Анализа на случајот – невообичаени дупки во памучна женска цветна блуза

Забелешка: Со цел подобро да ја разберете позадината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се случуваат особено во SSRF, ве молиме прочитајте – Вовед во застрашувачки натприродни појави.

 

1. Вовед

1_MKD_shwetataiОва е анализа на случајот на г-ѓа Швета Чобеј од Гоа, Индија. Швета обавува духовна пракса (садна) според советите на SSRF од 1998-ма година. Последните две години, таа во потполност се посвети на ширењето на Духовноста и помагање на другите да ја разберат важноста на духовната пракса.

Од Јануари 2010-та година, во делот од веб-сајтот или секцијата за застрашувачки натприродни појави, SSRF претставува написи за нападите на негативните енергии врз неживи објекти. Овие напади се одвивале по пат на разни средства, како огребатини, скинатини, дупки, крвави дамки, итн. Швета како свое служење на Апсолутната Вистина (сатсева) обавува пребарување низ архивите на SSRF и собира разни материјали за нападите од негативните енергии, како што се фотографии на погодени предмети и Божествено знаење за нападите, духовни искуства на трагачи, цртежи засновани на знаењето за духовната димензија, итн. Таквите материјали таа ги доставува до трагачите кои ги изложуваат темите на нашата веб-страница.

Следи опис на искуството кое го доживеала Швета, со нејзини зборови.

2. Искуства непосредно пред нападот

Во март 2010-та година, се занимававме со развивање на секцијата за напади од страна на негативните енергии по пат на пукнатини. Беше потребно да анализирам различни случаи каде биле нападнати предмети на трагачи од страна на негативните енергии. Тогаш ќе ѓи интервјуирав трагачите и ќе ги добиев деталите во врска со инцидентите.

Во текот на оваа сатсева (Служење на Апсолутната Вистина), понекогаш пред да заминам на спиење осеќав болки во нозете, исцрпеност, тапост и недостаток на ентузијазам. Често ми се јавуваа негативни мисли.

Коментар на тимот за истражување засновано на духовната наука:

Доста често трагачите осеќаат непријатности пред и после суптилните напади од страна на негативните енергии.

  • На физичко ниво може да се осети невообичаен замор, болки во телото, намалено ниво на енергија, итн.
  • На ментално ниво, може да се осети необјаснива зголемена иритација, недостаток на јасни мисли, негативни мисли, депресија, итн.

Во текот на таквите ситуации користев разни мерки за духовно исцелување како што се пеење, молитви, седење во соба која ја користат Светци, итн.

Коментар на тимот за истражување засновано на духовната наука:

Поради Божествената свесност (Чаитанија) која е присутна во Светците, просториите во кои Светците живееле, исто така емитуваат Божествена свесност. Со користење или престој во овие простории,  без оглед на тоа што Светците не се присутни во таквите простории, се постигнува силен ефект на духовно исцелување за надминување на непријатностите.

3. Актуелниот напад

Имам една розова памучна блуза со цветови испечатени по неа, многу е удобна и е една од моите омилени. Пристигна летото и често ја носев. На 15-ти март 2010-та година, помислив дека не треба да ја носам толку често, бидејќи може да избледи. Исто така, ова беше проследено со уште една мисла, дека блузата може да се оштети бидејќи многу ми се допаѓа. Јас го игнорирав сето тоа, размислувајќи дека тоа е една од моите бизарни мисли. Подоцна сфатив дека тоа било претчувство за настанот којшто следеше.

Денот на 20-ти март 2010-та година, ја носев оваа розова блуза. Во тоа време, на неа немаше никакви дупки. Тоа беше доста топол ден и се чувствував непријатно, па отидов во собата да се напијам вода. Како што стоев под вентилаторот и пиев вода, забележав големи дупки на горниот дел од блузата во близина на пазувите. Бев целосно изненадена, бидејќи немаше никаква причина за тоа како би можело ова да се случи. Тоа утро кога ја облеков, не беше искината, а немаше ниту било какви дупки. Во текот на денот, немав никаков контакт со било какви остри предмети или со некоја рапава површина, кои би можеле да ги предизвикаат таквите дупки. Покрај тоа, блузата не беше ниту толку стара  за да се носи или искине.

Гледајќи во настанатите дупки во блузата, осетив како некој со големо задоволство и намерно ја искинал. Истовремено осеќав и болки во нозете. Се прашував дали дупките на блузата се резултат на напад од негативните енергии. Веднаш се пресоблеков.

Следуваат слики од искинатата розова блуза.

4. Суптилна анализа

Одделението во SSRF за восприемање на духовната димензија, го сочинуваат трагачи коишто можат да ја набљудуваат суптилната димензија и цртаат слики од суптилниот свет (суптилни цртежи засновани на духовното знаење), како и да предлагаат духовни мерки за исцелување од негативните енергии. Некои од овие трагачи добиваат Божествено знаење, а некои се занимаваат и со Божествена уметност. Истражувањата во SSRF воглавном се спроведуваат во ова одделение.

Ја покажав искинатата блуза на г-дин Мукул Гадгил, трагач од одделот за знаење за духовната димензија, кој има развиено шесто сетило. Тој потврди дека се работи за напад од негативните енергии. Подоцна зборував и со г-ѓа Шрада Павар, која исто така е трагателка од одделот за знаење за духовната димензија, во врска со инцидентот. Таа спонтано ме праша дали ми се допаѓаше блузата и дали беше една од моите омилени. Одговорив потврдно и бев изненадена од каде би можела тоа го знае. Ми рече дека Бог и ја дал оваа мисла.

Коментар на тимот за истражување засновано на духовна наука:

Поради духовната емоција (Бав) и ниското его, некои тргачи на SSRF можат да добијат мисли од Универзалниот Ум и Интелект. Универзалниот Ум и Интелект се синоним за Божјиот Ум и Интелект кој е сезнаен. Дури иако не знае ништо во врска со одредена тема, трагачот добива исправни мисли за тоа.

5. Духовната наука зад нападот

2_MKD_AnjaleeПодоцна се сретнав со г-ѓа Анѓели Гадгил, уште една трагателка со развиено шесто сетило. Таа ми го постави истото прашање, дали блузата ми беше една од моите омилени. И кажав дека и г-ѓа Шрада ме праша истото.

Потоа, таа ми ја објасни науката која стои зад овој случај:

“Кога ни се допаѓа одредена облека, вибрациите на нашето тело се поврзани со таа облека во иста мера. Бидејќи ни се допаѓа таа облека, често ја носиме, па така вибрациите на нашето тело се присутни во таа облека во најголема мера. Дури иако не ја носиме таа облека, туку само затоа што ни се допаѓа, поради нашите мисли насочени кон облеката, повторно вибрациите на нашето тело остануваат во облеката. Како резултат на тоа, облеката станува лесна мета за негативните енергии. Всушност, тие намерно ја напаѓаат таквата облека (којашто ни е омилена), бидејќи со таквиот напад би можеле да остварат максимален ефект врз лицето”.

По истиот принцип ја нападнале и мојата блуза. Подоцна малку сум дремнала. Кога се разбудив во вечерните часови, се чувствував како некој да ме удрил многу силно и осеќав болка во целото тело. Дури и додека го пишувам ова искуство како би било објавено, осеќам тежина во главата, отежнато дишење и сувост во устата.