓето со духовно ниво над 50% ќе ги преживеат претстојните тешки времиња поради Божјата милост. Затоа, важно е да се подучуваат на духовна пракса оние кои имаат потенцијал да ја примат, зашто тие ќе можат да го достигнат духовното ниво од 50%.
- Во зависност од висината на духовното ниво на личноста, во случај на нуклеарен конфликт, од ефектите на радијацијата итн. од Бога ќе биде заштитена и областа околу него. Поради ова ќе се спасат не само трагачите, туку и растенијата, животните итн.
4. Решенија за недостиг на вода за време на војна и природни катастрофи
Водата е најзастапената компонента на Земјата и е од суштинско значење за животот. Постои во течна, цврста и гасовита состојба. Сепак, свежата вода сочинува многу мал дел од целата вода на планетата. Додека речиси 70 отсто од светот е покриен со вода, само 2,5 отсто е свежа вода. Остатокот е солена, морска или океанска вода. Од целата свежа вода, само 1 процент е лесно достапна, а голем дел од неа е заробен во глечерите и ледниците. Факт е дека само 0,007 отсто од водата на планетата е достапна за одржување на нејзините 7,4 милијарди луѓе, како и за целиот растителен и животински свет. Накратко, водата е многу скапоцена стока, која освен за пиење, се користи и за многу други важни активности како што се перење, чистење, санитарни и здравствени мерки, земјоделство итн.
Националните академии за науки, инженерство и медицина утврдија дека адекватен дневен внес на течности е :
- Околу 3,7 литри течност за мажи
- Околу 2,7 литри течност за жени
Квалитетот, содржината на хранливи материи и достапноста на вода варираат низ целиот свет, а разликите зависат од многу нешта, вклучително климата, локацијата и економскиот статус на земјата.
Во ситуации без формална организација или структура како што се војните и природните катастрофи, достапноста и квалитетот на водата може драстично да се променат. За време на војна или други конфликти, системите за водоснабдување се многу чувствителни на прекини. Уништувањето на инфраструктурата за водоснабдување (на пр. водоводните мрежи и постројките за третман), намерното исклучување на електраните и далноводите до постројките и нарушувањата во работата и одржувањето на системите за водоснабдување се дел од тактиките што спротивставените страни можат да ги користат за дестабилизија и за нанесување на штета на цивилното население. Како што видовме во неодамнешните конфликти, како што се во Ирак и Сирија, цивилното население најчесто го сноси најголемиот дел од колатералната штета од воените операции. Во случај на нуклеарна војна, ќе се справуваме и со радиоактивно загадување, кое ќе ги контаминира изворите на вода.
Сето ова може да загрози големи делови од општеството, каде што дури и најмалата количина на потребна вода за пиење може да не биде достапна. Исто така, дури и ако водата е достапна до одреден степен, таа може да биде загадена со различни загадувачи на водата. Ризикот од заразни болести се зголемува со лоши санитарни услови, ограничен пристап до чиста вода и храна. Колапсот на инфраструктурата поврзана со санитарните услови и водата може да доведе до зачестена појава на колера, дизентерија и тифусна треска. Дури и ако локалните власти имаат намера да испратат цистерни со вода за да им помогнат на граѓаните, поради недостиг на гориво, тоа нема да биде возможно.
Во врска со ова, дадовме неколку совети за нашите читатели за да се подготват за наредните времиња.
Извори и собирање на вода
Повеќето јавни системи за водоснабдување се снабдуваат со подземни и површински води. Површинските води вклучуваат извори, потоци, канали, реки и езера. Во случај на недостиг на вода поради колапс на инфраструктурата, треба да се земат предвид алтернативните извори на вода дадени подолу.
1. Собрана дождовница од покривите
Извор: SuSanA Secretariat / CC BY
2. Приватни бунари за вода : За да се ископа бунар може да биде потребна дозвола од локалната власт а исто така и стручна помош.
3. Употреба на домашна сива вода : Сивата вода е отпадна вода што не доаѓа од тоалети, туку од водоводни системи како што се мијалници, машини за перење, тушеви и кади. Со правилно ракување, сивата вода може безбедно да се користи во градината.
4. Собирање на кондензат : кога водената пареа во воздухот (влагата) ќе дојде во контакт со постудена површина, водата се менува од гас во течност и се собира на студената површина. Оваа водена пареа во воздухот што станува течна се нарекува кондензат.
Третман на водата
Стандардниот третман на водата е со прочистување (отстранување на суспендираните цврсти материи и цврсти честички), филтрација, прочистување и десалинизација, како и рутинско одржување и тестирање за хранлива вредност, со дополнување кога е потребно.
