Компаративно истражување кога висок користат трагачи кои имаат попречувања и трагачи кои немаат попречувања од негативните енергии

Главен истражувач: Др. Нандини Самант, МББС, ДПМ

Research study code: PEN-01

Содржина

1. Вовед

На повеќето од нас може им е познато дека високот понекогаш се користи за добивање на ‘Божествени’ одговори, за тоа каде се наоѓаат подземни води и минерали, за односи помеѓу луѓето, инвестиции, за автентичноста на различни работи, па дури и за иднината. Сепак, точноста на ‘претскажувањето’ зависи од повеќе фактори. При ова истражување тестиравме еден таков фактор и тоа – дали присуството или отсуството на попречувања од негативните енергии кај лицето кое користи висок, влијае на точноста на одговорот.

За подобро да го разберете овој напис ве молиме прочитајте го нашиот напис – Вовед во истражување засновано на духовната наука со користење на висок 

2. Методологија на експериментот

На почетокот ја замоливме Г-ѓа Анѓели Гадгил, трагателка од одделението за знаење за духовната димензија која има развиено шесто сетило, да направи суптилна анализа заснована на знаењето за духовната димензија на предметот кој ќе го испитуваме со висок во овој експеримент и да ги запише своите наоди. Сето ова беше направено за да се утврди почетното основно духовно отчитување на предметот со кој подоцна можевме да ги споредиме резултатите од експериментот.

Потоа ја замоливме да го стави предметот во плик, да го затвори и да ни го предаде за испитување. Никој од учесниците во експериментот не знаеше што содржи затворениот плик. На површината од пликот нацртавме концентрични кругови кои меѓусебно се оддалечени на 5.08 сантиметри (2 инчи). Ова го направивме за полесно отчитување на тоа колкаво е растојанието на круговите кои високот ги правеше.

01-MKD (L)_Markings

Потоа ја замоливме г-ѓа Анѓели Гадгил да направи суптилна анализа заснована на знаењето за духовната димензија на двата субјекта кои учествуваат во експериментот. Таа ни соопшти дека првиот субјект, г-ѓа Лола, нема попречувања од негативните енергии, и дека другиот субјект, г-ѓица Елизабет, има попречувања од негативните енергии. Г-ѓа Гадгил беше присутна за време на целиот експеримент и правеше суптилни анализи на различни значајни настани во текот на експериментот. Потоа ја замоливме г-ѓа Лола, нашиот прв субјект, да почне да го врти високот над затворениот плик, така што ќе го постави на височина од 1-2 инчи над него. Ја замоливме да ја стабилизира својата рака така што ќе ја потпре на својата свиткана нога.

Ги запишавме мерењата.

Потоа ја замоливме г-ѓица Елизабет, нашиот втор субјект, да го повтори експериментот со користење на висок над истиот затворен плик. Задржана беше истата висина над затворениот плик и раката беше стабилизирана на ист начин.

Ги запишавме мерењата. Г-ѓица Елизабет исто така ги раскажа и искуствата кои ги имаше додека го користеше високот.

3. Опсервации

3.1 Кога г-ѓа Лола го користеше високот

Правец на движење на високот Пречник на движење на високот
Во правец на стрелките на часовникот 41 cm

02-MKD (L)_Lola-results-pendulum

3.2 Кога г-ѓица Елизабет го користеше високот

Правец на движење на високот Пречник на движење на високот
Спротивно од правецот на движење на стрелките на часовникот 0.5 cm

03-MKD (L)_Elizabeth-results-pendulum

Субјективно искуство на г-ѓица Елизабет: Кога затворениот плик беше донесен пред мене, осетив како негативна енергија да се ослободува од мене. Сакав да се тргнам подалеку од пликот. Почнав да осеќам исцрпеност. Како што продолжив да го вртам високот, почнав да осеќам како од пликот ми доаѓа некоја позитивност. Потоа осетив дека добивам добра енергија од него и ми беше подобро.

