Што велат другите

1_MKD_Rishita

Г-ѓа Ришита Деванг Гадоја, Торонто, Канада: “Бев во можност да искусам Божествен суптилен мирис насекаде низ SSRF-центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот. Во текот на сите осум денови додека престојував таму, осеќав суптилни мириси во разни простории на Ашрамот. На 9-ти јануари 2009-та година, имав лоша настинка и не можев ништо да осетам. Но, кога одев до мензата можев да осетам силен суптилен мирис. Бев многу благодарна што можев да го осетам суптилниот мирис и покрај настинката. Секој пат кога ќе го осетев суптилен мирис, се осеќав лесно”.

 

 


2_MKD_Brigitte

Г-ѓа Бригите Сзенткересзти, Австрија, Европа: “Го осеќав Бога во секој агол на SSRF-центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот”. Се чувствував како да одев по облаци”.

 

 

 

 

 

 


 

3_MKD_Rendy

Г-дин Ренди Екарантио, проценител од повисоко ниво за проекти и координатор за набавки во PT Singgar (ПТ Сингар) Мулиа, Индонезија: “Со SSRF-центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот сум поврзан последните 3 години. Секоја година го посетувам Центарот за да присуствувам на годишната духовна работилница. Можев да забележам разни духовни појави и многу значајни спонтани промени кои се одвиваа на духовно ниво, а некои од нив се манифестираа и на физичко ниво. Среќен сум што сум дел од SSRF-центарот за истражување. Некои од промените кои ги доживеав беше чувството на вакуум во делот на мојата Анахата чакра (Срцева чакра), кога го погледнав ѕидот во собата на Неговата Светост Др. Атавле. При разгледувањето на Ашрамот, ми се чинеше како да бев обвиен во фонтана од Божествена свесност. Можев да слушнам Божествени звуци додека пеев во собата за медитација”.


4_MKD_Dejan

Г-дин Дејан Глешчич, Србија, Европа (маркетинг директор во Сосиете Женерал Банка, Софија, Бугарија): “Среќен сум што можев да обавувам духовна пракса под водство на Неговата Светост Др. Атавле, во изминатите 16 години. Кога и да го посетев SSRF-центарот за истражување засновано на духовната наука, обавував разни суптилни експерименти и ме воодушевува тоа колку Центарот може да понуди. Тоа е место на бескрајно учење. Во јануари 2015-та година, додека го обавував суптилниот експеримент – допирање и гледање во ѕидот од собата на Неговата Светост Др. Атавле, добив чувство на бескраен празен простор, како вакуумот на Универзумот, и го осетив Апсолутниот Елемент Етер (Акашататва). Беше многу силно. Осетив чистота и бескрајно Блаженство во собата. Благодарен сум на овие Божествени искуства”.

 


5_MKD_Milutin

Г-дин Милутин Панкрац, Хрватска , Европа (Сопственик и извршен директор во ЕДУРО-компанија за мебел, Загреб, Хрватска): Со SSRF-центарот за истражување засновано на духовната наука сум поврзан повеќе од 3 години. Во јануари 2015-та година, имав единствено духовно искуство додека бев во посета на SSRF-центарот за истражување; бев во можност да видам Божествени честички; илјадници од нив се движеа со голема брзина низ воздухот во SSRF-центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот. Во просторот околу собата на Н.С. Др. Атавле видов илјадници уште помали Божествени честички. Тие се движеа во надолна насока и личеа на водопад.

 


 

6_MKD_Ana-L

Г-ѓа Ана Љубисављевич, Србија, Европа: “Обавувам духовна пракса повеќе од 15 години. SSRF-центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот ме водеше и насочуваше на духовниот пат. Оваа година бев сведок на единствен духовен феномен. Додека гледав во ефектот како бран (брановит ефект) во стаклото на прозорците од собата на Неговата Светост Др. Атавле, го доживеав стаклото од прозорот позитивно, свежо и воденесто. Исто така, осетив и дека стаклото ја покажува вистината, ми се чинеше дека ја покажува разликата помеѓу Големата Илузија (Маја) и Бога. Истражувањата засновани на духовната наука кои овде се спроведуваат, отсекогаш ме инспирирале и ми давале духовно значење од повисоко ниво. Тоа ја пробуди мојата љубопитност да научам повеќе за духовниот свет кој ги надминува петте сетила, умот и интелектот”.