Друг важен аспект на превенцијата на болестите од загадена вода е третман на вода во домот. Третманот на вода е фокусиран на примената на едноставни методи, како што се вриење, белење, филтрирање преку крпа, филтрирање на седимент (песок и чакал) и дезинфекција со ултравиолетова светлина.
Болестите што се пренесуваат преку вода веројатно би убиле повеќе преживеани од нуклеарен напад отколку од радиоактивните врнежи што би ја загадиле водата. Ви предлагаме да започнете сопствено истражување за тоа како да ја направите водата безбедна за пиење во случај на војна во вашата област каде што чистотата на водата може да биде загрозена.
Ако не се достапни ниту безбедна вода ниту хемикалии за дезинфекција за време на криза, чувајте што е можно повеќе од најдобрата вода што ви се наоѓа при рака, дури и ако се работи за матна речна вода. Поголемиот дел од калта се таложи на дното за неколку дена; а дури и во преполно засолниште постојат начини да се вари водата. Ако ја вриете водата една минута ќе ги убиете сите видови бактерии кои предизвикуваат болести. За да се убијат некои поретко заразни организми, потребно е вриење од 10 до 20 минути. (Вигнер, 1979)
Складирање на водата
Ако третираната водата не се складира во дезинфицирани резервоари, таа повторно ќе се контаминира. За долгорочно складирање, најдобро е да се дезинфицира целата вода бидејќи дури и неколку организми можат брзо да се размножат и да и дадат лош вкус или мирис на складираната вода. Правилно дезинфицираната вода останува безбедна многу години ако се чува во цврсто затворени пластични или стаклени садови. За долгорочно складирање, не користете тенки пластични садови, кои често протекуваат со текот на времето.
Користете ја умерено водата
Сега е време да почнете да ја користите водата умерено, да не го трошите овој скапоцен ресурс и да го користите повторно кога тоа е можно. Колку повеќе го практикувате ова во нормални времиња, толку подобро ќе можете да се снајдете за време на војна.
Други начини за управување со недостигот на вода за време на војна
Еве неколку практични совети, по случаен редослед, за зачувување и оптимална употреба на водата во следните неповолни времиња.
- Купете долго дебело јаже, кофа итн. за да можете да црпите вода од бунарот ако не можете да добиете вода користејќи електрична енергија и други опции.
- Ако е можно, набавете пумпа што работи на сончева енергија.
- Ако имате бунар во кој нема доволно вода во текот на целата година, тогаш направете го подлабок.
- Ако имате бунар за вода, проверете дали може да има повеќе опции за црпење на вода – со сончева енергија, рачно и со електрична пумпа. За да можете да прибегнете кон друга опција, ако една од опциите не успее.
- Погрижете се водата од бунарот да не се загади поради невнимание или недоволна грижа.
- Набавете доволно големи резервоари за вода (со капацитет – според потребите на вашето семејство) за да може водата да трае 10-15 дена.
- Поради недостиг на струја, стандардниот прочистувач на вода може да престане да работи, алтернатива е керамички филтер за вода.
- Ако треба да користите матна вода за пиење или готвење, обидете се со оваа опција. Земете голем сад и истурете ја матната вода во него. Оставете ја водата да одмори без да ја мешате 24 часа. Потоа, истурете ја чистата вода во друг сад и можете да користите густа крпа од муслин за да ја исцедите водата. Внимавајте крпата од муслин да биде чиста и да се користи само за оваа намена.
- Достапни се некои шишиња кои можат автоматски да ја чистат водата. Овие шишиња може да се купат онлајн.
- Постојат опции за ладење на водата без користење на електрична енергија со користење на големи земјени садови за вода кои ја ладат водата Постојат техники за користење и одржување на земјените садови за вода. Pogledajte Вистински начин да се купи, исчисти и излечи нов земјен сад (2 трикови како да добиете најстудена вода од садот).
- Користете ја водата умерено за сите активности.
- Користете наводнување со капка по капка или прскање за градините и полињата. Во текот на летото покријте ги растенијата со тенка влажна крпа за да не испари водата брзо.
- За собирање на дождовница, чувајте буриња на тераса или на земја. Оваа вода може да се користи за различни намени.
- Со користењето на најдобрата достапна технологија и користењето на водата на попаметни и поиновативни начини, односно со ефикасното користење на водата, значително придонесуваме за нејзиното штедење.
5. Библиографија
Vigner, E. P. (1979. мај). Вештини за опстанок во нуклеарна војна (Nuclear War Survival Skills) Поглавје 8: Вода. Преземено од https://www.oism.org/: https://www.oism.org/nwss/s73p919.htm