Анализа на случајот – спонтана појава на крвави дамки на разни предмети

Забелешка: Со цел подобро да ја разберете позадината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се случуваат особено во SSRF, ве молиме прочитајте – Вовед во застрашувачки натприродни појави. MKD seanШон Кларк обавува духовна пракса под водство на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), последните 12-ет години. Не многу одамна, додека тој обавуваше сатсева  (Служење на Апсолутната Вистина) – истражување и објавување написи на интернет страницата на SSRF, беше сведок на многу натприродни феномени и интервјуираше многу луѓе кои имале натприродни искуства. Во овој напис, тој ја објаснува неговата средба со спонтаната појава на крвави дамки.

Првиот пат кога видов спонтано појавување на крвави дамки беше кога бев во посета на SSRF-ашрамот во Гоа, Индија, 2003-та година. По завршувањето со ручекот ја подигнав чинијата од масата и здогледав крвава дамка, која ми се чинеше како да се материјализирала веднаш под мојата чинија. Барав мртов инсект, но ништо не пронајдов. Дамката беше долга околу 3 сантиметри. Тогаш дознав за оваа појава, а исто така и открив дека во некои случаи, покрај ваквите дамки, трагачите пронаоѓале и парчиња месо кои потполно спонтано се појавиле.

blood-stains-sean-1

Шест години подоцна, во почетокот на 2009-та година, кога започнавме со изработка на документарен филм, којшто ја објаснува појавата на крвавите дамки предизвикани од негативните енергии, го доживеав овој феномен уште три пати.

Првиот пат тоа се случи додека го бришев подот во својата соба. При обавувањето на оваа рутинска задача, вниманието ми го привлече изненадната појава на дамка која наликуваше како да е од крв на подот веднаш пред мене. Беше прилично видлива, 3 до 4 сантиметри долга, а само пред момент не беше тука. На фотографијата која следува можете да ја видите оваа крвава дамка.

blood-stains-sean-2

Следните два инциденти се случија додека спиев. При првиот инцидент од последните два, крвави дамки се појавиа на мојот чаршаф. Беа премногу големи за да би биле предизвикани од инсекти.

blood-stains-sean-3

При вториот инцидент од последните два, тоа се случи во текот на ноќта, крвави дамки се појавиа на мојата маица. За разлика од претходниот пат, можеа да се видат три добро дефинирани кружни дамки. Нивната големина беше од 1 до 1,5 сантиметри и беа на еднаква оддалеченост една од друга. Кога се разбудив, речиси веднаш ги забележав и се уште беа свежи (полу-влажни).

Форензичка анализа

Овојпат ја испратив и маицата на форензичко тестирање. Кога излегоа резултатите, беше утврдено дека крвта е од човечко потекло, но она што навистина беше чудно е тоа што крвната група не се совпаѓаше со мојата. Мојата крвна група е АБ-негатив, додека форензичките резултати покажаа дека дамките се А-позитив.

Суптилна анализа

Подоцна тоа утро ја покажав маицата на Неговата Светост Др. Атавле, и на трагачите од одделот на SSRF за знаење за духовната димензија. Тие потврдија дека се работи за напад од негативните енергии. Н. С. Др. Атавле рече дека дамките емитуваа непријатен суптилен мирис, што и самиот можев да го осетам кога ја помирисав маицата.

Во тоа време, центарот за истражување го посетуваа двајца нови трагачи кои беа многу осетливи на суптилни вибрации и можеа многу добро да ги забележат. Меѓутоа, ниту еден од нив не знаеше дека се опседнати од негативни енергии од повисоко ниво. При допирање на една од дамките за да направат суптилно отчитување, и двајцата осетиле бран на енергија којa се емитувала од дамката, се на се и двајцата имале позитивно чувство во врска со дамките. Всушност, ентитетот во секој од нив беше оној кој се ослонуваше на црната енергија од дамките и се осеќаше позитивно додека ја примаше таа енергија.

Неколку месеци подоцна, кога ја видов маицата, осетив многу лош и непријатен мирис којшто се емитуваше од неа. Искуството не научи кога негативна енергија ќе влијае врз облеката на некое лице, емитува непријатен и лут мирис.

Покрај овие инциденти кои ги доживеав во текот на снимањето на видео записот за спонтаното појавување на крвави дамки, станав свесен дека и други трагачи доживеале слични вакви појави, односно на нивните предмети спонтано се појавиле крвави дамки.