Анализа на случајот – спонтана појава на чад

SSRF ги објавува овие анализи на случаите со намера да на своите читатели им овозможи насочување во врска со проблемите кои се јавуваат на физичко или психолошко ниво, а кои својата вистинска причина можат да ја имаат во духовната димензија. Кога коренот на проблемите е од духовна природа забележавме дека вклучувањето на мерките за духовно исцелување дава најдобри резултати. SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување кај лечењето на физичките и психијатриските болести. На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своја проценка

Забелешка: Со цел подобро да ја разберете позадината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се случуваат особено во SSRF, ве молиме прочитајте – Вовед во застрашувачки натприродни појави.

1. Вовед

Ова е анализа на случај од малку поинаков тип на спонтани палења. Иако не се случило никакво палење ниту пак настанал некаков оган, сепак насекаде низ просторот можеле да се видат траги од чад, како навистина да горел оган. Овој инцидент е опишан од страна на г-ѓа Шерон Кларк Секвеира, трагателка која обавува духовна пракса под водство на Неговата Светост Др. Атавле.

2. Настаните кои претходеа на инцидентот

1 MKD-SharonОваа необична појава се случи во јули 2003-та година. Отидов во Mелбурн, Австралија таму да поминам некое време со австралиските SSRF трагачи и таму да присуствувам на Гурупирнима (Гурупирнима е фестивал на кој Божјите трагачи ја изразуваат својата благодарност до Гуру Принципот или Божјиот Принцип на Учењето). Престојував во куќа со двајца трагачи, Вамси Кришна и Шон Кларк (кој ми е брат), која служеше како сева кендра во Мелбурн (сева кендра е место во кое трагачите живеат заедно со цел колективно да служат ширење на Духовноста). Непосредно пред Гурупурнима, трагачите добија дозвола од сопственикот да ја варосаат куќата како дел од подготовките за фестивалот.

Се сеќавам дека на денот на Гурупурнима, трагачите осетија будење на духовната емоција (Бав) и дека голем број на луѓе дојдоа да присуствуваат на предавањето. Исто така, имавме поставено и различни слики и цртежи засновани на знаењето за духовната димензија, за подобро да ги илустрираме разните духовни концепти.

Само ден порано, една од трагателките од Европа, ни се јави да ни каже дека во еден од трагачите таму се манифестирал дух. Таа не предупреди дека духот кој се манифестирал се заканувал дека негативните енергии планираат да ја нападнат и сева кендрата во Мелбурн. Бевме изненадени од ова предупредување и во тоа време не можевме да разбереме како би можеле тоа да го изведат.

3. Акутелниот напад

Следниот ден, Мелбурн беше погоден од ладен бран. Одлучив да спијам во дневната соба каде беше одржано и предавањето, така да можам да користам електрична греалица. Ги затворив сите прозорци, ја вклучив електричната греалица и како мерка за духовна заштита, оставив мала ги ламба да гори во аголот. Кога Шон ме разбуди утрото, и двајцата бевме изненадени кога видовме дека во текот на ноќта на свежо варосаните ѕидови, подови, врати и мебел, се појавил тенок црн слој кој личеше на чад.

Во презентацијата од слики којашто следи можете да ги видите разните објекти кои биле нападнати

 

Околу овој напис е поставена рамка која го содржи принципот на Шри Кришна со цел читателите да не осетат никакви непријатности додека гледаат во сликите или ги читаат претходно наведените информации.

4. Интелектуална анализа

Не постоеше можност малата ги ламба да го предизвикала појавувањето на таквите црни слоеви кои наликуваа како да се од чад, насекаде низ целата соба. Ги е вид на масло кое не создава чад, а ниту пак количината ги која гореше таа ноќ, не беше во состојба да направи таков слој од чад во собата. Во многу претходни прилики сме користеле ги ламба во слични услови, но никогаш не се случило такво нешто. Кога ја погледнавме нашата постелнина, и на неа приметивме дамки кои наликуваа како да се од чад. Ниту ова не беше физички возможно, бидејќи за да може чадот да направи дамки на постелнината, треба да помине преку јорганот и нашите тела. Интересно е тоа што на нашите тела и облека немаше никакви дамки или слоеви од чад. Откако отфрливме многу причини кои би можеле да доведат до ова, на интелектуално ниво, претпоставивме дека се работи за напад од страна на негативните енергии.

5. Анализа заснована на знаењето за духовната димензија и духовни мерки

Одделението во SSRF за восприемање на духовната димензија, го сочинуваат трагачи коишто можат да ја набљудуваат суптилната димензија и цртаат слики од суптилниот свет (суптилни цртежи засновани на духовното знаење), како и да предлагаат духовни мерки за исцелување од негативните енергии. Некои од овие трагачи добиваат Божествено знаење, а некои се занимаваат и со Божествена уметност. Истражувањата во SSRF воглавном се спроведуваат во ова одделение.

Осетивме дека интензивната духовна активност во текот на Гурупирнима, заедно со многуте SSRF предавања кои се одржуваа во разни делови од градот, ги разгневи негативните енергии и дека тие се обидуваа да не заплашат со овој напад. Меѓутоа, ние кон целата оваа појава се однесувавме како кон нешто што треба да го документираме и истражиме. Така ги фотографиравме сите поцрнети објекти и преку електронска пошта (и-мејл) ги пративме фотографиите и извештајот до SSRF-одделот за знаење за духовната димензија. После тоа, четворица трагачи зедоа кофи и сунѓери и тргнаа во голема задача да ги исчистат дамките кои наликуваат како да се од чад, а кои речиси беа насекаде.

Кога подоцна зборувавме со одделот за знаење за духовната димензија во SSRF- истражувачкиот центар, тие потврдија дека се работи за напад од страна на негативните енергии. Тие не замолија постојано да пуштаме Свети песни испеани од Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ  во собата за да духовно ја прочистиме и да ја ослободиме од ефектите на овој суптилен напад. (Божествената свесност или Чаитанија која излегува од песните испеани од Светците од повисоко ниво, делуваат како моќна мерка за духовно исцелување).

Овој необичен феномен никогаш повеќе не се повторил во таа куќа, иако се повторени истите физички услови на палење ги ламба и вклучување на греалица додека прозорците беа затворени.