4. Суптилна анализа заснована на знаењето за духовната димензија која ја прими трагателка од одделението за знаење за духовната димензија

Со оглед на тоа дека, местото, времето и предметот над кој е користен високот, како и самиот висок, беа исти, очекувани беа и исти или барем слични резултати. Меѓутоа, добивме различни резултати. Бидејќи на физичко ниво не постоеше очигледно објаснување, ја замоливме г-ѓа Анѓели Гадигл да врз основа на нејзината суптилна анализа која ја направи во текот на експериментот, ни објасни што точно се случува во духовната димензија. Таа ни ги објасни суптилните причини кои доведоа до ваквите резултати.

4.1 Видот на вибрациите од објектот

Г-ѓа Анѓели Гадгил објасни дека објектот во затворениот плик емитуваше силни позитивни вибрации. Потоа го отворивме ковертот и видовме дека во него имаше слика од Божеството Шри Кришна.

04-MKD (L)_SriKrishna_exp

Шри Кришна е хиндуистичко Божество. Божествата се форма на Божјиот принцип и нивната визуелна форма емитува силни позитивни вибрации. Ова особено важи ако Божеството е прикажано на начин на кој значително ја одразува својата вистинска форма. Сликата на Шри Кришна која беше користена во овој експеримент е еден таков пример.

4.2 Значењето на насоката во која се движи високот

Г-ѓа Гадгил откри и појасни дека движењето на високот во насока на стрелките на часовникот е показател дека предметот кој го испитуваме со висок емитува позитивност, додека спротивна насока на движење означува негативност. Предметот емитуваше силни позитивни вибрации. Затоа резултатот на г-ѓа Лола беше во согласност со позитивната природа на предметот, додека резултатот на г-ѓица Елизабет беше токму спротивното.

4.3 Причината поради која високот се движеше во спротивна насока на стрелките на часовникот кога го користеше г-ѓица Елизабет

Г-ѓа Гадгил ни објасни дека негативната енергија во лицето кое користи висок и кое има попречувања од негативна енергија, се бори со сликата на Божеството која емитува позитивни вибрации. Се бори на таков начин што емитува негативни вибрации во правец кон сликата. Тоа е причината зошто високот се движеше во спротивна насока на стрелките на часовникот кога го користеше г-ѓица Елизабет.

4.4 Причините зад различните субјективни искуства на г-ѓица Елзибает

  • Кога затворениот плик беше донесен пред мене, осетив како негативна енергија да се ослободува од мене – Кога г-ѓица Елизабет и се приближи на фотографијата од Шри Кришна за да го изведе експериментот со висок, силната негативна енергија од Пеколот (Мантрик) во неа, почна да се бори со позитивноста која произлегуваше од сликата така што почна да емитува негативна енергија. Во тој момент преовладуваше свеста на мантрикот, а нејзината свест се повлече во позадина. Мантрикот емитуваше негативна енергија, а таа осеќаше како да ја ослободува нејзиното тело.
  • Сакав да се тргнам подалеку од пликот – Всушност тоа беше мантрикот во г-ѓица Елизабет кој сакаше да се тргне подалеку од позитивноста која се емитуваше од сликата. Бидејќи мантрикот не можеше повеќе да ја толерира позитивноста која се емитуваше од сликата и губеше од својата црна енергија во борбата, тој сакаше да се тргне подалеку за да се заштити од понатамошен губиток на својата црна енергија.
  • Почнав да осеќам исцрпеност – Како што битката продолжи, така и црната енергија на мантрикот се трошеше и тој се осеќаше исцрпено. Г-ѓица Елизабет го осетила неговото чувство на исцрпеност, како свое.
  • Како што продолжив да го вртам високот, почнав да осеќам како од пликот ми доаѓа некоја позитивност – Благодарение на континуираниот контакт кој г-ѓа Елизабет го имаше со сликата на Шри Кришна преку високот, црната енергија на мантрикот во текот на борбата се исцрпуваше се повеќе и повеќе. Како резултат тоа, обвивката од црна енергија околу неа се намали и таа до одреден степен можеше да ја осети позитивноста која се емитуваше од затворениот коверт.
  • Потоа осетив дека добивам добра енергија од него и ми беше подобро – Кога обвивката од црна енергија околу г-ѓица Елизабет значително се намали, мантрикот беше изложен на позитивна енергија. Со цел да се заштити од нападот на позитивната енергија, тој се повлече и дојде до израз нејзината свест. Тогаш таа појасно можеше да ја согледа позитивната енергија која се емитуваше од сликата на Шри Кришна. Откако ја прими позитивната енергија од сликата, г-ѓица Елзибат се чувствуваше подобро.

