Научници и истражувачи

Научници и истражувачи

Др. Улрих Берк: Др. Улрих Берк на 15-ти април 2014-та година, го посети центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот. Др. Берк од Мублинген, Германија, е доктор на науки по филозофија, тој е и поранешен универзитетски професор, и исто така претседател на Германската асоцијација за Хома терапија и е експерт за Агнихотра. Тој овој обред го обавува последните 35 години, и е страстен подржувач на истиот. Тој спроведува истражувања на обредот Агнихотра и неговото позитивно влијание на нашата животна средина. Всушност, тој е координатор на сите истражувања за Агнихотра во светот.

По посетата на центарот за истражување засновано на духовната наука, Др. Берк сподели, “Имрепсионирам сум од професионализмот на вашите волонтери ширејќи го Ведското знаење по пат на весници, некои магазини, многу книги, интернетот и други медиуми, и аудио и видео формат. Со оглед на тоа дека толку многу литература е преведена на разни Индиски и меѓународни јазици, тоа е навистина голем предизвик! Се разбира, ме развесели и информацијата дека наскоро ќе биде испечатена и првата книга на Германски јазик.

Исклучително интересни се вашите истражувања за влијанието на суптилните енергии, вклучувајќи ја и изложбата на предмети кои ги прикажуваат таквите влијаниа.

2_MKD_Scientists in ashram_Dr Ulrich Berk

Модерната наука треба уште да напредува како би успеала да ги разбере таквите феномени. Но ако успееме да ги прикажеме ефектите од таквите методи како Агнихотра на PIP-фотографии, тоа би помогнало да се зголеми прифаќањето на обредот и исто така се надевам дека ќе го привлече вниманието на некои научници да ја проучат оваа област подлабоко.

Беше многу добро искуство да се види како сите волонтери во ашрамот работат со позитивен дух и со насмевка на нивните лица, и покрај тоа што тие обавуваат работа која бара концентрираност и професионалност. Многу охрабрувачки беше тоа да се види како тие две работи можат да одат заедно.

 


3_MKD_Scientists-Mr.Mayank Barjatya

Г-дин Мајанк Барјатја e био-архитект со професионална и истражувачка позадина во архитектурата, човечка енергетика, вастушастра и животната средина. Покрај тоа, тој исто така е многу заинтересиран и за метафизички студии. Мајанк има 20-години искуство во својата област и често патува по меѓународни локации поради разни проекти. Мајанк беше заинтересиран, по слушањето за разните необјасниви феномени како спонтана појава на крвави дамки, спонтано палење и појава на Божествени честички во Центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот. На 13-ти јуни 2014-та година, Мајанк го посети Центарот за истражување засновано на духовната наука за два дена, како би извршил неколку прелиминарни истражувања на просториите и тоа заедно со тимот на SSRF користејќи Esmog spion инструмент (се користи за мерење на електро-стрес) и Лечер антена (Lecher antena). Тој спроведе разни експерименти и изрази желба да пронајде слободно време во својот густ распоред, за да спроведе уште неколку истражувања, со цел да го разбере ефектот на високо енергетските набои на Центарот за истражување засновано на духовната наука и нивното влијание врз човекот и обратно.

Мајанк духовноста го привлече пред околу 15 години. Тој се присетува “Отприлика тоа беше пред околу 15 години кога добив инспирација да го пренасочам својот фокус од физичката архитектура кон суптилно учење Васту Шилп Шастра. Многу малку знаев за духовноста во архитектурата и нејзиното значење во физичкиот свет”. Низа случајности го мотивираа Мајанк да го продлабочи своето истражување за духовната димензија и архитектурата.

Мајанк верува дека треба да станеме свесни за случајностите во нашите животи, бидејќи тие откриваат дека со нив управуваат некои други процеси. По посетата на центарот за истражување засновано на духовната наука тој се осврна во својот магазин Васту Тајмс – Притве: “Можам со сигурност да речам дека сите случајности кои се случија од 2012-та година добиа форма на серија на настани кои укажуваат на пат од повисоко ниво. Секој од нив е порака која води до поголема свесност. Постои духовен програм кој делува. Секој пат кога го чувствувам истото, забележувам дека слични коинциденции се случуваат почесто. Еден таков случај пред неколку месеци, ме доведе до Центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрам во Гоа. Оваа енергија ја нарекувам – “мистична свесност”.

