Дежа ву - Веќе видено

1.Што е Дежа ву?

Дали некогаш сте го имале она чувство, ’Јас веќе сум бил овде’, иако прв пат сте на тоа место? Ова чувство популарно е наречено Дежа ву (француски израз за ’веќе видено’) и го опишува искуството на кое сме биле порано сведок или сме го доживеале во врска со ситуацијата која е потполно нова.

2. Духовни причини за искуството на веќе виденото (Дежа ву)

Да сфатиме зошто луѓето поминуваат преку вакви видови на искуства и нивните причини, спроведовме духовно истражување.

2-MKD_Graph-deja-vu

 

А. 30% од случаите: Слични искуства или искуства од минатите животи

Овие случаи се однесуваат на поистоветувањето на сегашните искуства со слични искуства во овој живот или во минатите животи.

Б. 50% од случаите: Феномен на звучна виљушка

Секој жив и нежив објект емитува фреквенции што создаваат аура што го опкружува. Кај луѓето фреквенциите се емитуваат од сите тела што го сочинуваат, те. физичкото, менталното, телото на интелектот и суптилното его. Емитувањето и примањето на овие фреквенции станува уште посилно кога лицето медитира и кога мислите му се концентрирани на нешто.

Феноменот на звучна виљушка е поврзан со фреквенциите на умот на едно лице кои привремено се совпаѓаат фреквенциите на умот на другите луѓе или со суптилните тела во задгробниот живот.3-MKD_Yellow-note

Фреквенциите на нашиот ум не се совпаѓаат со сите луѓе, тие одговараат приближно со еден од сто милиони луѓе. Со други зборови, фреквенциите на нашиот ум ќе се поклопат со 65 луѓе од 6.5 милијарди луѓе на Земјата. Веројатноста на совпаѓање може да биде почеста во случај на суптилните тела во животот после смртта поради нивниот поголем број во суптилните региони. Тоа никако не значи дека тие лица се сродни души, во прашање е тоа дека во одредени искуства нивните умови се поклопуваат. Тогаш се јавува убедувањето, дека присуствувале во некоја нова ситуација или дека ја доживеале порано, а тоа искуство воопшто не е нивно, туку е искуство на некој друг.

Ц. 20% од случаите: Останати случаи

3. Влијание од духовите на искуството на веќе виденото (Дежа ву)

Во некои случаи, кога луѓето ги попречува или опседне некој дух делумно или потполно, претходно наведените статистики се менуваат.

Ве молиме прочитајте го написот – ’Колкав е процентот од светската популација под влијание на духовите’.

Кај луѓето кои во помала или поголема мерка ги попречуваат суптилните тела на преминатите предци или духовите, во 50% од случаите, во сите три наведени варијанти, до појавување на искуството на веќе виденото (Дежа ву) доаѓа под влијание на духовите. Тоа значи дека секое второ искуство на веќе виденото го предизвикува некој дух. Духовите тоа често го прават за да ги измамат луѓето.