5. Заклучок

Веројатноста за точни резултати со помош на висок е поголема, кога лицето кое користи висок нема попречувања од негативна енергија. Затоа состојбата на лицето кое користи висок, во однос на тоа дали има или нема попречувања од негативна енергија, е еден од клучните одлучувачки фактори во одредувањето на точноста на резултатите кои ги добиваме со користење на висок.

6. Клучни точки кои ги научивме од овој експеримент

6.1 Колку е важно дали лицето кое користи висок има или нема попречувања од негативните енергии

Во случај на лице кое користи висок а има попречувања од негативните енергии, голема е веројатноста негативниот ентитет да се вмеша и да предизвикува попречувања при процесот на мерење со помош на висок и да влијае на резултатот. Затоа ако сакаме да добиеме информација од процесот на мерење со помош на висок, важно е лицето кое користи висок да нема попречувања од негативните енергии.

6.2 Значењето на способноста за суптилна анализа

Со помош на петте сетила, умот и интелектот, не можеме да утврдиме дали лицето кое користи висок има попречувања од негативните енергии. Тоа може да се утврди со помош на суптилна анализа и користење на знаење за духовната димензија.

6.3 Значењето на духовна пракса

  • Обавувањето духовна пракса според шесте основни принципи на духовна пракса ни помага во развивањето на нашето шесто сетило, овозможувајќи ни да правиме суптилни анализи со користење на суптилно знаење. Само тогаш можеме сами да одлучиме дали лицето кое користи висок е под влијание на негативна енергија. Ако трагачот кој обавува духовна пракса развие вера, дури иако тој нема развиено шесто сетило, Бог ќе го одведе до вистинското лице кое работи со висок.
  • Од гледна точка на лицето кое прави мерења со помош на висок, обавувањето духовна пракса според шесте основни принципи на духовна пракса ќе ја зголеми точноста на неговите резултати. Покрај тоа, ќе добијат и одредена заштита од предметите, лицата и местата кои емитуваат негативна енергија, со кои би можеле да дојдат во контакт во текот на процесот со користење висок.

6.4 Значењето на сликата на Шри Кришна како средство за духовно исцелување

Овој експеримент откри дека позитивната енергија во сликата на Шри Кришна се бореше против негативната енергија на мантрикот кој и предизвикува попречувања на г-ѓица Елзиабет, на тој начин намалувајќи ја неговата црна енергија. Поголемиот дел од проблемите во нашите животи, од различни физички и психички болести до брачни и финансиски проблеми, настануваат поради црната енергија на негативните енергии. Затоа контактот со сликите на Божествата како што е Шри Кришна, кои ја намалуваат црната енергија на мантрикот, е добра мерка за духовно исцелување. Со постојаното носење на такви слики од Божества во нашиот паричник или медалјон и слично, можеме да осигураме континуирана придобивка на духовно исцелување. Придобивката повеќекратно се зголемува ако имаме вера во средството за духовно исцелување.

Нашето одделение за знаење за духовната димензија направи суптилна анализа на отчитувања од сите експерименти. Нивната суптилна анализа покажа дека две исти мерења со некоја опрема можат да имаат дијаметрално различни резултати. Меѓутоа, модерната наука ги толкува сличните мерења како слични настани. Од оваа перспектива, одделението за истражувања засновани на духовната наука ги објасни ограничувањата на научната опрема во истражувањата и нивната улога во секојдневниот живот каде се користи опрема за дијагностика. Прочитајте повеќе за тоа во нашиот напис – Коментар на ограничената опрема која се користи во модерните истражувања