 


4_MKD_Scientists - Dr Pradeep Deshpande

Др. Прадип Дешпанде (Претседател и извршен директор на Six Sigma & Advanced Controls, Inc. US): Др. Прадип Б. Дешпанде е претседател и извршен директор, и почесен професор по хемиско инженерство на универзитетот во Луисвил. Тој е основач на Six Sigma & Advanced Controls, Inc. US. Тој има спроведено обемно истражување за повеќе од 35 години во оваа област. Др. Прадип го привлече Центарот за истражување засновано на духовната наука, откако му беа испратени во Сад примероци на Божествени честички кои се пронајдени во Центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот во Гоа, и тој на нив спроведе научни истражувања. Подоцна, тој објави два научни труда на оваа тема “Моќта на публикацијата: Материјализација на енергијата“.

Тој на 17-ти јануари 2015-та година, го посети Центарот за истражување засновано на духовната наука и беше фасциниран од истражувањата засновани на духовната наука кои се спроведуваа во Центарот.

Тој ги изрази своите ставови за разните аспекти забележани во Центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот. Тој рече дека “Ако научниот процес кој го потпира откритието на Божествените честички пронајдени во Центарот, му се открие на светот, тоа ќе го открие процесот на создавање на Универзумот. Според модерната наука, светот е секогаш во процес на трансформација и ширење. Ако погледнеме на светот пред 13,8 милијарди години; истиот бил помал од точка која ја ставаме на хартија. Тој свет се материјализирал од не-материјализирана состојба. Материјализацијата на Божествените честички е соединување со Божествената свесност (Чаитанија) и го открива во суштина процесот на преминување од суптилно кон грубо и/или материјализација од не-манифестирана или Ниргун форма на Бога кон манифестирана, и го објаснува процесот на создавање на светот.

Тој рече дека трагачите во Центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот имаат во себе многу сатва или духовно чиста компонента. Во свои зборови тој ја нарече “С компонента”. Др. Прадип сакаше да знае како да ја добие и зголеми сатва компонентата во себе. Откако му беа појаснети осумте чекори на Гурукрупајога (Пат на милоста на Гуруто) – пеење, сатсанг, сатсева, жртвување, духовна емоција (Бав), љубов без очекувања, процесот на отстранување на карактерот и процесот на отстранување на егото, како комплетен процес за зголемување на сатва компонентата, тој истите веднаш ги прибележи.

5_MKD_Scientists in ashram - Dr Pradeep Deshpande

Тој исто така спомна дека настаните како што се нападите на 11.09 покажуваат како глобалната свест со голема брзина опаѓа. Тие успеале да ја измерат глобалната свест преку научен инструмент наречен “Random Number Generator” (генератор на случаен број). Др. Прадип спомна дека научниците знаат дека глобалната свесност опаѓа и дека тие можат да ја измерат, меѓутоа, тие немаат знаење како можат да ја зголемат. Затоа тие гледаат со надеж кон Божественото духовно знаење на Индија. Такво Божествено знаење е присутно во Центарот за истражување засновано на духовната наука!

Др. Прадип рече: “Вибрациите на Центарот за истражување засновано на духовната наука се неверојатни и многу моќни. Кога би се обидел да ги забележам сите мали случки кои го организираа моето доаѓање овде, би се изгубил во броењето. Но, многу сум благодарен за тоа искуство”.

Др. Прадип го мереше био-енергетското поле на пет трагачи во Центарот за истражување засновано на духовната наука и Ашрамот со помош на “Bio well GDV” уред. Тој забележа позитивни промени во мерењата направени пред и после пеењето на трагачите во собата која претходно ја користеше Неговата Светост Др. Атавле. Овие експерименти ја докажаа важноста на пеењето на Божјото Име во духовно чиста околина.